Обвинувањата на опозицијата дека со третиот пакет мерки власта ќе ги „купува бирачите“ секако не се одржливи како од аспект на поставеноста на приватна сопственост во економијата, значи и огрнаничувањето постојат во легислативата, така и од фактот дека коронта од ризик и криза се претвора во нова можност на населението
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Опозицијата во кус временски рок а во ек на кризата со корона вирусот одби свикување на парламентот, при што инсистираше најнапред на брзи избори за да направи коперникански пресврт и сега размислува дека и изборите наесен веќе не се поволни за поправање на нејзиниот рејтинг. Зоштѕо тогаш би одела на избори? Нели е подобро само да инсистира на неодредени рокови со надеќ дека фортуната ќе и донесе некаков хаос на теренот со кој евентуално може да смета на каков-таков профит на свое конто?! Одложувањето на гласањето како активности на теренот и пресинг врз нивните функционери и новинари едноставно збунува кај нејзината „паства“ со брзите промени на генералната насока а згора личи на онаа српска поговорка „што ќе добиеш на мостот, ќе изгубиш на ќупријата“…
ЈАСНА ТАКТИКА И на малите деца одамна им е јасна тактиката на опозиционерите, тука пред се мислиме на стратегијата на ВМРО ДПМНЕ во врска со тајмингот на парламентарните избори. Накусо да се потсетиме. Во почетокот на 2017 година се одеше на тоа никако да нема транзиција на власта со примена на сто и еднa акција, што почна, како што деновив беше потврдено и во судско испитување на сведоци, со намера собрана маса народ на крајот на декември 2016 „со напалм бомби да се запали ДИК“ ако не „брои“ по нивно, а се заврши со неуспешен, ама крвав обид за пуч во Парламентот на 27 април таа година; потоа имаше многубројни опструкции на власта за таа да не може да ја ефектуира својата позиција, особено во реализација на својата клучна политичка цел (евро-атланските интеграции), како и со блокада на третата власт преку своите многубројни инсталации со мандат во неа и со максимално користење на позивцијата на тогашниот претседател на Репибликата Ѓорѓе Иванов. Дури во 2019 година, по губењето на трката за претседателската функција, некако се разместија „сказалките на часовникот“ и тогаш се засили притисокот за одржување на вонредни парламентарни избори, па макар и осум месеци пред рокот. Може да се дискутира дали одлуката на шефот на СДСМ и премиер Заев по ова прашање беше добра што удоволи да се одржат тие избори и тоа – веднаш (значи лани, од сегашен ракурс гледано), ама притискачите, откако се пресметаа поаналитички, практично дојдоа на „нова црта“ па побараат и добија одложување.
СМЕШНО И ЗА ПРВАЧЕ Изборите, знаеме, беа определени за 12 април, со тоа што Парламентот се распушти два месеци претходно. Пандемијата со короната донесе вонредни мерки а начинот на кој власта се носеше со неа едноставно – тезата на пропагандистите на ВМРО ДПМНЕ (Чашуле и другите) официјално гласеше – „туф, СДСМ пак се спаси од избоен пораз“; ама реално ставот кај црвено-црните како што времето минувваше ги заврте едрата – тие бегаа од брегот на изборите кон отвореното море на некој иден, неутврден датум.
Јасно, како што рековме тоа е тактика која е лесно да ја процени и прваче: ако сега заради кризата со здравјето на населението рејтингот на СДСМ е во попраст и е подобар од претходно, значи поразот на опозицијата е свршен факт; само треба да го ложиме јавното мислење со фактите во прилог на било какво одложување! Тоа ги збуни активистите: брзаа со изборите, велеа дека копрона вирусот е измислица на социјал-демокртите а сега наеднаш вадат марамчиња од џебовите и заминуваат кон Ѕидот на плачот со грижата за пациентите кои се многу, според нивниот нов артикл на дневни поговорки, ама не се гледаат! Значи изборите треба по секоја цена да се одложуваат и секој новозаболен од корона за нив е „донатор“ во кутијата на замислениот успех на ВМРО ДПМНЕ!?
Бидејќи, пресметките за изборен успех не можат да се потпрат ниту на статистичките на некои познати клиенти од светот на „бројачите“, ниту на факторот – постојана гласачка маса, која е нееродирачка ама недоволна. Со оглед дека се дел од економско – социјалните тела каде се одлучува за мерките во оваа областа имаат отворена врата за интелектуалниот дел од опозиционерите, па овие имаат сознанија што и како ќе се постигне со првите предложени мерки. Од аспект на гласачите и нивната волја одекот не е добар: тие очекуваа дека тонусот на владеењео ќе падне со првите денови после корона вирусот, ама одново можат да проценат дека – лошо пресметале.
РЕБАЛАНС ВМРО ДПМНЕ има најнапред забелешки на донесениот ребаланс на буџетот. Тој според неговите креатори има за цел – забрзување на процесот на опоравување на македонската економија преку финансирање на мерките за надминување на последиците од корона кризата. Многу поважно, овој ребаланс ќе овозможи брза трансформација и зголемување на конкурентноста на македонската економија.
Со ребалансот, приходната страна на буџетот се намалува за 11,5 % и истата изнесува 196,8 милијарди денари, додека расходната страна се зголемува за 1,4% и истата изнесува 242,9 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран на 6,8% и е во линија со проекцијата на Европската комисија, нагласуваат од Владата.
Преку ребалансот, со дополнителни 3 милијарди денари на КОВИД програмата, се креираат мерки за стимулација на приватната потрошувачка со цел – поддршка на македонската економија, но и македонските производи и услуги: треба да се зголеми моќта на семејствата, тие да трошат и да донесат финансиска стабилност за економијата! Од гранките директната поддршка доаѓа кај македонсиот туразам, угоститрлство и генерлано кај терциоајлниот сектор.
Овој ребаланс, за таа цел издвојува дополнителни 600 милиони денари на контото на Министерството за економија.
Значи, во таа насока – дај му на купувачот, за тој да и помогне на економијата, во областа на социјална заштита поврзана со ефектите од КОВИД-19 се распоредуваат 350 милиони денари, а исто толку и за Фондот за здравство. За Министерство за здравство се обезбедени 300 милиони денари за да ги зајакнеме здравствените капацитети за откривање на болести преку обезбедување на техничка експертиза, лабораториска опрема и системи за откривање на случаи во согласност со упатствата на СЗО.
За Министерство за образование обезбедени се дополнителни 350 милиони денари со цел да им се помогне на нашите млади да се стекнат со ИТ и дигитални вештини, една преквалификација заради побрзо вработување во новата економија. Алоцирани се и 150 милиони денари за исплата на надомест за невработеност во Агенцијата за вработување и 60 милиони денари за национално кофинансирање за нова кредитна линија преку Развојната банка на Северна Македонија.
ОБВИНУВАЊЕ ЗА НЕРАЦИОНАЛНОСТ Други поголеми расходи се за исплата на платите, проектирани на ниво од 30,2 милијарди денари или за 0,4 милијарди денари пониско. Расходите за стоки и услуги се намалени за 1,8 милијарди денари во однос на планот за 2020 година а тековните трансфери се планирани на ниво од 166 милијарди денари или за 9,6 милијарди денари повисоки во однос на планот за 2020 година, како резултат на обезбедување на средствата за економските мерки.
Сето ова опозицијата го смета нерационално, по малку и во еден „бољшевички концепт“, каде прироитет секако има она „индустријализација плус електрификација“, со акцент на второто, ОД каде го вади личното богатство шефот на нивната партија.
Капиталните расходи навистина се планирани на ниво од 19,5 милијарди денари или 4,2 милијарди денари пониски во однос на планот за 2020 година, но тоа се објаснува дека е всушност на ниво на максимално реализирани капитални расходи во изминатите 10 години. За волја на вистината редно е министерот за транспорт Сугарески конечно да го видиме некоја лента да пресече а да не реферира постојано до каде е изграден еден или друг капитален објект! Колку да се знае.
ПОКРИВАЊЕ НА ДЕФИЦИТОТ Финансирањето на буџетскиот дефицит ќе се сервисира со поволни средства од меѓународни финансиски институции, повлекување на средства на домашен пазар преку државни хартии од вредност, како и со излегување со еврообврзница на меѓународниот пазар на капитал. Очекувањата за економскиот раст се пад од 3,4%.
Владата предводена од СДСМ, преку трите сета мерки со вкупна вредност од милијарда евра (или 10% од БДП) сака да ги ублажи последиците на кризата, предизвикана со пандемијата, но и да им помогне на што повеќе граѓани, да сочуваат што повеќе работни места, да ги поддржат компаниите, но и да постават темели за трансформација на економијата.
Вкупната вредност на мерките од третиот сет ќе изнесува околу 355 милиони евра и со него ќе бидат опфатени 730,000 корисници.
Техничкиот премиер Спасовски потсети дека овој сет на мерки мора да се гледа во целината, значи да не се бега и од она што се направи со првиот и вториот пакет.
Така, за мерката „14.500 денари по вработен“, се поднесени 23.861 барања, а до 14ти мај, се исплатени преку 14,3 милиони евра на 10.103 фирми. Во целост е реализирана и првата бескаматна кредитна линија ,,Ковид1″, во чии рамки се одобрени 738 кредитни барања за компании со вкупно 6.524 вработени. Најголем дел – 77% од бескаматните кредити се за микро компании, 51% се од угостителтвото, а 43% од областа на транспортот.
Голем е интересот и за бескаматната кредитна линија КОВИД 2, за која аплицирањето заврши на 13-ти мај, до кога во Развојната банка пристигнаа 4.340 апликации.
ДРАЖАВАТА Е ОГРАНИЧЕНА КАЈ ГАРАНЦИИТЕ ЗА ФИРМИТЕ Министерката за финансии Ангеловска посочи дека за првпат ќе се воведе државна гарантна шема преку Развојната банка, кој инаку е воспоставена во голем број европски земји, а во поново време и во Србија и Албанија, со цел да се подобри пристапот до капитал за поголем број на претпријатија без разлика на нивната големина.
– Секоја мерка е тргната од реална основа и потребите на стопанството, на приватниот сектор и оваа мерка би имала за цел да го олесни пристапот до финансиски средства на приватниот сектор, со што истите би имале можност да го делат ризикот односно државата да преземе дел од ризикиот. Што значи тоа? Тоа значи дека државна гаранција со покриеност од околу 50% во Развојната банка би требало да има почетен капитал од 10 милиони евра со кои што би се когарантирале износ од над 65 милиони евра. Значи, целта е кај компаниите кои потешко би дошле до средства до кредити кои ќе им бидат потребни за post recovery период со тоа што државата ќе преземе дел од ризикот, да полесно дојдат до средствата кои им се потребни за зголемување на конкурентноста за инвестиции за подобрување на ликвидноста – рече Ангеловска.
Во третиот пакет економски мерки е вклучен и т.н. викенд без ДДВ за сите граѓани.
„Преку поевтини цени за граѓаните, поттикнуваме потрошувачка и раст на приходи во одредени продажни сектори, како што се продавниците за гардероба, бела техника, мебел, санитарија, школски прибор и книги. Oчекуваме дополнителен приход од 20 милиони евра кои ќе се слеат во македонското стопанство“, рече Спасовски. Тој најави и паричен надоместок за сите лица кои останале без работа од 11 март до 30 април во 2020 година.
НАДОМЕСТ „Со оваа мерка им даваме можност за паричен надоместок на сите лица кои ја изгубиле својата работа, вклучувајќи ги и оние кои го прекинале својот работен однос преку писмена изјава, спогодбено, но и добиле отказ од работодавачот. Оваа мерка ги опфаќа лицата кои останале без работа во периодот од 11 март до 30 април, кои имаат престанок на работа по сонов на невработеност за давање на писмена изјава за престанок на работниот однос, спогодбен престанок на работниот однос и за престанок на работниот однос со отказ од страна на работодавачот“, рече Спасовски.
Во однос на критиката дека акцент се стави само на потрошувачката Ангеловска одговори дека некои покрупни работи во план се оставени за периодот септември-октомври, бидејќи, во периодот кој ни претстои за треба да се направи анализа, да се проценат капацитетите, но и да се пристапи кон регулаторни промени. Таа, поинаку речено, како да посочи – ни треба нов Парламент и нова, функционална Влада, бидејќи, да речеме сегашниот наш Закон за јавен долг вели дека државата не гарантира на приватен сектор, а целта е оваа мерка да помогне во посткризниот или периодот на закрепнување на приватниот сектор, рече министерката Ангеловска, одговарајќи на прашање по прес-конференцијата посветена на третиот пакет економски мерки.
ВМРО ДПМНЕ се наоѓа во позиција кога и угоре е високо и удолу е длабоко. Беше против да се состане Паламентот (заедно со ДУИ) во страв од сите оние делови од својата елита кои останаа „надвор од иднината“. Потоа против е да се продолжи со старата Влада до редовни избори, бидејќи е бесмислено да се оди на вонедни избори, да речеме еден или два месеци од регуларните! Од друга страна, тешко е да брани термин, кој ќе значи одење на избори среде лето. Врмоовската упорност да се окончаат обвцинителските саги против нивните видни членови, единствена и клучна мотивација за ознаката на политички процеси со назнака „интерно“, како форма на пресија врз судството се топи без климатизерот на додатната логика. Тука вмроовците остануваат се поосамени.