Разумниот дел од земјава секој викенд трепери – што ќе биде сега? Дилемите ретко се разрешуваат. Се трупаат и народот оди по понтонско, нестабилно мовче кое трепери над надојдената река. И тоа онака испрскан од авион, настан во кој верува половина население
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Три работи треба да се случат во недела, на 12 декември. СДСМ треба да одржи вонреден Конгрес за избор на нов претседател, откако постојниот лидер Заев најави оставка, што веќе беше дискутирана на телата на партијата. До последниот петок беше рокот за пријавување на кандидати (верификувани се тројца), додека до неделата беше пријавување на оние кои би гласале на претседател од пријавените.кандидати.
ПРЕСОТ СО МОЛК ДУВА ВО ГРБОТ НА МИЦКОВСКИ ВМРО ДПМНЕ во атмосфера на очекувано сојузништво од сите медиуми (ами како!) ќе одржи Конгрес на кој треба да се избере старо – новиот претседател. Молччењето треба да обезбеди раат избори, без никакво бранување. Дури има и лутина кај Мицковски зошто собирот кај политичката конкуренција се прави во ист ден. Причината секако лежи во фактот што може да се прават некакви паралел меѓу еден демократски процес на избор и еден друг, својствен на традицијата на партиски диктатури. Не дека медиумите ќе го нагласуваат тоа (можеа и до сега ама се е дел од гранската „омерта“ за небавење со изборот на Мицковски а сите сили одново и идново да бидат завртени кон Заев дури и кога тој си заминува!?
Третиот настан е секако протестот на ССМ, кој несомнено е „токму избран“ и чија острица, како и да речат синдикалците, ќе биде завртена кон Владата. Малку и тие да досолат во вакви моменти. Кога не направија колона во време кога Власта им ги покриваше платите на нивните членови, како благодарност и поддршка, ќе прават сега, протест, кога нивните газди треба да плаќаат од нивното чекмеџе. Но, добро, доколку не ги пополнуваат своите редови со партиски активисти (што секако ќе се случи) ние ќе имаме практично две и пол маниофестации.
Овој пат изборот во СДСМ е официјално сведен на Фросина Ременски, Димитар Ковачевски и Јован Деспотовски,. Тие покажаа амбиции да го водат СДСМ во следните четири години. По некои информации изразито е слаб интересот кај членството за гласање – активистите одбегнуваат да гласаат, сакајќи да остане досегашниот шеф на партијата, сметајќи дека неизјаснувањето е притисок пред се до него да се отргне од прераната „пензија“. Со оглед на забрефтаноста на телефоните во социјал-демократските штабови нема шанси да се добие онаа излезност при последното вакво гласање (се чини беше 70.000 партиски гласови).
Амбициите на овите кандидати за шефовското место во СДСМ серкако произлегуваат од тоа што тие навидум имаат поголеми можности, односно немаат противкандидат кој влегува со силна предност. Згорас овие избори може да значат „две во едно“ – да се седне во мандатарската столица на Владата.
ДЕНЕС Е ЛЕСНО ДА СЕ КАНДИДИРАШ Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу од Асоцијацијата за демократски иницијави АДИ го повтори ова сознание за РСЕ – постои терен за меѓусебен натопревар. Би додале особено ако очевидната пристрасност на Заев кон кандидатот Ковачевски, заменикот министер за финансии нема да биде следено ако неговите најголеми „фанови“ одбијат да гласааат?!
Да се потсетиме дека прва кандидатура поднесе поранешната потпретседателка на СДСМ и поранешна техничка министерка за труд и социјала Фросина Ременски. Таа има и пратенички стаж, а партијата не ја кандидира на ланските избори. Нашите читатели се свесни за нејзината бременита позиција – таа е обвинета во случајот Меѓународен сојуз. Според обвинението таа со својот углед и авторитет го поддржувала првообвинетиот Бојан Јовановски -Боки 13 на средби со оштетените бизнисмени. Тие наводно поверувале во вистинитоста на неговите понуди заради тоа што добиле „жирант“ преку присуството на Ременски во целата ситуација, па потоа се чувствувале – измамени и оштетени. Судскиот процес предолго трае – како за сите сериозни случаи а ако веќе завршеше, ќе се знаеше и целосно јасна стартната позиција на кандидатката. Ременски
Димитар Ковачевски условно се смета за избор на досегашниот лидер Зоран Заев, кој и на преговорите со Алтернатива за влегување во владата доаѓа со него. Ковачевски иако е долги години е во партијата, досега не беше дел од јавноста. Неговото истакнување на партиската книшка не не оддалечува од сознанието дека тој не се експонираше многу во јавноста, па оттаму изборот на Заев, што да порекнувамме – беше изненадување.
Но, погледнете во биографијата, во одделот студирање (постдипломско) во странство. Тоа му ги дава придобивките на што треба да се внимава кога се во прашање „нашите Американци“. Отприлика – не знаеме како ќе ја средува партијата ама за раководење со земјата веројатно ќе има цврсти гаранции однадвор. Тоа значи додека размислуваме за првото скалило кај изборите Ковачевски е веќе на второто! Со оградување дека се уште не ја знаеме бројката на оние сдсм-овци кои се јавиле за гласање.
Кандидатот Деспотовски исто така одамна е присутен на политичката сцена, а од некои медиуми потсетуваат дека од страна на ВМРО-ДПМНЕ од порано му е доделен епитетот „најблизок соработник на Радмила Шекеринска“, која пак во пшоследно време навистина престана да го користи својот авторитет во партиските борби (па и Шилегов е нејзин избор ама не видовме, нели, како цврсто го турка кон целта).
Дали можеме да говориме за вакви детали кога е во прашање Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ,закажан како изборнеи исто така за 12 декември. Нема драматизација по „секнувањето“ на Мериот коалицијата, откако избеганиот па вратен брартучед Мијалков седи во Шуто Оризари. И другите, посебно индивидуалните опозициони погледи кон водството гив нема а го нема и францускиот амбасадор од претходните години кој малку погласно ги убедуваше некои од тие индивидуаи да не „брануваат“ во пресрет на било какви избори во оваа партија. Ова карање беше прегкласнио за да не го сврте вниманието на присутните во една многу посетена кафеана во центарот на Скопје Некои колеги веќе констатираа дека тие сега се „вовлекуваат“ кај Мицкопвски. Тој пак ја плати последната рата кон Будимпешта пред изборот со враќањето на цела гарнитура на поранешни соработници на Груевски (како што е кам бекот на Зоран Ставревски).
Така Мицкоски од лидер кому столчето постојано му се нишаше, сега ужива во еден спокоен викенд пред викенд, дури и после срамниот пораз во собирање на антивладина коалиција?! Но за секоја грешка на лидерот од Шампитата има стотина оправдувања.
Тој затоа си го троши денот во постојани критики. Веднаш залепувани на малите екрани тие се однесуваат на Зоран Заев. Независно од вкупниот амбиент и објективните стравови на народецот за многу реални опаности кои ни висат над главата. Всуѓност ние сме земја во која и покрај проблемите луѓето се „накиснати“ од прскања во авион, децата им пеат „Жена од султана“ а само лидерот на опозицијата е раат иако му доаѓаат избори во недела. И тоа нецел месец откако ја направи последната од многуте утки во мандатот: погрешно ги преброи приврзениците во Парламентот за да предизвика оставка на Владата! Ама навистина – ние сме целосно паднати на теме.