Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ТРУЛЕЖОТ ОКОЛУ ШЕЌЕРИНСКА

August 25, 2020 Filed Under: Колумни

БИЉАНА СЕКУЛОВСКА

Пцуењето на новиот парламентарен пратеник Димитар Апасиев, упатено кон доскорешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска, ја покажа сета сила на развојот и степенот на политичката мисла во оваа земја.

Политичката доблест, со пустошот на груевизмот стана покосена, не се ни замрзна, таа не ни преживеа кај новите политички татковци од Левица, таа стана застрашувачки тресок на говор на омраза, ниски страсти и недостаток на елементарен срам и базична култура на однесување.

Нема идеална држава, ниту идеални граѓани, колку и да е организирана совршено, колку и да  се сонувало за решенија, оние кои Платон ги нудел, еднакво како и Аристотел. Но, маската на политичарот може лесно да биде проѕрена, таа маска лесно се наѕира, откако ќе ги соголи моралните квалитети и доблести на луѓето кои се занимаваат со политика, во име на високи цели- општото добро, пред се.

Ако се сетиме на Сократ, важно е да се запамети неговото форсирање на морален интелектуализам, иако тврдел дека “никој намерно ништо лошо не прави, и за да се знае што е добро, треба да резултира со добри дела”. Но, Протагора сметал дека “доблеста е вродена и е невозможно да се научи”.

Токму затоа, Томас Џеферсон предупредувал- “Штом човек фрли око со копнеж на функција, започнува трулежот во однесувањето”. Тој трулеж, тоа политичко нормално кој го создаде најпрво Груевски, а сега и новата велесила на Левица и Апасиев, не беше коментирано од Шеќеринска, што и веројатно беше очекувано. Таа, како и сите ние, бевме еднакво опкружени со трулежите на груевизмот, и на сите ни е добро познат, не е изненадувачко ова ново гниење. За жал на новите политички протагонисти и следбеници на груевизмот, нејзиниот печат кој го има оставено е одењето по стапките на Глигоров, како татко на модерната македонска држава. Ако се вратиме векови наназад, ако фрлиме поглед на филозофските дијалози на научната мисла за политиката и доблеста на политичарите, размислил ли Апасиев што ќе остане од него, како политички ќе преживее во историскиот вител, каков печат тој ќе остави?

Ако Платон бил иноватор на пишани дијалози, Аристотел- образовен едукатор, или пак Мил- татко на Слободата, кој вели дека “со мали луѓе не може да се сторат големи дела”, на крај, го добивате Апасиев. “Мајка на неговите дела е Zeitgeist- духот на времето”- но, кое и тој самиот го создава, би додал Хегел.

Filed Under: Колумни

НЕМА КРАЈ НА ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА ВО ФРАНЦИЈА
„БУРНСТОК“, СО КОЈА МИЦКОПСКИ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ, НЕ Е КОМПАНИЈА ЗА ВОЕНА ИНДУСТРИЈА ТУКУ КОНСУЛТАНСКА ФИРМА
ЈОВАНОВИЌ: НА ВЛАДАТА И ОДГОВАРА ИНФЛАЦИЈАТА
ФИЛМАЏИИТЕ И НАТАМУ РЕДАТ УСПЕСИ
ШTO  ПОСТОЕЛО ПРЕД ГОЛЕМАТА ЕКСЛОЗИЈА (1)

Најново

  • НЕМА КРАЈ НА ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА ВО ФРАНЦИЈА
  • „БУРНСТОК“, СО КОЈА МИЦКОПСКИ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ, НЕ Е КОМПАНИЈА ЗА ВОЕНА ИНДУСТРИЈА ТУКУ КОНСУЛТАНСКА ФИРМА
  • ЈОВАНОВИЌ: НА ВЛАДАТА И ОДГОВАРА ИНФЛАЦИЈАТА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet