Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ТРЕНЧЕВСКА: ВМРО ГИ ИЗЛАЖА ПЕНЗИОНЕРИТЕ

September 11, 2026 Filed Under: Македонија

Партијата на власт и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

ТРЕНЧЕВСКА Најпрвин власта го стави настрана законскиот модел за усогласување на пензиите

ВМРО ги излажа пензионерите и во време на економска криза не донесе ниту една конкретна мерка за да им помогне, обвини потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, во гостување во емисијата „Тема на денот“ на Сител.

Тренчевска посочи дека власта најпрво го стави на страна законскиот модел на процентуално усогласување и воведе линеарни зголемувања од по 1.000 денари, иако СДСМ укажуваше дека пензиите треба да се усогласуваат согласно законската методологија. Сега, пак, власта се враќа на процентуалното усогласување, односно на моделот за кој СДСМ цело време инсистираше да се почитува.

Таа посочи дека во период кога пензионерите се соочуваат со зголемени трошоци за живот, повисоки цени на основните прехранбени производи, повисоки сметки за електрична енергија, парно и останати режиски трошоци, власта не презеде ниту една мерка за заштита на најранливите граѓани, меѓу кои и пензионерите со најниски пензии.

„Наназад неколку месеци имаме криза, имаме покачување на цените на основните прехранбени производи, покачување на струја, на парно, на сите режиски трошоци. Во тој период ниту еднаш не донесете мерка за да ги заштитите најранливите, вклучително и пензионерите со ниска пензија“, истакна Тренчевска.

Таа порача дека токму во вакви услови, наместо конкретна помош и заштита на стандардот на пензионерите, власта продолжува со политички мотивирани одлуки и манипулации околу пензискиот систем.

„Ако однапред знаете дека одредена одлука што ќе ја донесете е противуставна и тоа го правите не еднаш, туку четири пати, а потоа велите дека за да ги заштитите пензионерите ќе одите на процентуално усогласување, тоа е навистина голема манипулација со пензионерите и нивно искористување за политички цели“, истакна Тренчевска.

Тренчевска посочи дека власта требаше навреме да го почитува постоечкиот закон и методологијата за усогласување на пензиите, наместо претходните усогласувања да ги прави линеарно, а потоа повторно да се враќа на законскиот модел.

„Треба да се почитува законот кој што постои, треба да се почитува Уставот. Меѓутоа, тоа требаше да го направат и претходно, во март 2026, и во септември 2025, кога и процентите би биле поголеми од она што е сега“, рече Тренчевска.

Тренчевска нагласи дека тоа што се случува со пензискиот систем и политиките кон пензионерите во изминатите две години е уште една потврда за неуспешните политики на ВМРО.

„Односот на власта кон пензионерите е политички мотивиран и манипулативен, особено имајќи предвид дека пензијата е економска, а не социјална категорија. Пензионерите не смеат да бидат средство за дневно-политички цели, туку заслужуваат предвидлив систем, почитување на законите и конкретни мерки што ќе го заштитат нивниот животен стандард“, рече Тренчевска.

Filed Under: Македонија

ПОДМОЛНА МАНИПУЛАЦИЈА СО ДАТА ЦЕНТРИТЕ
КОСТАДИНОВСКИ ВОЗВРАТИ СО ДОМАШЕН „ФОЛКЛОР“ НА БРУКАТА ОД СТРАЗБУР
МAРИН ЛЕ ПЕН ПРЕД ТЕЖОК ИЗБОР: ВЕТУВАЊАТА ШТО И НОСАТ ГЛАСОВИ ГО ПЛАШАТ ДЕЛОВНИОТ СВЕТ
СЛОБОДАН ШНАЈДЕР, ПИСАТЕЛ: ПОДОБРО МИСЛАМ ЗА ТИТО ДЕНЕС ОТКОЛКУ ТОГАШ
МРАЧНОТО ДОБА И ФИЛМОВИТЕ НА БЕЛИТЕ ТЕЛЕФОНИ

Најново

  • ПОДМОЛНА МАНИПУЛАЦИЈА СО ДАТА ЦЕНТРИТЕ
  • КОСТАДИНОВСКИ ВОЗВРАТИ СО ДОМАШЕН „ФОЛКЛОР“ НА БРУКАТА ОД СТРАЗБУР
  • МAРИН ЛЕ ПЕН ПРЕД ТЕЖОК ИЗБОР: ВЕТУВАЊАТА ШТО И НОСАТ ГЛАСОВИ ГО ПЛАШАТ ДЕЛОВНИОТ СВЕТ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet