Крај: еден од кандидатите го призна поразот на изборите во Америка!“ е наслов на вест објавена уште кога започна броењето на гласовите
На 4 ноември беше објавена вест, (како и пост на Фејсбук), која секако предизвикува големо внимание и адекватно голем број на кликнувања за да се види дали тоа републиканскиот кандидат Трамп или демократот Бајден признава изборен пораз.
Интересот е врзан за ден кога ниту едниот, а ниту другиот претседателски кандидат нема покажано изразита волја да се изјасни за сопствената позиција. Проблемот со признавањето на поразот, инаку, свои драмски моменти имаше и по тој датум, а и ден-денес не е до крај завршен во рамките на воспоставениот фер-плеј во изборите на земјата која е симбол за претставничката демократија.
За да се сфати „мамецот“ во насловот на прилогот треба да се каже, дека, на пример, на 7 ноември, три дена по објавувањето на оваа вест, редакцијата на Гласот на Америка на македонски јазик излезе со насловот „Избори во САД : нема конечен исход, се чекаат резултати од шест сојузни држави“ – Алјаска, Аризона, Невада, Џорџија, Северна Каролина и Пенсилванија, а односот на бројот на освоени електорски гласови беше 253 на 214 во корист на Бајден.
„Гласот на Америка“ тогаш ја објави изјавата на Бајден – „„Се уште не можеме финално да објавиме победа, но бројките јасно ни кажуваат дека ќе биде така…“ рече Бајден. „Во моментов разликата во Пенсилванија и во Џорџија е нешто под 30.000 односно околу 4.000 гласови во полза на Бајден“.
Дури два дена подоцна (се повикуваме на средноевропско време и затоа го цитираме Гласот на Америка“), на 9 ноември, еден од кандидатите укажа дека се наѕира победата со насловот дека „Бајден се движи кон транзицијата на власта“, но со поднаслов дека Трамп ја оспорува победата! Тој ден, да потсетиме, започна лавината на честитки кон кандидатот на деморкатите. За победата сѐ уште има правни оспорувања од републиканците..
Јасно е дека целта на прилогот не му било да се покаже „видовит“, туку се сакало да се искористи навиката на јавноста резултатите од ваквите избори да се осознаат многу брзо! Поразот на изборите го признал раперот Кање Вест, маргинален учесник, кој најавил дека повторно ќе се кандидира за претседател во 2024 година. Во таа насока се пренесува изјава на кандидатот за Скај Њуз. За оние кои не го знаат овој случај, Вест ја започна својата кампања во јули, но успеа да се најде на списокот само во неколку држави поради пречекорувањето на роковите и недоволно собраните потписи. Или поточно – славниот рапер освоил околу 57.000 гласови во 12 држави во кои се кандидирал.
Може да се разјасни кому тоа му завршило броењето на гласоцвите, но факт е дека во оваа вест постои едно наведување на читателите и во два дела на насловот – едниот е во она „Крај“, што сугерира дека можеби броењето на гласови е завршено или станува формалност, понатаму има продолжување на наведувањето во оној дел од насловот, кој се налепува со очекувањето дека поразот го признава еден од двајцата релевантни кандидати на претседателските иабори!
Во текстот во кој нема поднаслов за евентуално совреме се објасни сензацијата која се нуди со насловот, јасно е дека постои свесна манипулација – односно за појава на недостиг на контекст, односно наслов на кој му недостасуваат дополнителни елементи за да биде јасен, кој е оставен недокажан и како таков ги збунува читателите и ги доведува во заблуда.
(vistinomer.mk – опремата е на Глобус