Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ТРКАТА ЗА НАГРАДАТА РОМАН НА ГОДИНАТА ЈА ПРОДОЛЖУВААТ 22 ДЕЛА

February 24, 2026 Filed Under: Ревија

За оваа наградата инаку конкурираа рекорден број на наслови   – дури 46

ЖИРИТО ЗАСЕДАВА Нема сомнение дека овој пат членовите на телото кое треба да одлучи за тоа кое дело ја заслужува наградата имаа доста „обемна лектира“

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2025 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав Калина Малеска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Иван Антоновски, Ивана Трајаноска, Иван Шопов и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), ја направи првата селекција, избирајќи 22 од 46-те пристигнати наслови на годинашниот конкурс.

Првата селекција на конкурсот за Роман на годината за 2025 година 22 романа ја продолжуваат трката за наградата  Наградата, чиј генерален покровител е Комерцијална банка АД Скопје, а исто така е поддржана и од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија, годинава се доделува 27-ми пат. Таа се состои од плакета, уникатна статуетка и паричен износ од 150.000 денари. Како што е предвидено, жири-комисијата ќе го соопшти насловот на наградениот роман и името на авторот на прес-конференција што ќе се одржи на 13 март во просториите на Друштвото на писателите на Македонија.

Минатата година наградата ја доби романот „Светот што го избрав“ на Калина

Малеска, во издание на издавачката куќа „Или – или“.

22 романа ја продолжуваат трката за наградата „Роман на годината“ за 2025

Година. Ова се насловите на делата кои ја продолжуваат трката:

  1. „Александар јава на запад“, Венко Андоновски, „Три“

2.„Тринаесеттиот“, Лидија Димковска, „Три“

3.„Околу три по полноќ“, Димитрие Дурацовски, „Арс Либрис“

  1. „Необјавен фељтон“, Владимир Илиевски, „Maкедоника литера“

5.„Ќе помине и моќта“, Ирена Јурчева, „Паблишер“

6.„Договорот“, Јордан Коцевски, „Антолог“

7.„Илина и тајните на Бабин заб“, Хана Корнети, „Или – или“

8.„73 дена“, Иво Митев – Жиле, „Арс Либрис“

9.„Кругот дупка“, Никола Наумовски, „ПНВ публикации“

10.„Касадеј“, Велко Неделковски, „Матица македонска“

  1. „Кафеана на крајот и на почетокот од универзумот“: (на почетокот беше… информацијата)“, Валентин Нешовски, „Антолог“
  2. „Промилите на Конзулвил: (миксан роман)“, Јордан Николов, „Паблишер“
  3. „11 проверени начини како да ја заебеш љубовта: (роман во раскази)“, Драгана Лукан Николоски, „Чудна шума“
  4. „Зара Зарина“, Лилјана Пандева, „ПНВ публикации“
  5. „Кривата Дијана: (роман за верижната вина)“, Фросина Пармаковска, „Арс Либрис“
  6. „Потклек“, Љупчо Петрески, „Бегемот“
  7. „Арагон“, Михајло Свидерски, „Антолог“
  8. „Фобос: деконструиран роман“, Соња Станковска, „Или – или“
  9. „ Неколку тишини подоцна“ , Ана Стојаноска, „Конгресен сервисен центар – Полица“
  10. „Три Марии: (роман – басма), Оливера Ќорвезироска, „Арс Либрис
  11. „Само уште еден скок“, Енис Хилми, „Светулка нова“
  12. „Повратник со две лица“, Ивица Челиковиќ, „Паблишер“

Наградата, чиј генерален покровител е Комерцијална банка АД Скопје, а исто

така е поддржана и од Министерството за култура и туризам на Република

Северна Македонија, годинава се доделува 27-ми пат. Таа се состои од плакета,

уникатна статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Како што е предвидено, жири-комисијата ќе го соопшти насловот на

наградениот роман и името на авторот на прес-конференција што ќе се одржи

на 13 март во просториите на Друштвото на писателите на Македонија.

Минатата година наградата ја доби романот „Светот што го избрав“ на Калина

Малеска, во издание на издавачката куќа „Или – или“.

 

 

 

Filed Under: Ревија

ПО СИМУЛТАНКАТА СО ПРЕДАВАЊЕТО НА ГРУБИ – НАЈВЕЌЕ ДОБИ ДУИ А ОТРОВОТ ГО ИСПИ ЧУВСВОТО НА ПРАВДА ВО ЗЕМЈАВА
ПRАВДАТА ВО РАЦЕТЕ НА ПОДОБНИ СУДИИ ВО НОВОТО ТЕФТЕРЧЕ НА ВМРО-ДПМНЕ
СЛУЖБЕНИОТ КАБИНЕТ НА ЃУРОВ: ВЕТУВАЧКИ, ЕКСПЕРТСКИ И ИЗНЕНАДУВАЧКИ
ГЕНОЦИД ВО ГАЗА: ПОЗНАТИ УМЕТНИЦИ ЗГРОЗЕНИ ОД МОЛЧЕЊЕТО НА БЕРЛИНАЛЕТО
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (167): АГРЕСОРОТ ГИ „ПРЕВОСПИСТУВА“ ГРАБНАТИТЕ УКРАИНСКИ ДЕЦА ПОД ЗНАМЕТО И ХИМНАТА НА АГРЕСОРОТ

Најново

  • ПО СИМУЛТАНКАТА СО ПРЕДАВАЊЕТО НА ГРУБИ – НАЈВЕЌЕ ДОБИ ДУИ А ОТРОВОТ ГО ИСПИ ЧУВСВОТО НА ПРАВДА ВО ЗЕМЈАВА
  • ПRАВДАТА ВО РАЦЕТЕ НА ПОДОБНИ СУДИИ ВО НОВОТО ТЕФТЕРЧЕ НА ВМРО-ДПМНЕ
  • СЛУЖБЕНИОТ КАБИНЕТ НА ЃУРОВ: ВЕТУВАЧКИ, ЕКСПЕРТСКИ И ИЗНЕНАДУВАЧКИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet