Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ТРЕНЧЕВСКА: РАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ СЕ3 СЕКОГАШ ВО НАШИОТ ФОКУС

August 8, 2022 Filed Under: Македонија

Од крајот на септември пензионерите ќе добијат нови пензии, соглсно на нови измени на соодветниот Закон. Тие ќе бидат зголемени за 7 до 10 отсто. Се градат нови градинки – Со правилен детски развој во установи ќе биде опфатена половина од дегтската поипулација! Што значи проектот „Bebbo“?

ЈОВАНА ТРЕНЧЕВСКА Брзи ефекти од законските измени за исплата на пензиите

Меѓу првите задачи кога дојдов како министерка беше измената на Законот за пензиско и инвалидско осигурување со кој што се регулирани пенизиите. Заедно со Сојузот на здруженијата на пензионери и Партијата на пензионери во Република Северна Македонија, преку социјален дијалог, дојдовме до измени на законот со цел подобрување на животот и статусот на пензионерите во нашата држава.

Со новата Методологија за постојан раст на пензиите се опфатени 330 000 пензионери, која што овозможува пензијата да се усогласува 2 пати годишно согласно 50% од порастот на трошоците за живот и 50% од порастот на просечната плата. Таа истакна дека ефектите од измените од законот за пензиско осигурување, пензионерите ќе ги воочат на крајот од септември каде ќе добијат од 7 до 10 проценти повисока пензија од моменталната.

Нашата цел до крајот на овој мандат е и да достигнеме до 50% вклученост на децата во детските градинки. Во моментот постојат 81 јавна установа за деца  кои што ги финансира државата и 41 приватна детска градинка. Од 2017 година до денеска имаме изградено 71 нов објект за вклучување на децата во предучилишното образование од кои 13 се нови правни лица од општини каде што не постоеле воопшто градинки односно во руралните средини..Најголема е листата на чекање на децата во Скопје и затоа општините на Град Скопје треба да доставуваат проекти за да може Министерството за труд и социјална политика да го финансира градењето на градинките како и платите на вработените. Тренчевска посочи дека до крајот на 2022 година ќе бидат отворени нови 13 објекти кои што се веќе во завршна фаза.

ГРИЖА За нецели пет години новата власт изгради 71 градинка – доказ за големата грижа за детскиот развој

Во насока на темата правилен детски развој е и новата апликација „Bebbo“ која како што истакна Тренчевска тоа е апликација воспоставена заедно со Министерството за здравство и Министерството за образование и служи за насочување на родителите и стручниот кадар во градинките за позитивни практики со децата од 0 до 6 години. Апликацијата содржи одговори на многу прашања со проверени информации за родителите. Може да се следи вакцинацијата и здарвствените прегледи на децата. Симнувањето на апликацијата е бесплатно додека за нејзиното користење не е потребен интернет.

Filed Under: Македонија

СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ: ОДИМЕ КОН ДРЖАВИ КОИ НЕ СЕ ДЕМОКРАТСКИ
ДИРЕКТОРОТ НА ФЗО СМЕТА ДЕКА НИЕ БАРАМЕ ЗДРАВСТВО КАКО ДА ИМАМЕ ШВЕДСКИ БУЏЕТ – ЗНАЧИ ЛИ ТОА ПОКАЖУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСОТ ЗА ЗДРАВСТВО?
ДАЛИ МИЦКОСКИ СЕ СОГЛАСУВА СО ОРБАН ДЕКА БРИСЕЛ Е НЕПРИЈАТЕЛ?
(НE)ОЧЕКУВАНО СЦЕНАРИО
ПСИХОЛОГИЈАТА И ВОСПИТУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА: КАКО ДА БИДЕТЕ ВИСОКО ЧУВСТВИТЕЛЕН РОДИТЕЛ

Најново

  • СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ: ОДИМЕ КОН ДРЖАВИ КОИ НЕ СЕ ДЕМОКРАТСКИ
  • ДИРЕКТОРОТ НА ФЗО СМЕТА ДЕКА НИЕ БАРАМЕ ЗДРАВСТВО КАКО ДА ИМАМЕ ШВЕДСКИ БУЏЕТ – ЗНАЧИ ЛИ ТОА ПОКАЖУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСОТ ЗА ЗДРАВСТВО?
  • ДАЛИ МИЦКОСКИ СЕ СОГЛАСУВА СО ОРБАН ДЕКА БРИСЕЛ Е НЕПРИЈАТЕЛ?

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet