Ригорозната и ефикасна истрага на турските власти за исчезнување на
И покрај сите можни огради на Вашингтон кон можноста да им наштетио на односите со Ријад, сепак државниот секретар Мајк Помпео најави укинување на визи за саудиски официјални лица. Ова доаѓа откако од ден на ден доаѓаат се посилни хорор слики како е убиен новинарот Хашоги во конзуклатот на Сауди Арабија во Истанбул и откако постоеја бројни обиди злоторот да се сокрие. Земјата домаќин- Турција презема доста ригорозна истрага, која од ден на ден ги открива деталите за злоторот, па САД, чиј државјанин е Кашоги и кој работеше како новинар на „Вашингтон пост“ мораше нешто да преземе.
Впрочем, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е уверен дека убиството на саудискиот новинат Џамал Кашоги било планирано, изјави тој денес на состанокот на неговата партија АКП.
Според Ердоган, дената пред посетата на Кашоги во конзулатот на Саудска Арабија, повеќе групи саудиски државјани влегле во Турција со цел да го убијат новинарот кој беше остар критичар на саудската власт.
Ердоган прецизираше дека „системот на видео мониторинг со камери во конзулатот бил исклучен” во текот на тие денови на почетокот на октомври.
Според изјава на лидерот на турската партија Ватан, Догу Перинчек за турскиот портал „Хаберлер“, делови од телото на убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги е пронајдено во бунар на територијата на резиденцијата на генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул.
– Дознав од сигурни извори во безбедносната служба во Истанбул дека телото на Кашоги е пронајдено во бунар, што се наоѓа во градината на територијата на резиденцијата на Генералниот конзулат на Саудиска Арабија, посочи Перинчек.
По повеќедневно демантирање, официјален Ријад во петокот призна дека Кашоги е убиен во Конзулатот во непланирана „караница и тепачка“. Поради тоа уапсени се 18 лица и сменет е висок претставник на саудиската разузнавачка служба.
Кашоги исчезна на 2 октомври, а последен пат е виден како влегува во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул. Снимките од безбедносните камери покажуваат како еден од осомничените за убиството на Кашоги, облечен во неговата облека, веднаш откако тој бил убиен излегува од задниот дел на конзулатот, во облека на веќе покојниот Кашоги и дека дури се шетал низ улиците на Истанбул, со цел да создаде друг впечаток – Кашоги е жив, само што излегол низ погрешна врата! Топј е само еден од 15-мината осомничени за убиството на новинарот Кашоги. Носел лесно забележлива лажна брада
Осомничениот е забележан како излегува низ задната врата на саудискиот конзулат, облечен во облеката на Кашоги и со лажна брада и очила. Истиот човек е виден во облеката на Кашоги во најпознатата џамија во градот – Сината џамија..
Човекот на снимките е идентификуван како Мустафа Ал-Мадани, човек кој на истрагата и бил познат од порано како еден од тимот убијци кои имале мисија да го убијат новинарот.
Саудиска Арабија презентираше променливи искази за тоа што се случило со Кашоги.
Германија нема да дозволи извоз на оружје за Саудиска Арабија додека трае неизвесноста на судбината на новинарот Џамал Кашоги, изјави неодамна германската канцеларка Ангела Меркел. Таа повторно го осуди убиството на Кашоги, за кое Саудиска Арабија призна дека се случило во нејзиниот Конзулат во Истанбул.
– Прво, го осудуваме овој чин на најстрог можен начин. Второ, неопходно е брзо да се разјасни што се случило – далеку сме од тоа дека случајот е разјаснет и дека извршителите одговараат за тоа што го направијле посочи Меркел. Таа додаде дека извозот на оружје за Саудиска Арабија „нема да се случи под моменталните околности“.
Турција нема да дозволи да се заташка случајот со новинарот Џамал Кашоги, кој беше убиен на почетокот на месецот во Суадискиот конзулат во Итснбул, изјави и потпретседателот на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП), Нуман Куртулмуш.
При гостување на телевизијата Си-Ен-Ен Турк, Куртулмуш нагласи дека Турција ќе ги вложи сите напори за целосно расветлување на случајот и изрази надеж дека „за кусо време вистината ќе излезе на виделина“.
– Постојат цврсти претпоставки за тоа што се случило, но се уште не сме дојдени до категоричен заклучок, кој би бил поддржан од сознанија и докази. Едно злосторство, извршено во Конзулат на една држава, не може да биде извршено без знаење на повисоки одговорни претставници, нагласи Куртулмуш.
Тој нагласи дека ако истрагата утврди дека саудискиот новинар е убиен со одобрение и знаење од повисоки инстанци, тогаш Ријад ќе се соочи со сериозни последици.
Властите во Ријад во петокот вечерта соопштија дека Кашоги бил „убиен при тепачка со група луѓе кои ги сретнал во Саудискиот конзулат во Истанбул“, каде дошол на 2 октомври за да набави документи што му биле потреби за венчавање со турска државјанка, по што му се загуби секоја трага. Саудиските власти досега беа на ставот дека Кашоги жив го напуштил Конзулатот, иако Турција тврдеше дека има докази оти новинарот е убиен во зградата на дипломатското претставништво.
Поголем број земји, асоцијации и меѓународни организации го осудија убиството на Кашоги и побраа спроведување транспарентна и независна истрага за случајот.
И конечно по реакцијата на Помпео убиството на новинарот Џамал Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул било планирано, соопшти во четвртокот главниот обвинител на Саудиска Арабија, шеик Сауд ал Муаџиб.
– Осомничените за случајот Кашоги дејствувале со предумисла, изјави Ал Муаџиб. Тој, исто така, посочи дека Обвинителството добило податоци поднесени од заедничката саудиско-турска истражна група.
– Истрагата ќе продолжи, рече главниот обвинител на Саудиска Арабија.
Вкупно 18 осомничени, сите Саудијци, беа уапсени во Саудиска Арабија, а четворица високо позиционирани членови на разузнавањето и советник на престолонаследникот Мухамед бин Салман беа разрешени.
Саудиското обвинителство ги испитува осомничените врз основа на информациите обезбедени од заедничкиот истражен тим.
По изјавата на главниот јавен обвинител, саудиските медиуми објавија дека престолонаследникот претседавал со денешната прва комисија за реструктуирање на разузнавачките служби.
Директорката на ЦИА, Џина Хаспел, која оваа недела беше во посета на Истанбул, беше запозната со аудио-снимка за убиството на Кашоги, што е прв знак дека Анкара споделува информации, соопштија два извора.
– Споделуваме со тие кои сакаа дополнителни информации, некои од нашите информации и наоди кои обвинителот ни дозволи да ги споделиме, рече турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.
Тој, исто така, рече дека Турција нема намера случајот да го даде на меѓународен суд, но ќе сподели информации доколку се покрене меѓународна истрага.