Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

„ТУКА ЖИВЕАМ, ОДЛУЧУВАМ, ПОСТОЈАМ“ – КАМПАЊА ЗА ПОПИСОТ 2021

March 9, 2021 Filed Under: Македонија

Кампањата е креирана и спроведена од Агенцијата за остварување на правата на заедниците во земјава, со финансиска поддршка од Европска Унија

КАМПАЊА Во трка за добра атмосфера пред попишувањето

„Тука живеам, одлучувам, постојам“ е слоганот со кој почнува кампањата за пописот во државава, што го спроведува Државниот завод за статистика, а ќе ги опфати сите заедници во државата. Кампањата е креирана и спроведена од Агенцијата за остварување на правата на заедниците во земјава, со финансиска поддршка од Европска Унија.

Директорот на Агенцијата, Еран Куртиш посочува дека сите етнички заедници се важни и придонесуваат за социо-економскиот, културниот, правниот како и политичкиот раст на Република Северна Македонија. Затоа, како што појаснува, важно е на пописот да покажеме дека ние тука живееме, одлучуваме, постоиме.

Според Агенцијата најважно е на овој попис малубројните заедници да покажат дека можеме сите заедно да ги креираме политиките во државава.

– Затоа е многу важно да се почитува Законот за правата на заедниците кои се помалку од 20 отсто од населението во Република Северна Македонија со кој се уредува остварувањето, унапредувањето и заштитата на правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20 проценти, а се загарантирани со Уставот, како и надзорот над спроведувањето на одредбите на овој закон и законите со кои се утврдени тие права,-додава Куртиш.

Во кампањата како претставник на турската заедница е вклучена студентката Елиф Илијаз, од влашката заедница новинарката и уредничка Јана Михаилова, од ромската заедница студентката Џемилиана Абдулова, од бошњачката заедница правничката Мерсиха Смаиловиќ, од српската заедница преведувачот Стефан Радуловиќ, како и Мирољуб Орландиќ кој е претседател на Мрежа за мултикултурно општество.

– Република Северна Македонија е мултикултурна држава. Во неа живеат многу различни етнички заедници, кои зборуваат на многу различни јазици и за нив пописот е важен. На овој попис секој треба слободно да си ја искаже својата етничка припадност. Тука живеам, одлучувам, постојам, истакна Орландиќ.

Filed Under: Македонија

ПОРАНЕШЕН ЈУГО-ПАЗАР НА ТРУДОТ: УСЛОВИ, ВРАБОТЕНОСТ, ПЛАТИ….
КАЛАЈЏИЕВ ЗА ТРИЛИНГ: ВЛАСТА НЕМА ИНТЕРЕС ДА ОБЗНАНИ КОИ КОМУНИКАЦИИ СЕ СЛЕДЕНИ КАЈ МИЦКОВСКИ
ОРБАН СО КОМПЛИКУВАН ИЗБОРЕН СИСТЕМ ПРОТИВ УНГАРЦИТЕ
АЛШАР КАКО РУДНИК ОД КАДЕ СЕ ГЛЕДА СОНЦЕТО
КАКО ГИ ЛАЖАТ ЛУЃЕТО ВО СЕВЕРНА КОРЕЈА ЗА УБИЕНИТЕ ВОЈНИЦИ ВО УКРАИНА

Најново

  • ПОРАНЕШЕН ЈУГО-ПАЗАР НА ТРУДОТ: УСЛОВИ, ВРАБОТЕНОСТ, ПЛАТИ….
  • КАЛАЈЏИЕВ ЗА ТРИЛИНГ: ВЛАСТА НЕМА ИНТЕРЕС ДА ОБЗНАНИ КОИ КОМУНИКАЦИИ СЕ СЛЕДЕНИ КАЈ МИЦКОВСКИ
  • ОРБАН СО КОМПЛИКУВАН ИЗБОРЕН СИСТЕМ ПРОТИВ УНГАРЦИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet