Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ТРЕТАТА ВЛАСТ ПОД ПОСТОЈАНИ УДАРИ ПО ИЗБОРОТ НА НОВИОТ РЕПУБЛИЧКИ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ

April 8, 2026 Filed Under: Македонија

Фатиме Фетаи на прослава во Обвинителството го „разобличи“ Советот на јавни обвинители за тоа како избира кадри за повисоки функции. Обвинителката Ристеска поднесе отставка по одземањето на предметите од највисокц корупција која таа ги вбодеше и ова целосно ја разбранува јавноста. Зошто жали судијката Кацарска?

ФЕТАИ Им ја расипа „забавата“ на своите колеги

Обвинителката во Вишото јавно обвинителство Скопје, Фатиме Фетаи која се пријави на конкурсот да го води ова обвинителство, но не доби поддршка, бидејќи, најголем дел од членовите беа „воздржани“, на неоддамнешната прослава во Јавното обвинителство по повод Денот на правосудството го „разобличи“ гласањето на заменик-претседателката на Советот на јавни обвинители, Марјана Илиеска.

Илиеска на интервјуто ја фалела Фетаи дека имала најдобро интервју, а потоа гласала „против“ неа.

-Г-ѓа Илиеска, ќе се согласите со мене дека вашиот коментар, лично ваш, по однос на интервјуто дента кога бевме во Советот на јавните обвинители е дека сум била најдобриот кандидат којшто бил на интервјуто и единствен којшто вреди да се гласа. Од медиумите разбрав дека сте биле против. Во ред! Но, образложете – праша обвинителката Фатиме Фетаи.

Илиеска не одговори директно, се повика на новиот Закон за Советот за јавни обвинители, кој според неа ќе содржел прецизни критериуми за избор. На последната седница Советот на јавни обвинители не избра раководител на Вишото обвинителство бидејќи никој од кандидатите не доби мнозинство гласови.

Многу поглема луња во земјава предизвика отставката на обвинителката Ленче Ристеска која веќе три пати беше сопрена во нејзината работа од актуелната власт. Истата онаа која водеше многу чусвителни постапки од огромен „калибар“ токму против оваа власт, која со разни триков и успеваше да ги одложува предметите а во кои, пред се работеше за имотот на партијата, како што е Палатата Татарчев: со оглед на методите на оваа партија и каактерните особини на нејзините лидери беше за очекување откако првата обвинителка на СЈО претходно наседна на корупција од најнизок вид. Јасно, двете обвинителки по кои ова обвинителство и стана омилено во народот – Фатиме Фета и Ленче Ристовска бе следните на мета.

Обвинителката Ленче Ристоска минатата недела си поднесе одставка од обвинителката позиција, а како што може да се забележи од нејзината изјава, поради голема разочараност од состојбата во која се наоѓа Обвинителството.

Ја пренесуваме изјавата на обвинителката во целост:

-Јавнообвинителската функција секогаш сум ја поимала како позив и можност за придонес кон подобрување на системот, општеството и пред сè животот на граѓаните. Затоа во текот на мојата кариера особен предизвик ми претставуваше работата на случаи кои најдиректно влијаат врз дерогирањето на општествените вредности и принципи.

ОГРОМНА ПОДДРШКА ОД ДЕМОКРАТСКАТА ЈАВНОСТ Ристеска им нанесе силен удар на промоторите на реституцијата на правниот систем

Работењето на високопрофилни случаи создава и високопрофилни непријатели – такви кои ги користат своите моќ, влијание и конекции за да избегнат одговорност и да ве оттргнат од вашата намера. Тоа подразбираше опструкции на различни нивоа, институционални и лични. Низ годините бевте сведоци на многу од тие случувања: влијание врз сведоци, вршење притисоци, менување на законски решенија, чување предмети во фиока и застарување на предмети. Сето тоа не ме спречи да опстојам во моите заложби, па јавно ги критикував состојбите во правосудството без оглед на општествено-политичкиот контекст и без калкулации за последиците по мојата кариера.

Сите тие напори сакав да ги заокружам од раководна позиција преку мојата кандидатура за државен јавен обвинител, со јасна визија, акумулирано знаење и изградена отпорност спрема влијанија и притисоци. Верував дека е дојдено времето за институција чија водилка ќе биде јавниот интерес, борбата против корупцијата и криминалот и заштитата на правата на граѓаните.

Оваа недела Советот на јавни обвинители ја отфрли мојата претставка за напад врз мојот интегритет и самостојност, а државниот јавен обвинител донесе одлука за повлекување на овластувањата за застапување во клучни предмети во завршна фаза. Сметам дека овие одлуки сериозно ја ослабуваат позицијата на јавното обвинителство и носат конкретни ризици за исходот на предмети кои таргетираат висока корупција и криминал.

Овие постапки се во директна спротивност со визијата за која се залагам, а тоа е обвинителство кое работи надвор од политички влијанија, ги штити своите професионалци и го брани јавниот интерес доследно и без селекција.
Бидејќи не гледам простор за работа во согласност со тие принципи, денес поднесов оставка од функцијата јавен обвинител. Искрена благодарност на сите кои ја препознаа и поддржаа мојата посветеност и борба, вели Ристоска.

Издвојуваме неколку реакции на оваа оставка кај проверени експерти од оваа област.

Професорот од Правниот факултет Денис Прешова за оставката на Ристоска вели дека ова е пораз на системот – ваква одлука е изнудена

Поднесувањето оставка од професија во која е вложен значителен труд и време е една од најтешките животни одлуки, која најчесто е резултат на притисок и чувство на безнадежност, оценува во својата реакција професорот на Правниот факултет, Денис Прешова, за повлекувањето на Ленче Ристоска од Обвинителството, кое силно одекна во јавноста.

Според него, во вакви околности „човек е поставен помеѓу тоа да се откаже од сето вложено, љубовта кон професијата, или да остане чист пред себе и едноставно да се повлече со цел да си го зачува достоинството и интегритетот одбивајќи да биде претопен во сивилото“, вели Прешова.

Тој додава дека ваквата одлука не зборува само за личноста што се повлекува, туку уште повеќе за системот кој довел до таков исход: „И ова колку што говори за личноста која се повлекува и ја поднесува оставката, можеби повеќе говори за системот кој на вакво нешто ја натерал и кој не дозволува двете да бидат помирени“.

Професорот е критичен и кон функционирањето на институциите: „Во систем кој се ‘колне’ во самостојност и автономија, особено кога треба да се бараат пари, а нема да се најде ниту еден јавно да реагира на сите случувања… не можете ништо друго да очекувате освен послушност и кооперативност со политиката и центрите на моќ.

Борбата на Ленче во изминатиов период… ја гледам низ призма на поттикнување и некој друг од редовите на обвинителството и правосудството да најде за сходно да крене глас и да покаже интегритет“, оценува Прешова.

Во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.мк, поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, ја коментираше оставката на обвинителката Ленче Ристоска, оценувајќи дека станува збор за потег кој говори за личен интегритет.

„Оваа оставка за мене е одлика на висок интегритет. Се согласувам дека секој има шанса да напредува, како што вчера изјави обвинителот дека ќе ги земе овластувањата и дека напредокот е достапен за сите“, истакна Ивановска.

Сепак, таа нагласи дека клучно за довербата на граѓаните не се изјавите, туку конкретните резултати од работата на институциите.

Според Ивановска, одземањето на овластувањата на обвинител кој веќе работи на случаи во завршна фаза може да има негативно влијание врз ефикасноста.

„Со одземањето на овластувањата на некој што дошол до завршна фаза, како што е Ленче Ристоска, по мое мислење, тоа може да ги одолговлекува ефектите. Нека објасни обвинителот на што се должи ова одземање на овластувањата“, порача таа.

На крајот, Ивановска повтори дека ја разбира одлуката на Ристоска и дека, според неа, оставката претставува јасен пример за професионален и морален интегритет.

КАЦАРСКА Цела кариера се борела за постоење на уставната тужба но не наишла на разбирање

Со своја изјава во јавноста излезе и судијката кацарка овој пат говорејќи за темата – без уставна тужба нема ефективна уставно-судска заштита. При тоа практично беа апострофирани уставните судии, нејзини олеги кои речиси секој ден ја изненадуваат јавноста со некои нивни одлуки!

– Во текот на мојот тригодишен мандат континуирано се залагав за воведување на уставната тужба… барав парцијално отворање на Уставот исклучиво за ова прашање, но не наидов на разбирање.

Дури бев и критикувана на некој начин дека тоа е моја желба, иако сме сите свесни за значењето и придобивките за сите граѓани.

Република Северна Македонија, како и останатите поранешни југословенски републики, произлезе од заеднички политички систем и се соочи со слични предизвици… но останавме исклучок во однос на воведувањето на уставната жалба.

Триесет години наназад, правниот систем живее со пропуст што не е само техничко прашање, туку суштинска слабост во заштитата на уставните права. Тоа го потврдува и архивата на Уставниот суд, во која се регистрирани стотици барања што не добиле судска разрешница, единствено затоа што надлежноста на Судот е ограничена и не овозможува одлучување по сите повреди на човековите права и слободи, туку само во тесно определени рамки од член 110 алинеја 3 од Уставот.

Во Уставниот суд, на 24.03.2026 година, се одржа тркалезна маса на тема „Воведување на уставна жалба?“, организирана со поддршка на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. На настанот се обрати и судијката Добрила Кацарска.

Темата за целосната загрозеност на третата власт и јасниот обид извршната власт да направи ревизија на речиси децниското работење на оние кои ја сочинуваат сферата која народот ја подразбере како стоб на правдата и правичноста.

Filed Under: Македонија

ПРОГНОЗИТЕ СЕ ДРAМАТИЧНИ, ШТО СЕГА ЈА ЧЕКА ЕВРОПА?
ТРЕТАТА ВЛАСТ ПОД ПОСТОЈАНИ УДАРИ ПО ИЗБОРОТ НА НОВИОТ РЕПУБЛИЧКИ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ
УБИВАЊЕ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ – ИНДЕКС ЗА ДРЖАВНАТА ТОРТУРА
СТОБИ ПОВТОРНО ГО ПРИВЛЕКУВА ВНИМАНИЕТО
ФИЛИП СЕНДС:  МИСТЕРИЈА Е ЗОШТО ЛУЃЕТО ВО БУГАРИЈА СО НИВНАТА ИСТОРИЈА ПОД РУСКАТА ЧИЗМА ЈА ПРИФАЌААТ ИСТАТА

Најново

  • ПРОГНОЗИТЕ СЕ ДРAМАТИЧНИ, ШТО СЕГА ЈА ЧЕКА ЕВРОПА?
  • ТРЕТАТА ВЛАСТ ПОД ПОСТОЈАНИ УДАРИ ПО ИЗБОРОТ НА НОВИОТ РЕПУБЛИЧКИ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ
  • УБИВАЊЕ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ – ИНДЕКС ЗА ДРЖАВНАТА ТОРТУРА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet