Епидемијата нaсекаде, па и во САД фрли вода во огновите на дебатата кај демократските кандидати. Тие веројанто размислуваат како ќе биде во идината. Руските комнтатори сметаат дека Трамп ќе има лесна задача. Дали? Берни Сандерс смета дека многумина од разочараните гласачи кои се сиромашни и се пред пензионирање мора да го подобрат системот или да умрат во сиромаштво
Политичкиот живот шрум светот во време на пандемијата е во шок. Практично исклучени се соочувањата меѓу политичките конкуренти насекаде (ние сме исклучок, несомнено!). Од ова не побегна и разгорената дебата меѓу двајцата кандидати во демокртскиот ринг во САД – Бајден и Сандерс. Во Вашингтон имаа соочување во празна сала. Се ракуваа со допир на лактовите.
Познатиот „Спутњик“, кој на Балканот не минува со добри оценки, како извор на точни вести, веќе го прогласи Транп за иден претседател. „Тоа е тетар со еден актер. Монодрама“ – вели коментаторот на оваа агенција (https://radiosputnik.ria.ru/20200318/1568802157.html). Спутњик смета дека на Трамп му е тоа јасно ама тој сака да има борба, како што им рекол на јаблиските, според овој извор, за да им даде задоволство на своите фанови.„Нему му се потребни наблудувачи, публика. Ако конкурентот не му е рамен, уште подобро“ – гврди Спутњик. Трамп сака по крајот на кампањата да порача – „ова е ваша победа, не моја!“.
„Во Вашингтон како да експлодирала бомба. За помалку од една година, лидерите на двете најголеми партии се судрија, фундаментално преобликувајќи ја политичката култура што со генерации се чинеше непроменлива. Катастрофалниот пораз на Хилари Клинтон ги остави малцинството демократи во хаос. Зад сцената веќе се одвива битка за душата на оваа опозициска партија“ – коентира магазинот Ролингстоун.
Магазинот смета дека сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, кој доби огромна поддршка и 13 милиони гласа од младите во текот на предизборито е игнориран од партиското лоби .Ролингстоун направил интервју со Берни заради неговата нова книга „Нашата револуција: иднина во која може да се верува“.
Магазинот тврди дека макотрпните искуства на Сандерс, додека растел во населбата Флетбуш сè уште се чини дека се централни во начинот на кој тој го гледа светот. Сите возрасни во неговото соседство гласале за демократите. Губењето на поддршката на тој вид луѓе сè уште го јаде Сандерс, како детска болест што уште не е излечена. Така и можноста што сега ја има да ги врати демократите назад во таа насока е нешто што тој го сфаќа сериозно. Целиот живот го поминал за да стигне до оваа точка – констатира Ролингстоун.
Сандерс секако е вознњмирен од влија нието на богатите врз гласачите. И заради парите кои тие ги собираат н секои избори. Тој е убеден дека големото трошење време и ментален напор што демократите го вложија за да соберат над една милијарда долари за кампањата на Клинтон во изминатата година заврши со огромна невидлива цена. „Нашата иднина не е собирање пари од богатите луѓе, туку мобилизирање на милиони работни луѓе и млади и обоени луѓе“, вели тој.
Сандерс смета дека е грешка да се отфрли движењето на Трамп како монолитно изразување расизам и ксенофобија. Популистичките повици на Трамп, искрени или не, дале резултат и демократите треба да одговорат на нив, смета тој. Трамп вети дека нема да ги крати здравствената помош ниту социјалното осигурување, вети дека ќе го поддржи повторниот увоз на лекови на рецепт од други земји и рече дека ќе го врати Глас-Стиголовиот акт. Сандерс инсистира дека тој и неговиот тим ќе се обидат да го држат за збор за сите овие ветувања. Како тие ќе успеат во тоа може само да се претпоставува, но како висок член на Комитетот за буџет на Сенатот, Сандерс лесно може да ги присили републиканците да гласаат за сите овие прашања преку воведување измени во текот на процесот на решавање на буџетот. Сандерс сака да ги мобилизира младите луѓе. Луѓето сакаат промена сега, вели тој. За да го преживее Трамп и да ја сврти струјата, Сандерс вели дека му треба помош.
„Со години гледам како медиумите, кои во основа ја игнорираа средната класа, воопшто не зборуваат за сиромаштијата и немаат чуство за она што се случува во главите на милионите обични Американци. Тие живеат во балон, зборуваат за својот свет, се грижат за тоа кој ќе се кандидира за функцијата 18 години од сега. Во меѓувреме, луѓето не можат да ги прехранат своите деца. Тоа е нешто што јас го знаев.
„Кога зборував за овие прашања, кога гледав како тие одекнуваат кај народот, тоа не ме изненади. Ме изненади колку брзо одекнаа. Ме изненади и тоа колку беше слаб демократскиот естаблишмент и колку тие беа изолирани од потребите на обичните луѓе.“
„Доналд Трамп ги смени правилата на политиката. Ајде да му признаеме на човекот онаму каде што заслужил. Никој не претпоставуваше дека… Па тој почна како шега, нели? Тој се фати за гуша со раководството на Републиканската партија, апсолутно се фати за гуша со, очигледно, Демократската партија, со корпоративните медиуми, фактички со сите, и стана претседател на САД. Мислам дека ако некоја лекција може да се научи од успехот на Трамп, тоа е дека плашливоста повеќе не е на патот кон успехот.“
– Дали кампањата на Трамп навистина беше искрен револт против системот? Или на крај ќе излезе дека е токму спротивното?
„Ќе видиме. Одговорот е, не знам. Овој човек е тотално непредвидлив. Луѓето околу него се обидуваат да го направат да биде попредвидлив.
Една од причините за успехот на Трамп е тоа што тој водеше кампања врз основа на тоа дека сфатил дека милиони работни луѓе се мачат, се несреќни, и дека тој, Доналд Трамп, е спремен да се бори со естаблишментот. Сандерс потсетува дека Трамп, за да ги добие изборите зборувал за борба против фармацевтските компании, за борба против на Волстрит, за борба против севкупниот политички естаблишмент – за ‘пресушување на мочуриштето’. Ќе видиме до кој степен имало каква било чесност во она што тој го зборуваше, дали имало каква било искреност во тоа што го зборуваше – коментира демократскиот потенцијален ривал, засега со помали шанси од Бахден.
Политичарот од Вермонт смета дека постои социјален слој кој ќе застане зад него. Вели – постојат милиони работни луѓе во оваа земја што се во огромна болка и очај. Тоа се 60-годишни работници, денес, од кои половина немаат ништо во банка додека се приближуваат кон пензионирањето. Имате 60 години и немате ништо во банка? Ќе живеете од 13.000-те долари социјално осигурување годишно? На тоа треба да се надевате?“
„Она што би им го кажал на читателите на Ролингстоун е: мора да разбереме дека Трамп, во некоја смисла, ја револуционизира политиката, и ние мора да одговориме на тоа. Што значи тоа? Почнете со 46-те отсто од американскиот народ што дури и не гласале на овие избори. Од 54-те отсто што гласале колкумина навистина се занимаваат со политика, а колкумина само гласаат еднаш на секои две или четири години? Колку луѓе навистина одат на митинзи? Колкумина се вклучени во синдикатите? А во борбата за животната средина? Или за антирасизмот? Или против сиромаштијата?“ – говори тој.