Веќе три децении зборуваме за тоа дека медиумите треба да промовираат толеранција, а не говор на омраза,тоа е она што е битно за да ги откриеме корените на говорот на омразата, смета аналитичарката

Снежана Трпевска од Институтот РЕСИС, експертка за медиуми и медиумско право, на панелот на ЦИВИЛ „Говорот на омразата: состојби и решенија“ зборуваше за причините за појавите на говорот на омразата во медиумите и надвор од нив.
Зошто сега се соочуваме се уште со тоа со што се соочуваме, иако веќе три децении зборуваме за тоа дека медиумите треба да промовираат толеранција, а не говор на омраза,тоа е она што е битно за да ги откриеме корените на говорот на омразата“, смета Трпевска.
Таа истакна дека голем дел од публиката препознава различни видови потенцијални негативни содржини на социјалните мрежи, вклучително и говор на омраза кој доаѓа од политички актери или насочен кон различни ранливи групи, но исклучително мал процент од нив реагираат на истите.
„Едно истражување вели дека над 60 % од младата популација смета дека ЛГБТИ не треба да учествува во политиките. Тоа укажува на фактот дека за жал кај младата популација се уште има премногу конзервативни ставови“, вели Трпевска.
„Она што е проблем е дека говорот на омразата го наблудуваме повеќе изолирано од неговите општествени корени. За да дојде до говор на омраза значи дека има многу предрасуди. Во сферата на образованието не се адресираат овие прашања. Има обиди за предмети за медиумска писменост, но тоа не е интегрирано во целиот образовен систем.
Ние имаме проблем со ерозијата на општествените вредности интегрално. Имаме проблем со насилство во училиштата, од каде доаѓа тоа насилство? Состојбите на социјалните мрежи се рефлексија на проблемите во нашето општество. Ние имаме систем и институции, но недостасува соработка меѓу институциите“, заклучува Трпевска.
Во една слична пригода, годинава Трпевска порача дека не требаше да има датум за избори додека не се направат реформи во медиумите. Не сме слободна демократија, бидејќи полтичките партиите немаат слободен пристап до медиумите, а граѓаните постојано добиваат искривена слика за работењето на власта. Во таква ситиација, констатираме дека новинарството ја изгуби сосема фунцијата на неутрален критичар и е оковано во клиенталистичките врскии на владините функционери и сопстевениците на медиумите
Ова е ставот на Снежана Трпевска од Иснтитутот за комуникациски студии, во рамките на „Предлогот за итни демократски реформи“ документ кој на концизен начин дава насока за клучните демократски промени во земјава за фер и демократси избори, поготвен од група експерти и граѓански организации.
– Медиумите останаа нечепнато прашање во рамките на пржинските преговори и тогашната власт не сакаше за ова да преговара. Ние минатата година предлагавме медиумите да бидат првата тема и сега ќе имавме поинаква слика. Не е доволно само јавниот сервис да се исчисти од пропагандното известување и да изледа како исплакнат, напротив и тој треба да има критичка функција кон власта. Направени се потези само да се создаде слика дека во медиумите е нешто решено. Она што го предлагаме како група медиумски организации во рамките на оваа иницијатива, се прво и важно, да сакаме да ги ослободиме комерцијалните медиуми од тој клинталистички однос и затоа предложивме да се укине државното рекламирање и исто така да се укине политичкото рекламирање. Овие два механизми навистина го ставија новинарството во целосно подредена позиција конвласта.
Втората група на позиции се однесуваат на јавниот сервис, тоа е нов модел во кој граѓаните ќе партиципираат и во процесот на надзор и во прграмите, но ќе бидат претставени и од новинарите. Третата група мерки се однесува на ставање во законот на забрана на ширење на омраза.
Четврата мерка е да се ослободи регулаторното тело од партиското влијание како што го има сега и затоа предлагаме измени во изборот на членовите и измени во структурата на одлучување каде сега многу моќ се концентрира во рацете на директорот. Предлагаме и релаксирање на условите за работа на комерцијалните медиуми, односно зависноста од власта со одлуките за средства од буџетото за производство за играна и документирана домашна продукција; внесување нз забрана во законот за ширење омраза во медиуми.