Темата за историјата, смислено и сосема целенасочно се подигнува во клучните моменти за Република Северна Македонија (влегување во НАТО и започнување на преговори со ЕУ) со повици за поставување на „услови“. При тоа не се зема во предвид националниот интерес на Република Бугарија, имено што за прв пат по напите национални катастрофи сме во еден геополитички простор
ВАЛЕНТИН СТОЈАНОВ
Во Бугарија има три идеолошки и практични теченија по однос на македонското прашање. Првото школо произлегува од блиското минато. Тоа може да биде наречено „московско-белградско“. Со една реченица – целта и е да се создава и одржува непрекината состојба на раздор, конфликт и спротивставување меѓу Софија и Скопје. Идејата е да нема зближување меѓу двете држави, при што истовремено да биде сопрена евроатланстаката интеграција на Република Северна Македонија. Ова течение има силни политички, а со тоа и институционални позиции во Бугарија. Соодветно и медиумско присуство. Долги години, во нашите медиуми доминираше точно овој концепт за бугарско-македонските односи, а во меѓувреме некои од основните говорници не се меѓу живите. Иако е во закономерно историско отстапување, оваа школа успеала да посее семиња во главите на поколенија Бугари, особено постарите и има политичка застапеност во разни партии. Долгорочната визија на ова школо за Република Северна Македонија е да остане во орбитите на влијание на Москва и Белград, поддржувајќи истовремено односи на тензија и меѓусебно недоверие со Бугарија.
Инструмент на подсржување на на конфликтот Софија – Скопје е заедничката историја на двете земји. Пристапот тука е едни луѓе да се претстават за „патриоти“ кои ја заштитуваат „нашата“ историја од „кражбите“ од другата страна на Осогово. Но, може ли да се „краде“ и да е само „наша“ (на Република Бугарија), откако официјално владите на двете држави признале дека нашата историја е заедничка?
Темата за историјата, смислено и сосема целенасочно се подигнува во клучните моменти за Република Северна Македонија (влегување во НАТО и започнување на преговори со ЕУ) со повици за поставување на „услови“. При тоа не се зема во предвид националниот интерес на Република Бугарија, имено што за прв пат по напите национални катастрофи сме во еден геополитички простор, во кој преку задлабочена соработка и зближување во сите области можеме да ги отстраниме напластените идеологии од минатото (и во двете општества) и да ги решиме натрупаните спорови.
Треба да е јасно дека претставниците на „московско-белградското“ школо во ниту едне момент ниту предложиле, ниту реализирале какви и да се заеднички проекти меѓу двете држави во областа на инфраструктурата, културата, медиумите или кое било друго поле. А со грубиот и условен тон, кругови од Бугарија, им даваат храна на проруските политички сили во Северна Македонија, кои на истиот начин се претставуваат за „патриоти“ пред тамошното општество. Така, на внатрешно-политички план, и во двете држави печалат проруските „патриоти“ – за сметка на добрососедските односи.
Но, и на надворешно-политички план, печали Кремљ, кој преку „патриотите“ создава проблеми во ЕУ и НАТО. На регионално ниво, се разбира, од активностите на овие „патриоти“ печали и Белград, каде историски секогаш имало стравувања од зближување меѓу Софија и Скопје.
Антиподот на првото школо едвижење, што може да биде наречено „евроатлантско“. Во исто време, тоа ги одразува и традиционалните позиции на историската организација ВМРО, кое претставува е многу добра последователност – комбинација од национално-патриотското од една страна, со модерно гледање за меѓудржавни односи. Во една реченица – целта на ова школо е зближување меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија и луѓето од двете земји во секој еден однос – културен, економски, политички, итн. Ова движење го поддржува безусловното членството на Македонија во НАТО и искрено ја поддржа младата држава на нејзиниот пат кон европската интеграција. Со многу завивања и отклонувања, како таква се оцртува основната линија на повеќето бугарски влади во годините по 1997. И покрај тоа, оваа позиција не треба да биде прифаќана како за секогаш наложена и треба да биде непрекинато отстојувана. Долгорочната визија на ова школо е за независна и територијално целосна Република Северна Македонија, која е интегрирана во НАТО и ЕУ и е најблискиот сојузник на Бугарија.
Третото движење е до некаде парадоксално, но исто има длабоки корени. Негови основни лива во моментов се со изјавите „јавен евроатлантски профил“, без меѓутоа зад тоа да стојат реални „евроатлантски вредности“. Нивното отворено гледање (целта) е за поделба на Северна Македонија на сфери на влијание и идно присоединување на делови од неа кон Бугарија. Еден вид комбинација на традиционален иредентизам и познатите од минатото теории за „спорни и неспорни зони“. Нека да ја наречене условно оваа група со познатото од историјата име „врховисти“. И покрај нивната привидна прозападна ориентација, предметното школо ја опслужува (сознателно или не) московско-белградската линија.
Нејзината долгорочна визија е за уништување и поделба на Република Северна Македонија, која, според гледиштето на школото, е повеќе привремена и неодржлива појава. Паралелно со другиот инструментариум, ова школо честопати мафта со т.н. „Албанска закана“ за иднината и територијалниот интегритет на Република Северна Македонија, манипулирајќи со збир на разнородни податоци. Идејата, која се обидуваат да ја задушат е дека младата држава е неодржлива формација која треба да биде „прикачена“ кон поголема сила или поделена меѓу барем две свои соседки. Ова школо не го зема во предвид фактот дека Македонија успешно се справи со неколку тешки кризи во 30-годишната независност, како и дека веќе е членка на НАТО и и претстои започнување на преговори за членство во ЕУ.
Нема никакви гаранции дека идните влади на Бугарија ќе се придржуваат кон декларираните на хартија евро-атлантски вредности, кои се совпаѓаат со интересите на нашата земја. И претходно сме станувале сведоци на тоа како долгогодишните напори биле бришани со еден или друг политички акт и промена на една влада со друга.
Затоа е важно да се има јасност за тоа кој е кој, кои цели ги следи и како дејствува за да ги реализира. Националниот интерес на Бугарија е независна и територијално цела Република Северна Македонија која е интегрирана во евроатлантските структури и е фактор за стабилност во регионот на Југоисточна Европа, а не дестабилизирачки агент на надворешните сили. Ова се совпаѓа и со традиционалното гледиште на историската организација ВМРО и неколку поколенија искрени патриоти од двете страни на границата. Од нас зависи дали нашата земја ќе ги брани своите интереси, кои целосно се совпаѓаат со евро-атлантските, или ќе ја избере матрицата на вештачко спротивставување наметнато од надворешни фактори, целосно работејќи против Бугарија барем од 19 век наваму.
(Авторот дипломирал право на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ и специјализирал Право на Европската унија на Универзитетот во Хамбург. Бил главен експерт во парламентарната комисија за Економска политика, енергетика и туризам. Го потпомага издавањето на списанието „Бугарија-Македонија“)