БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Вистина е дека еврокомесарот за проширување може да даде одредена унгарска нота во проширувачката музика на Унијата, но поверојатно е дека Унијата преку овој гест ќе може да влијае врз одредени позиции на унгарската страна кои сега се сметаат за неприфатливи од аспект на европските стандарди
Ме изненадија насловите со кои беше проследена кандидатурата на Ласло Трочањи за еврокомесар за проширување.
Триумф на Орбан над ЕУ!
Или варијации на оваа заглавие.
Од каде сега ова!?
Миелам овој триумф на Орбан откако над Брисел не успеаја да триумфираат Камерон, Меј и Џонсон, Трамп и Банон, Мари Ле Пен и Салвини, Право и Слобода на Качињски, Груевски од Македнија…
Јас мислам дека ваквите пораки се израз на популарното толкување на политиката кое во сложените и испреплетени односи во една сложена интеграција каква што е Унијата, може да одведе до погрешни заклучоци.
Проблемот на Унгарија како пример на напуштање на европските стандарди во многу области, а посебно во областа на правото, не се решава со затворање и изолирање, туку со обиди за корекции во политиката на Будимпшета и со обиди на Унијата да покаже дека таа не е инстанца која ги загрозува унгарските национални интереси, туку ги афирмира и поддржува.
Тој аспект на кандидатурата на Трочањи беше занемарен за сметка на спектакуларноста што ја обезбедуваа горните наслови. Вистина е дека еврокомесарот за проширување може да даде одредена унгарска нота во проширувачката музика на Унијата, но поверојатно е дека Унијата преку овој гест ќе може да влијае врз одредени позиции на унгарската страна кои сега се сметаат за неприфатливи од аспект на европските стандарди. Сигурно е дека Трочањи ќе ја искористи својата позиција за ширење на влијанието на Орбан и на неговиот модел во регионот на Западен Балкан, но не мислам дека тој ќе може генерално да ја ревидира таа политика и нејзините принципи и критериуми.
За Македонија е важно во октомври да добие датум. Не се сомневам дека со Трочањи ќе имаме добра соработка. Не верувам дека епизодата со Груевски ќе има негативно влијание. Пребеганиот ѕвер си ја сакаше Македнија во сопствениот џеб, додека Орбан и Трочањи сигурно ќе ја сакаат во Европа.
Се работи, значи, за сложена интеракција со различни интерполации меѓу кои ниту една не ги оправдува триумфалистичките наслови.
Ако помине во Парламентот, се разбира, зашто таму му се опасно наострени.