Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПОСТОЈНИТЕ ТЕРМОЕЛЕКТРАНИ СО ФОТОВОЛТАИЧНИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА

October 5, 2021 Filed Under: Македонија

 ТЕЦ Осломеј треба да престане да работи со јаглен и ќе стане извор кој ќе се засновува на добивање на киловати од сончева енергија. Во исто време на протосот на РЕК Битола новата фотоволтаична централа ќе го заменува јагленот и со тоа – загаденоста на воздухот во тој регион

РЕК ОСЛОМЕЈ Тука се кажува збогум на јагленот

Државните електрани на земјава ќе земат заем од 25 милиони евра, со кои ќе се градат фотонапонски електрани, а за него ќе гарантира државата. Кредитот ќе го одобри Европската банка за обнова и развој, а за изградба земјава ќе добие и инвестициски грант од ЕУ од пет милиони евра.

Ќе се изградат две фотонапонски електрани, едната во Осломеј, а другата во Битола.Тие се дел од проектот на државната ЕСМ, чија главна цел е производството на струја во земјава, од термоелектарните – се повеќе да се насочува кон соларни фотоволтаици, за да се намалат штетните последици врз животната средина.

Во Собранието веќе стигна Предлог законот за гаранција на земјава на Договорот за заем, кој ќе се склучи меѓу ЕБОР и АД  ЕСМ во државна сопственост.

Првата фотоелектрана, Осломеј 2, ќе има инсталирана моќност од 10 мегавати, додека фотоелектраната Битола е предвидено да има инсталирана моќност од 20 мегавати. Проектот ќе го спроведува ЕСМ. Се тврди дека проектот ќе придонесе кон декарбонизација и создавање на портфолио од обновливи извори на енергија, како континуитет на фотоелектраната Осломеј 1, со моќност од 10 мегавати.

„Специфична цел на Проектот е намалување на јаглеродниот диоксид, емисиите на стакленички гасови и загадувањето на воздухот. Притоа, ќе се намали емисијата на CO2 за 39.000 тони, на годишно ниво. ФЕ Осломеј 2 од 10 мегавати ќе замени дел од постоечката ТЕЦ Осломеј, за која е предвидено да престане да работи. Воедно, набавката и поставувањето на ФЕ Битола со моќност од 20 мегавати ќе придонесе за намалување на производството на електрична енергија од постоечкиот РЕК Битола, и ќе биде прва инвестиција во соларна енергија во овој регион. Фотонапонската електрана Битола ќе претставува модел за декарбонизација и ги поттикне приватните инвеститори да вложуваат средства во одржлив развој и зелена економија“, се вели во наведените цели што треба да се постигнат со овој проект.

ПРОЕКТ Сончевата енергија се повеќе чќе се користи во земјава

Уште во ноември 2020 година, откако Владата донела таква одлука, Министерство за финансии и ЕСМ доставиле барање до ЕБОР за обезбедување на 25 милиони евра за финансирање на проектот. Тогаш во игра биле две опции, од кои едната била ЕБОР да го одобри заемот без државна гаранција, а втората со гаранција. Но, од Банката инсистирале сепак државата да гарантира за овој заем, односно го условиле неговото давање со државна гаранција.

Од власта се уверени и дека оваа инвестиција ќе придонесе за нови вработувања, што позитивно ќе влијае врз социјалниот аспект во овие два региони.

„Овој проект ќе придонесе за намалување на трошоците на ЕСМ за ископ на јаглен, како и помали трошоци на друштвото во однос на даноците, за испуштање на стакленички гасови од термоелектраните. Изградбата на двете фотонапонски електрани е планирана во околината на веќе постоечки термоелектрани, што ќе донесе финансиска корист, бидејќи ќе се користи постоечката патна и енергетска инфраструктура“, се вели во владиното образложение.

Во овој момент проценката е дека проектот за изградба на двете фотоелектрани ќе тежи 25 милиони евра. Проектот се планира да се финансира со заем од ЕБОР и инвестициски грант од ЕУ – ВБИФ. Инвестицискиот грант од пет милиони евра, кој е позитивно оценет, треба да биде одобрен во декември 2021 година. „Во зависност од висината на одобрениот грант, заемот од ЕБОР ќе изнесува меѓу 20 и 25 милиони евра“, навеле од Владата која е предлагач на законот за гаранција.

Во Законот стои дека „земјава го гарантира намирувањето на обврските и исполнувањето на одредбите од Договорот за заем кој ќе се склучи меѓу ЕБОР и ЕСМ, во износ до 25 милиони евра, доколку ЕСМ не ги исполнува и сервисира обврските од Договорот за заем“. Сите финансиски обврски кои произлегуваат од Договорот за заем, како и неговото сервисирање, ќе ги намирува ЕСМ, од приходите кои ги остварува.

Рокот за отплата на заемот е 12 години, со вклучен грејс период од две години. Отплатата ЕСМ ќе ја врши во 21 полугодишна рата, кои пристигнуваат за плаќање на 8 март и 8 септември секоја година. Каматната стапка е варијабилна и се состои од шестмесечен ЕУРИБОР зголемен за маргина од 1 отсто.

ЕСМ ќе и плати на ЕБОР и еднократна провизија во висина од 1 отсто од износот на заемот. На Банката нашите државни електрани ќе и плаќаат и провизија од 0,5 отсто, од неповлечениот дел од заемот на годишно ниво.

(Н.Н.Ф.  – фактор.мк/опремата е на Глобус)

Filed Under: Македонија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet