Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ТУРКАЉ: МАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИЧКА ЕЛИТА ДА ОДЛУЧИ ДАЛИ САКА ЗАБРЗАНО ДА ВЛЕЗЕ ВО ЕУ ИЛИ НЕ?

April 2, 2024 Filed Under: Македонија

Кога се преговара секогаш треба да се води сметка дека се преговара со 27 држави-членки – вели овој правен експерт од Хрватска за МИА. И додава – свесни сте колку беше тешко да се постигне договор за отворање на преговорите за Македонија

ПРЕГОВАРАЧ Туркаљ ги водеше рпетоворите за влез на Хрватска во Унијата

Хрватскиот правен експерт за Западен Балкан и поранешен главен преговарач за Хрватска за Поглавјата 23 и 24, Кристиан Туркаљ во интервју за МИА вели дека ако повторно се преговара за нова Преговарачка рамка, тоа значи губење уште многу години за државава и враќање на евроинтегративниот процес од почеток.

На прашање дали во ЕУ се можни ситуации за промена на Преговарачка рамка, како што тоа го бара опозицијата и дополнително на тоа уставните измени да имаат одложено дејство, односно кога ќе ги затвориме поглавјата, Туркаљ вели дека се зависи од тоа што сака политичката елита – дали Македонија забрзано да влезе во ЕУ или повторно да преговара за нова рамка.

„Значи, тоа зависи од тоа што сака Македонија, дали вашата политичка елита сака Македонија забрзано да влезе во Европската Унија или сака повторно да преговара за нова преговарачка рамка, што значи да го враќа процесот на почеток“, нагласи Туркаљ.

Според него, теоретски се е можно, секако, вели, кога се преговара секогаш треба да се води сметка дека се преговара со 27 држави-членки.

„Свесни сте колку беше тешко да се постигне договор за отворање на преговорите за Македонија. Веројатно сте свесни и колку труд вложи нашиот премиер за да ги убеди колегите од Европската Унија дека треба да се започнат преговори со Македонија. Да се отвора таа приказна уште еднаш, значи да се вратат работите на почеток. Ова може да значи губење уште многу години за Македонија“, дециден е хрватскиот експерт.

 

Filed Under: Македонија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet