Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ТРЕНЧЕВСКА: КОЛЕГИТЕ ОД МНОЗИНСТВОТО СЕ ОХРАБРЕНИ ОД НИВНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ДА ЈА НАВРЕДУВААТ ОПОЗИЦИЈАТА

July 22, 2026 Filed Under: Македонија

Пратеничката на опозицискиот СДСМ реагира на изјавата на пратеничката на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска, која на комисиска расправа во Собранието ѝ упати навредлив коментар

ТРЕНЧЕВСКА Собранието на Македонија не е веќе храм на демократијата

Пред една недела во Собранието имаше бурна расправа по повод дискусијата за промените во Владата а во сенка на неуспешниот обид на кабинетот на премиерот Мицкоски да протури нова верзија на Изборниот закон. Бурно беше во саата ама и надвор од неа, во Клубот на пратениците каде новоизбраниот министер за локална самоуправа грубо навреди неколку свои колеги од опозицијата.

Во фискусијата во салата Петкоска, обраќајќи ѝ се на Тренчевска, рече дека скокала како кокошка, што предизвика бурни реакции кај присутните на расправата.

„Само два аргументи за колешката Јованка Тренчевска, која скокаше тука како кокошка …“ – беше изречената реченица на пратеничката на ВМРО ДПМНЕ од Охридч. Тренчевска, пак, на својот фејсбук-профил објави видео од обраќањето на Петкоска, посочувајќи дека навредливиот коментар претставува непристојно однесување недолично за Собранието, како храм на демократијата. „Во недостиг на аргументи се служиш со агресија и навреди. Непристојно однесување за храмот на демократијата“, напиша пратеничката на СДСМ во реакцијата на Фејсбук.

По ваквиот развој на настаните, дел од пратениците потсетија дека пред само неколку дена го потпишале Кодексот на однесување на пратениците во Собранието, кој има за цел да придонесе за поголема култура и почит во парламентарната комуникација.

Тренчевска во мнатиот четврток во гостување на ТВ Сител, одговарајќи на новинарско прашање за навредите во Собранието, од кои и самата била дел, оцени дека ваквата комуникација составена од навреди и понижувања не доликува на храмот на демократијата, односно на Собранието.

„Во изминатиот период од премиерот гледаме изјави и навреди кон мои колеги и кон претседателот на СДСМ и кон пратениците. Очигледно колегите од мнозинство се охрабрени од својот претседател и ги продолжуваат навредите кон нас од опозицијата. Најтрагично е што неодамна го потпишавме и го промовиравме Етичкиот кодекс кој децидно забранува вакво однесување“, рече пратеничката. Ова не е првпат во Собранието за време на расправите пратениците да си упатуваат навреди.

Во понеделникот од пратеничката група на СДСМ соопштија дека кандидатот за министер за локална самоуправа Иван Стоилковиќ за време на расправата за предлогот за реконструкција на Владата упатил навреди кон двајца нивни пратеници, Фатмир Битиќи и Митко Трајчулески. Дополнително, координаторот Оливер Спасовски рече дека е доволно да се видат двете реплики на премиерот Христијан Мицкоски, кој, како што додаде, им се обраќа на пратениците нарекувајќи ги „мизогени“ и „палири“. Упати критики и до собранискиот спикер Африм Гаши поради неговото молчење и отсуство на реакција на случувањата во законодавниот дом.

Потоа во знак на револт, поради тоа што не добија извинување од кандидатот за министер Иван Стоилковиќ, пратениците на СДСМ, Демократската унија за интеграција (ДУИ) и Алијансата за Албанците ја напуштија седницата на која требаше да се изберат новите предлози за министри.

На крајот од расправата, премиерот Христијан Мицкоски упати извинување за, како што рече, денешните случувањата во Собранието и изрази надеж дека такви настани нема да се повторат.

ЛИДИЈА ПЕТКОСКА Пратеничка која само го следи она што го вокабуларот на својот претседател

„Како претседател на Владата, сакам да ви се извинам на вам, на пратениците и на граѓаните, што денеска бевме сведоци на овие настани и се надевам дека тоа никогаш повеќе нема да ни се повтори“,рече тој.

Јавностасекако малку знае која е пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ што направи „кокошарник“ од Собранието? Петкоска е пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид и има и факултетска диплома за туризам и угостителство.

Петкоска во анкетниот лист како пратеник во мандатот 2024/2028 година пријавила имот од 254.926 илјади евра. Во анкетниот лист забележан на 04.08.2024 година  на име на брачен другар пријавила куќа и земјиште во Охрид, стекнати со наследство и договор за купопродажба, како и куќа во Рамне, стекната со договор за купопродажба. Нејзиниот брачен другар поседува и имот во Албанија, стан од 40м2, стекнат во  2008 година со договор за купопродажба.

Во анкетниот лист пријавила и возен парк од дури пет возила. Едно на свое име,  „Фолксваген пасат“ од 2013 година, џип  „Туран“ и „Цитроен берлинго“ на име на брачен другар, како и на име на деца, два мопеди, сите стекнати со договор за купопродажба. На име на брачен другар е пријавена камп приколка, лозје и шума. На име на брачен другар е пријавен и приход врз основ на самостојна дејност од Викендица Петкоски и фирма ДООЕЛ „Рино Макс“.

Инаку, координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната пленарна седница повторно апелираше пратениците да се однесуваат достоинствено и со дигнитет, бидејќи, ако продолжи наративот на навреди, можно е повторно во Собранието да има немили настани.

„Мислам дека однесувањето на пратеници, посебно тие од власта не оди во добра насока. Бевме сведоци на седницата во средата на сите навреди и се што се случуваше и на вонредните конфренции и координации. Мислам дека сосема погрешно ќе биде ако се продолжи со тој наратив. Пратеничката Јована вчера на комисиска расправа беше навредена од пратеничката Лидија Петковска. Не се повикувам на кодексот, туку на човечкото однесување. Сите лоши настани во Собрание се случиле како дел од еден ваков наратив. Никому не му е потребно тоа, најмалку на Гаши, да се случат инциденти, особемо по вакви ниски говори, говори на омраза. Не знам што и се случува на Македонија. Гаши мора да покаже дека односот во Собранието треба прво да го засегне него и да застане во одбрана на пратеницит“, рече Спасовски.

Со констатацијата на Спасовски се согласи потпретседателката на Собранието Весна Бендевска која претседава со седницата.

„Целосно се согласувам со вашиот повик, сите сме повикани да го зачуваме дигнитетот на пратениците и за ова треба најотворено да разговараме“, рече Бендевска.

За истиот настан уште вчера реагираше и Моника Зајкова од ЛДП.

„Не, вака НЕ се настапува во претставничкиот дом на народот. Ова е дно! Омраза, навреди, следно што е, насилство??? Ова мора да престане, аман!“, напиша таа на социјалните мрежи објавувајќи го видеото со пратеничката што употреби уличен вокабулар и која покажа дека нема дно што нема да се истолерира во оваа партија.

Filed Under: Македонија

ЗАШТИТА НА ВОДИТЕ: ФЕКАЛИИ, СЕПТИЧКИ ЈАМИ И ПЕСТИЦИДИ
АНАЛИЗА: РЕфОРМАТА НА ПЕНЗИСКИОТ СИСТЕМ , КОЈ ЌЕ ГО ПЛАТИ „ЦЕХОТ“?
ПОДБИВНАТА ПТИЦА НА КРИЗАТА
ЗАМИНА АКТЕРКАТА СО ТАЖНА ЖИВОТНА ПРИКАЗНА
ШТО ПОКАЖА САМИТОТ НА НАТО ВО АНКАРА: КОМИЧАРИ ВО РИЗИЧЕН ТАНЦ

Најново

  • ЗАШТИТА НА ВОДИТЕ: ФЕКАЛИИ, СЕПТИЧКИ ЈАМИ И ПЕСТИЦИДИ
  • АНАЛИЗА: РЕфОРМАТА НА ПЕНЗИСКИОТ СИСТЕМ , КОЈ ЌЕ ГО ПЛАТИ „ЦЕХОТ“?
  • ПОДБИВНАТА ПТИЦА НА КРИЗАТА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet