БГНЕС објавува сценарио за кревање на ветото: Во Париз се очекуваa Радев и Петков. Но, Радев ја откажа посетата и бара отворање на референдум за „македонското“
Требаше многу скоро претседателот и премиерот на Бугарија, Румен Радев и Кирил Петков, ќе одат во посета на Франција на средба со францускиот претседател Емануел Макрон, а во делегацијата ќе биде и претставник на бугарското МНР. Во Париз се очекуваше да го одобрат предлогот на Емануел Макрон за укинување на ветото за преговорите за членство на РС Македонија во ЕУ, објави неодамна БГНЕС, повикувајќи се на информации од неименувани учесници на последниот коалициски совет што се одржа во петокот вечерта, на 27 мај. Од бугарската новинска агенција тврдат дека нивните извори се од различни политички формации и секој поединечно ја потврдил информацијата што ја пренесуваат во денешната анализа.
БГНЕС потсетува дека на коалицискиот совет присуствуваа Кирил Петков, Асен Василев, Иван Ченчев, Георги Свиленски, Гроздан Караѓов, Станислав Балабанов, Велислава Петрова, Атанас Атанасов и Владислав Панов, а по средбата шефицата на кабинетот на Петков, Лена Бориславова, изјави дека коалицијата во оваа фаза ќе дејствува единствено во однос на прашањето за ветото кон РСМ.
Што се разговарало на Коалицискиот совет?
БГНЕС во текстот „Радев и Петков кај Макрон за Македонија, бугарскиот народ не го разбира проблемот“, пренесува дел од она што се разговарало на коалицискиот совет во петокот и објавува дека во текот на разговорот владата информирала дека „француското претседателство ветило дека ќе ги вклучи сите бугарски барања во преговарачката рамка и нивното спроведување ќе го гарантира самиот Макрон“.
„Ова практично значи дека целосно му веруваме на Макрон, но во исто време ризикуваме да западнеме во децениски спор бидејќи секоја од земјите членки ќе може да блокира каква било одлука. Тоа ќе биде бесконечен спор и не сакаме турска верзија – изјавува еден од учесниците за БГНЕС.
Според друг учесник на состанокот на 27 мај, кој говори за БГНЕС, планот на Макрон „има предлози кои не се јасни и воопшто не е сигурно дека Европската комисија може да даде гаранции за нивно спроведување во иднина“.
„Учесниците во коалицискиот совет беа многу импресионирани од информацијата дека претседателот Радев имал многу позитивен разговор со Макрон. Ова е толку транспарентно. Еден ден по советот, самиот Радев го кажа следново: ‘Можам да му честитам на претседателот Макрон за неговата визија и храброст да бара соодветно решение за да се најде излез од оваа ситуација и да се поддржат вистината и правдата’- се вели во изјавата на неименуван член на коалицискиот совет што ја пренесува БГНЕС.
БГНЕС понатаму објавува изјава на друг учесник на состанокот во петокот која, како што вели, предизвикала загриженост кај другите присутни.
„Веројатно поради оваа причина се издвоени десетици илјади лева за социолошка агенција да го обработи населението по ова прашање во следните две недели – додаде тој.
БГНЕС понатаму, цитирајќи друга изјава, пишува дека укинувањето на ветото наводно е неопходно и поради желбата на Украина да ги започне преговорите за пристапување во ЕУ.
„Многу лош сигнал би бил ако Украина добие покана, а РСМ и Албанија продолжат да чекаат и поради таа причина француското претседателство брза со предлогот – изјави еден од учесниците на почетокот на состанокот.
Во текстот се пренесува неговото објаснување дека планот на Макрон мора да биде готов пред спроведувањето на комитетот Корепер на постојани претставници на владите на земјите членки на Европската Унија.
„Корепер е главното подготвително тело на Советот. Сите точки од дневниот ред на Советот прво ќе ги разгледа Корепер, освен ако Советот не одлучи поинаку. Пред неговата дискусија од страна на Корепер, планот на Макрон треба да биде одобрен од бугарското Министерство за надворешни работи. Во текот на разговорите не се разговараше детално ниту прашањето за правата на Бугарите во РСМ ниту џс главната точка на Договорот за пријателство од 2017 година, заедничката историја на двете земји – објавува БГНЕС.
На крајот на состанокот, според изворите на БГНЕС, донесена е одлука во следните две недели „никој да не коментира или да зазема став за прашањето за РСМ“.
„За ова прашање најмногу треба да молчат претставниците на МНР. Првите коментари треба да се дадат откако предложениот текст ќе биде објавен и поддржан од самото МНР. Во исто време, сите претставници на различните политички партии кои учествуваат во владата ќе тврдат дека ‘нема назадување по прашањето за РСМ и ќе бидат заштитени националните интереси на нашата земја’ – тврдат изворите на БГНЕС.
На средбата било договорено секое поинакво мислење и став за ова прашање на политичари, научници, историчари, новинари да биде „нападнат што побрзо и со тешки политички обвинувања“.
БГНЕС понатаму тврди дека Консултативниот совет за национална безбедност (НАС) што го побара премиерот Кирил Петков за РСМ ќе биде свикан по неговата посета на Франција. По ова, БСП ќе го свика Националниот совет, кој ќе ѝ даде мандат на Корнелија Нинова да го поддржи предложениот текст.
Останатите партии кои се дел од владината коалиција ќе ги повикаат своите пратеници „да гласаат со чиста совест или да ги повикаат да го поддржат единственото можно решение“.
„На овој начин ќе се смени сегашната позиција на нашата држава, а премиерот Кирил Петков ќе го исполни ветувањето ‘дека сè ќе биде одобрено од Народното собрание’“, објавува БГНЕС повикувајќи се на изјава на неименуван учесник на петочниот консултативен совет.„Бугарија многу повеќе од самата РСМ, а да не зборуваме за Франција, која прва ја блокираше РСМ, сака властите во Скопје да започнат преговори за членство во ЕУ. Решението е можно и може да се најде многу брзо сè додека постои минимална волја од другата страна Доволно е дијагонално да се погледнат транскриптите од последните разговори меѓу делегациите на двете министерства за надворешни работи. Однесувањето на едно од нив се граничи со ароганција – вели за БГНЕС друг учесник на средбата на 27 мај и нагласува:
„Мора да има решение. Но, погледнете ги пораките на локалните политичари, на претседателот Пендаровски, опозицијата, властодршците. Отворено велат дека нивното членство во ЕУ е далечна перспектива. Поголемо антиевропско однесување и пропаганда има само во Белорусија и Русија – се вели во изјавата на неименуваниот извор со која завршува текстот на БГНЕС.
Да се потсетиме дека по враќањето на билетот за Париз од страна на Радев, премиерот Петков рече дека не го видел францускиот документ?!
За тоа колку е тензилчна ситуацијата во земјата покажа и тепачката во бугарското Народно собрание меѓу пратеникот на „Продолжуваме со промените“ Искрен Митев и претседателот на „Преродба“ Костадин Костадинов, јавуваат бугарските медиуми.