Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ТРЕНДАФИЛОВ: АКО ПРОДОЛЖАТ ДА НЕ ТУИРКААТ НА УЛИЦА – ЌЕ ИЗЛЕЗЕМЕ

September 3, 2025 Filed Under: Македонија

Претседателот на ССМ сепак се надева дека преку дијалог ќе има договор за зголемување на минималната плата

ТРЕНДАФИЛОВ Дури 167 илјади работници имаат примања под 39.999 денари

Со незголемувањето на минималната плата и неприфаќање на предлогот, директно оштетуваат 167 илјади работници во државата кои според УЈП се со примања под 30 илјади денари, вели Трендафилов

Борбата за зголемување на минималната плата, не е борба против Владата или за затворање на компаниите, туку е борба за егзистенција за работниците, вели претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов.

Во интервју за Канал 5, Трендафилов вели дека загрижува тоа што се уште нема договор за зголемување на минималната плата.

„Ако имате 510 илјади работници во државата, наспроти 60 илјади работодавачи, кои патем не сите имаат проблем со исплаќање на платата на работниците. Од таа гледна точка, сметаме дека со незголемувањето на минималната плата и неприфаќање на предлогот, директно оштетуваат 167 илјади работници во државата кои според УЈП се со примања под 30 илјади денари. Тоа е огромна бројка, една третина од вкупниот број работници во државата,“ вели Трендафилов.

Последното зголемување на минималната плата во 2022 година, нагласува Трендафилов, е извојувано на улица и во име на ССМ порачува – „не нѐ буткајте на улица, дајте да седнеме да се договориме“.

„Но, кога немате апсолутно никакво разбирање од спротивната страна, кога едните велат „договорете се вие со работодавачите“, а работодавачите ви велат „како да се договориме ние со вас“ – тоа е еден круг што е на штета на 167 илјади вработени во државата“ – вели првиот човек на ССМ.

Меѓу аргументите, Трендафилов ја посочи синдикалната кошница, која според пресметките на ССМ не може да се покрие со две минимални плати. Делот за храна и пијалаци за едно четиричлено домаќинство, додава тој, е еднаков на една минимална плата, и посочува дека минималната плата во Србија од октомври ќе изнесува 500 евра, во Црна Гора е 600 со 800 евра, додека во Босна и Херцеговина 511 евра.

Трендафилов ги искритикува и пратениците , бидејќи според него доколку тие навистина се грижат за работниците, може уште веднаш да донесат измени и дополнувања на Законот за минимална плата и тоа да се применува по завршување на локалните избори.

„Од почетокот на годината до сега сме одржале 14 протести и два штрајкови исклучиво за плати, не сме имуни на огранизирање на нови протести и штрајкови, тоа сме им го кажувале на сите власти до сега, и на претходната и на оваа влада, но се надеваме дека ќе наидеме на разбирање и преку дијалог ќе дојдеме до повисоки плати“ – рече Трендафилов.

„Ако продолжат да не туркаат на улица , ние ќе излеземе на улица, но работниците мора да разберат дека не може само три, пет или седум илјади луѓе колку што бевме на последниот протест за 1 мај да извојуваат зголемување на минималната плата“ – посочи тој.

Нема изговор за незголемување на платите, вели Трендафилов, но нагласува дека не може само три, пет или седум ијлади луѓе, колку што биле на последниот протест на 1 Мај да извојуваат зголемување на минималната плата.

– 160 илјади работници не знаеме што чекаат на овие седум илјади да се изборат за нив, или 509 илјади работници вкупно во државата да очекуваат дека 63 илјади членови на ССМ сами ќе се справат и со Владата и со работодавачите. Тоа се многу фронтови и поддршката е потребна од сите синдикати и од сите работодавачи, вели Трендафилов.

 

Filed Under: Македонија

ЗАПОЧНА СО ДИСТАНЦИРАЊЕ
ЕНЕРГЕТИКАТА ВО МАКЕДОНИЈА КАКО ГРЕШКА ВО ЧЕКОРИ
Воена парада во Кина: Путин, Ким Џонг Ун доаѓаат…
40 ГОДИНИ „БУШАВА АЗБУКА“: ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ СО МУРАЛ ВО ДЕБАР МААЛО
СOВРШЕНИ ЖРТВИ (1)

Најново

  • ЗАПОЧНА СО ДИСТАНЦИРАЊЕ
  • ЕНЕРГЕТИКАТА ВО МАКЕДОНИЈА КАКО ГРЕШКА ВО ЧЕКОРИ
  • Воена парада во Кина: Путин, Ким Џонг Ун доаѓаат…

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet