Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ТРИ ГОДИНИ И – ОДНОВО?!

December 17, 2024 Filed Under: Македонија

Апелацискиот суд Скопје ја укина првостепената пресуда на Основниот кривичен суд Скопје со која сопственикот и управител на фирмата „Беса транс“, Беким Хаџиу, беше осуден на една година и осум месеци затвор

ИЗГОРЕНИОТ АВТОБУС Се заборави дека имаше игромен број на жртви и дека овој тип на нерегулиран сообраќај едноставно е форма на организиран криминал

Првостепената пресуда за случајот „Беса транс“ беше објавена на 7 март оваа година. Покрај затворската казна за Беким Хаџуи, судот ѝ изрече парична казна на неговата фирма од 800 000 денари (околу 13 000 евра), како и забрана за добивање на лиценца за патен превоз во рок од четири години од правосилноста на пресудата.

Апелацискиот суд Скопје ја укина првостепената пресуда на Основниот кривичен суд Скопје со која сопственикот и управител на фирмата „Беса транс“, Беким Хаџиу, беше осуден на една година и осум месеци затвор за фалсификување исправа за автобусот со кој во ноември 2021 година во трагична несреќа во Бугарија загинаа 45 лица, претежно македонски државјани.

Од второстепениот суд за државната новинска агенција МИА неодамна потврдија дека е донесена одлука по предметот и дека тој е вратен во повторно одлучување, односно судење во Кривичниот суд.

„Одлуката е укината, жалбите на обвинетиот како физичко и правно лице се уважени. По жалбите и по службена должност пресудата е укината и предметот е вратен на повторно судење“,

велат од Апелација.

Одлуката, како што додале оттаму, веќе била анонимизирана и ќе биде јавно објавена на веб-страницата на судот.

Првостепената пресуда за случајот „Беса транс“ беше објавена на 7 март оваа година. Покрај затворската казна за Хаџуи, судот ѝ изрече парична казна на неговата фирма од 800 000 денари (околу 13 000 евра), како и забрана за добивање лиценца за патен превоз во рок од четири години од правосилноста на пресудата.

Судијата Ивица Стефановски, кој го водеше предметот, образложувајќи ја пресудата, тогаш рече дека Хаџиу од јануари до ноември 2021 година, во 20 наврати искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска, лажна јавна исправа  – извод од лиценца за вршење јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај.

БЕКИМ ХАЏИУ Спори истраги, споро доенсена пресуда во прв степен, експресно оспорена на Апелација

По изрекувањето на пресудата бранителот на Хаџиу, адвокатот Асмир Алиспахиќ, во изјава за медиумите уште тогаш најави дека со сигурност ќе ја обжали пресудата пред повисокиот суд бидејќи, како што кажа, изречената казна во конкретниот случај е превисоко одмерена. Дополнително одбраната беше на став дека кривичното дело – фалсификување исправа не може да опстои, бидејќи во случајот таква лажна исправа не била изработена, употребена и не постои.

Од друга страна, обвинителот Владимир Милошевски, кој го застапуваше обвинението пред Судот, на 7 март рече оти е задоволен од исходот на судскиот процес бидејќи, како што кажа во изјава за медиумите, Судот во целост го прифатил обвинението и теоријата за случајот на Основното јавно обвинителство Скопје.

Инаку, овој предмет не се однесуваше на причините за несреќата која се случи на 23 ноември 2021 година и во која загинаа 45 лица, претежно македонски државјани.

Обвинителот Милошевски, тогаш одговарајќи на новинарско прашање рече дека „за причините за несреќата ќе мора да се обратите до Обвинителството кое е надлежно, а тоа е во Република Бугарија“.

Дека овој предмет не се однесува на причините за несреќата, преку соопштение, посочија и од Основниот кривичен суд Скопје.

 

 

 

Filed Under: Македонија

СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (136): ПРИХОДИТЕ ОД НАФТА СЕ ТОПАТ, ШТО ЗНАЧИ ТОА ЗА МОСКВА
ГОРДОСТА МИ УДРИ ВО ЧЕЛО – И МИ ИЗВАДИ ОКО

Најново

  • СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
  • РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
  • КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet