Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ТРАНСАКЦИЈА НА ВЕКОТ – КУПИЛЕ НИВА ЗА 1.000 ЕВРА, ЈА ПРОДАЛЕ ЗА 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА

November 16, 2021 Filed Under: Македонија

Добар познавач на теренските изведби на ЕВН бил поттикнат да купи нива каде ќе се гради фотоволтаична централа. За тоа дал илјада евра. Не залудно – нивата му ја откупила ЕВН за 1,5 милион евра. Пред локалните избори. А дали парите завршиле во бисагите на „најнационалната“ партија ќе покаже истрагата…

НИВА КАКО РУДНИК НА ЗЛАТО Системот купи – продај со разлика 1:800

Од Кабинетот на вицепремиерот Љупчо Николовски за ТВ21, во однос на последниот упад на финансиската полиција во домот на пратеникот Јован Јаулески, посочија дека минатиот месец до нив пристигнало пријава од општина Делчево за сомнителен пренос на недвижен имот.

„Се работи за препородавање на земјиште преку сомнителни трансакции на парични средства помеѓу ЕВН ЕЛЕКТРАНИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје и повеќе физички лица. Претставката беше детално разгледена, при доставените материјали укажуваа на постоење на индиции за незконитости и проневери во милионски суми од организирани групи. Со цел понатамошно постапување целокупниот материјал што пристигна до мојот кабинет беше веднаш доставен до надлежните институции во случајов до Управата за финанска полиција. Борбата против корупцијата и криминалот е процес што бара максимална вклученост и координараност со сите надлежни институции, очекувам ефисна истрага и брза разрешница на случајот“, велат од Кабинетот на вицепремиерот за ТВ21.

Кавноста веќе знае за препродажба на нива во Делчево, на која требало да се постават фотоволтаици на ЕВН. Управата за финансиска полиција, која утринава изврши претрес во домот на таткото на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески.

Како што се дознава фамозната нива била купена за цена од половина евро за квадрат, од страна неколку физички лица, кои пак потоа наводно ја продале на ЕВН за неверојатни 400 евра по квадрат. Според објавеното во аферата се вмешани висок службеник вработен во ЕВН, син на градоначалник, како и близок соработник и пријател на политички лидер. Во случајот пак ЕВН, се појавува како оштетена странка. Од таму јавијан дека цените на обесштетување исплатени на сопсственикот/сопствениците се во рамки

ИМА ЛИ ЧОВЕКОТ АДРЕСА Јован Јаулевски бркаше лисица, му излезе – мечка

Но, освен наводната измама, истрагата, според нашите сознанија, допира и до нелегално финансирање на политичка партија за време на последните избори. Засега не ни е познато дали се обезбедени докази за нелегални трансакции кои ќе го потврдат овој сомнеж.

За ова и немаше да се знае ако случајјот не се објави како „упад“ во домот на пратеникот како форма на притисок пред гласање на доверба на Владата во Собранието на РСМ . Излезе дека упадот не е во домот на пратеникот, туку касј неговиот татко, истовремено со домови на други осомничени во други градови.

Појаснување за овој случај со официјално соопштение излегоа и од Управата за финансиска управа. Оттаму појаснија дека во координација со Основното јавно обвинителство Скопје врши проверки во рамки на предистражна постапка, а по претходно добиени сознанија за извршени сомнителните трансакции на парични средства помеѓу ЕВН ЕЛЕКТРАНИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје и повеќе физички лица.

НЕМА ПОЛИТИЧКИ МОТИВ Од Финансовата полиција велат дека само се држат до словото на законот

– Во рамките на предистражната постапка, а по претходно обезбедени наредби од надлежните судови, во текот на денешниот ден беше извршен претрес кај повеќе физички лица на територија на Град Скопје и Делчево, меѓу кои вработени лица во ЕВН ЕЛЕКТРАНИ ДООЕЛ Скопје и ЕВН МАКЕДОНИЈА АД Скопје, а со цел пронаоѓање на докази во насока на ефикасно водење на предистражната постапка и докажување на основите на сомнение за сторени кривични дела, се вели во соопштението.

Оттаму апелираа случајот да не се користи за партиски цели.

-Предистражната постапка се однесува на вработени лица во ЕВН ЕЛЕКТРАНИ MAKЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје и ЕВН МАКЕДОНИЈА АД Скопје. Ве молиме Управата за финансиска полиција да не се злоупотребува за политички цели, заклучуваат од Управата.

Filed Under: Македонија

ШТО СЕ’ СЕ КРИЕ ЗАД ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРНЕРСТВО СО БРИТАНЦИТЕ?
ПОЛИТИКА КОЈА НЕ Е ЗА ЕУ, ЗЕМА И АНТИЕВРОПСКИ КРЕДИТИ
СИ ЏИПИНГ: РУСИЈА Е НАШ ВАЗАЛ ОТСЕГА ПА НАТАМУ
КАНСКА КОНКЛАВА: БРАК ОД ЉУБОВ
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ (129): КРЕМЉ ЌЕ БИДЕ ОБЕСХРАБРЕН, САМО УКРАИНА Е ВООРУЖЕНА ДО ЗАБИ

Најново

  • ШТО СЕ’ СЕ КРИЕ ЗАД ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРНЕРСТВО СО БРИТАНЦИТЕ?
  • ПОЛИТИКА КОЈА НЕ Е ЗА ЕУ, ЗЕМА И АНТИЕВРОПСКИ КРЕДИТИ
  • СИ ЏИПИНГ: РУСИЈА Е НАШ ВАЗАЛ ОТСЕГА ПА НАТАМУ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet