Основното гледање во западниот свет е дека со Преспанскиот договор е ставен крај на долготрајниот спор и ќе донесе стабилност во регионот, како и ќе ги зајакне врските меѓу земјите од НАТО и Северна Македонија, елиминирајќи го ризикот од мешање на Русија, која сега ја држи под око на Балканот, само Србија. Но тука е и Турција
ИРАКЛИС ГЕОРГИОКАС
Преспанскиот договор, на еден или друг начин, беше ратификуван од страна на парламентите на Скопје и Атина. Основното гледање во западниот свет е дека со ова е ставен крај на долготрајниот спор и ќе донесе стабилност во регионот, како и ќе ги зајакне врските меѓу земјите од НАТО и Северна Македонија, елиминирајќи го ризикот од мешање на Русија, која сега ја држи под око на Балканот, само Србија. Сепак, целта на оваа статија нема да бидат позитивните и негативните страни од договорот со Грција, и покрај тоа што тие ќе ни даваат храна за размислување години на ред.
Во Поранешната Југословенска Република Македонија денес живеат околу половина милион муслимани, кои сочинуваат една третина од вкупното население во земјата. Таму има 600 џамии, кои се посетувани од околу 300.000 луѓе за време на петочните молитви. Религиозниот дел од тоа население е податливо на влијание од страна на владејачката турска Партија за правда и развој (АКП), чија движечка сила е религијата, со која ги привлекуваат муслиманите од целиот свет кон заедничката кауза – да ја направат Турција периферна сила. Како во раѓањето на државата македонскиот претседател го посети неговиот турскиот колега Тургут Озал, така и во друг историски момент за земјата, министерот за надворешни работи Никола Димитров се качи на првиот авион до Анкара.
Водечката организација на оние што турскиот претседател ги создаде за употреба на мека политичка сила игра важна улога во турската надворешна политика. Турската агенција за соработка и координација (TIKA) е присутна во повеќе од 150 земји, исто така, има канцеларија во Скопје од 1997 година и за последните 20 години има реализирано повеќе од 600 проекти. Суштината на јавната дипломатија е да игра основна улога во животот на обичните луѓе и тоа е она што организацијата се обидува да го постигне. Во град близу границата со Албанија, луѓето се повеќе од благодарни на ТИКА. „Без Турција ние ќе сме сиромашни“, вели градоначалникот на градот. Така ТИКА веќе 12 години развива пчеларски проект, обучувајќи го и опремувајќи го местното население со сè што е потребно. Шест илјади сандаци биле испратени на 60 семејства за само една недела. TIKA испрати и хуманитарна помош при поплавите пред две години, а ја реновираше и опреми болницата „Мајка Тереза“ во Скопје. Организацијата, исто така, ги реновира и спонзорира училиштата, музеите и џамиите. И создаде просперитетен Меѓународен балкански универзитет во Скопје. Покултурно ориентиран е Институтот Јунус Емре, именуван по еден од најпознатите турски поети. Се наоѓа во великолепна зграда во центарот на главниот град на Македонија. Институтот нуди часови по турски јазик, што го направи турскиот попопуларен од англискиот меѓу војската. Публикации и летни школи во Турција се прилично привлечни за пошироката јавност. Често се канат и турски писатели за да ја рекламираат турската литература. Анадолската агенција има претставништво во земјата, како и TRT World, кој емитува програми на турски и словенски јазик. Турското малцинство ужива на поголем медиумски избор отколку албанското, и покрај големата разлика во бројките. Турските серии, камен-темелникот на турската мека сила, имаат годишни профити од 465 милиони долари и 500 милиони гледачи и се екстремно популарни. Многу луѓе патуваат во Истанбул за да ги видат зградите во кои тие се фотографираат во живо. Многу Турци исто така патуваат во Битола за да и се восхитуваат на воената академија, во која Кемал Ататурк учел. Се разбира, има и ограничувања на турската мека сила, и тие постојат главно поради авторитарниот режим на Ердоган. Турција е на 66 место во светот по слобода на интернет, а според Амнести интернешнал има околу 50.000 политички затвореници во земјата. Околу 110.000 луѓе ги загубија своите работни места поради обвиненијата за врски со ФЕТО на Фетулах Гулен. Турската страна настојува, дека Скопје не вложува многу напор во борбата против ФЕТО (организацијата на исламскиот свештеник Фетулах Ѓулен, обвинет од страна на Анкара за државниот удар во 2016 година). Взаемните односи не се легло од рози и ако не беше „непријателот на мојот непријател е мојот пријател“, нештата ќе беа различни. Недостатокот на мека моќ од страна на Грција е феноменален. Долгорочното планирање никогаш не било силна страна на грчките политичари. Сега, само неколку дена по Преспанскиот договор, почнавме да размислуваме за тоа. Тоа бара набљудување, стратегија и трпеливост. Ако сакаме да спориме за Александар Македонски, зошто да не зборуваме прво за Аристотел?
(Коментарот на Ираклис Герогиокас, член на Политичкиот комитет на „Нова демократија“)