Никој не обрнува внимание на тоа што многу „крупни ѕверки“ од организираниот криминал на Балканот носат и македонски пасоши. Поскедниот од нив кој е убиен во Истанбул е Јован Вукотиќ од т.н. шкаљаерски клан. Тој до сега успеа три пати да се спаси од куршумите истрелани кон него, а убиени се претходно многу нему блиски луѓе
Во една емисија на интернет порталот „Во Центар“ на новинарот Васко Ефтов беше поставено прашањето од нашиот наслов – како тоа се повеќе врвни криминалци од регионот да имаат во себе макдонски пасоши? Гостин во студиото кај Ефтов беше своевремено најцвисок функционер на црногорскиот МВР, секторот на јавна безбедност, уште од време на социјализмот кој сега е секако во пензија (одамна). Тој говореше за тоа како настанале едниот и другиот, спротивставени кланови во неговата, сега самостојна земја, како и од каде потекнуваат врските со македонскиот МВР, бидејќи, без соработка на некакво сериозно ниво такво расфрлување со наши паосши кај лица кои објективно ниту живееле, ниту имале објективна околност во своето дејствување за да добијат службен документ од македонска институција!?
Гостинот призна дека врските меѓу Подгорица и Скопје се должат на фактот дека своевремено само Македонија отвори Факултет за безбедност, со што се овозможи „пост фестум“ многу кадри кои имале политичко покритие за функцијата што ја обавувале во полицијата да се покрие со диплома, односно со формална квалификација. Скопскиот индекс тоа го овозможувал а при тоа, рече гостинот, се воспоставени и пријателски односи кои потоа се пренесувале како штафета (ова не е негов буквален опис ама ја скусуваме експликацијата).
Дали и сега починатиот лидер на шкаљарскиот клан Јован (некаде и Јовица) Вукотиќ поседувал македонски пасош е крајот на таа штафета? Или е само дел од алката?
Јован Вукотиќ се сметал за водач на шкаљарите и живеел на фарма, веројатно заради поголема безбедност. Досега преживеал најмалку три обиди за ликвидација, а убиени се и неговиот татко и кумот. Главата му била уценувана, велат, на милион евра
Од поделбата на которскиот клан на шкаљари и кавачи и нивната војна од 2015 година, секој ден што Јован Вукотиќ го минувал или во слобода или во затвор беше лотарија, сметаат колегите од Црна Гора кои пишуваат за црните хроники. Неговиот живот наликувал на реалити акционен трилер, пишува и обилчно добро индформираното белградско „Време“, бидејќи, тој бил лудо храбар и се судирал и со полицијата и со криминалците, пишувал писма до медиумите; дури едно време неговата екстрадиција станала меѓународен политички спектакл. Имало и обиди да го отрујат додека бил во затвор, членовите на неговото семејство и пријателите биле убиени, а тој се скарал со водачите на соперничките кланови и испраќал закани преку платени некролози.
Неговата конечна криминална ликвидација, како на филм, била извршена во почетокот на септември во Турција.
Според првите информации, додека Вукотиќ се движел низ предградието на Истанбул, бил погоден од куршум од најмен убиец кој го испукал од мотор во движење. Јован Вукотиќ со последните движења се обиде да го одврзе појасот и да ја избегне смртта уште еднаш, но куршумите не промашиле. Тој бил убиен пред очите на своето дете и бремената сопруга.
Додека на Балканот одекна веста за убиството на најпознатиот шкаљар, во Котор пристигнале десетици полициски возила. Воени џипови се забележани и на брегот, а најмногу полициски патроли се забележани во населбата Кавачи, по која споротивниот, конкурентски клан и го добил името. Се претпоставувало дека црногорската полиција се обидува да го спречи продолжувањето на крвопролевањето, иако многумина во Котор велат дека на овој начин полицијата всушност ги штити кавчачаните од одмазда.
Токму на полицијата во една прилика Вукотиќ и покажал со прст. Тој се криеше низ Европа со лажни пасоши и го оправда тоа како единствен начин да избега од црногорските и српските полицајци, за кои тврдеше дека обезбедуваат логистика и заштита на неговите криминални ривали. Во порака до медиумите во октомври 2020 година, Вукотиќ рече дека во случај „нешто да му се случи“, полицијата ќе одговара.
„Двапати излегов од дома откако сум ослободен и двата пати полицијата сака да ме уапси, пред тоа ми ги претресуваше автомобилите, ме држеа на улица како глинен гулаб. Отсега, ако нешто ми се случи, моето семејство а пријателите ќе ја обвинат полицијакако директно одговорна“, рече Вукотиќ.
Причина за ваквата изјава на водачот на шкалерите бил настан пред полициската станица во Котор. Имено, шефот на шкаљарскиот клан, кој беше ослободен од затвор во јули 2020 година, бил пресретнат од полицијата, а потоа набрзина му врачил покана за разговор со цел на „собирање информации“.
Додека го испрашувале Вукотиќ, неговиот телохранител пред станицата го фатил со пиштол во цевката Петар Мујовиќ (20), наречен Никшиќ, кој е близок до Кавчанците. Мујовиќ подоцна признал дека му биле ветени половина милион евра доколку го ликвидира главниот шкаларец.
Високо ризична екстрадиција
Вукотиќ и во времето на ликвидацијата беше на барана листа – црногорските власти минатата година го обвинија дека го подготвувал убиството на лидерот на Кавчаните. Очигледно, тој повторно избрал да се крие во Турција, како во 2018 година, кога беше државјанин и на Србија и на Црна Гора, а беше уапсен поради фалсификуван пасош. И покрај тоа што се работи за полесен криминал, тогашната државна секретарка на МВР на Србија, Дијана Хркаловиќ, лично отишла во Анталија да го земе Вукотиќ, кого го придружувала до Белград со специјален авион за ризични акции. Небојша Стефановиќ, тогаш актуелен министер за полиција, активно учествувал во целата екстрадициона постапка и носеше одлуки. Да појасниме – фалсификуваниот пасош најден кај него што е основ за апсењето е – македонски !
Со денови се шпекулираше дали екстрадицијата ги исполнува законските услови или всушност била полициска поддршка за каваците. Сè на сè, судската постапка траела кратко, а Вукотиќ беше осуден.
Не бил безбеден ниту зад решетки. Како медиумска бомба звучеше дека во 2019 година беа уапсени група лажни полицајци кои ја пресретнаа свршеницата на водачот на шкаларите додека го носела неговиот ручек во затвор. Според обвинението, таа група имала намера да истури цијанид во храната за да го отруе ривалот. Сепак, судот ги ослободи поради недостиг на докази.
Во последните месеци Јован Вукотиќ доби важна улога во политичките превирања. Црногорските медиуми, блиски до тамошниот претседател Мило Ѓукановиќ, редовно објавуваа преписки од апликацијата Скајп во кои се посочуваше поврзаноста на Вукотиќ со премиерот Дритан Абазовиќ, инаку еден од најсилните противници на Ѓукановиќ.
Во криминалните кругови се зборуваше дека името на Вукотиќ не може да се избрише од списокот на смртни случаи и дека без разлика дали шкаљарите и ковачите ќе продолжат да се борат или ќе склучат примирје, тој дефинитивно ќе биде убиен. Поради убиството на неговиот татко, се претпоставуваше дека тој никогаш нема да престане да бара одмазда. Едно е сигурно, убијците никогаш не престанале да го бараат Јован.
Но, испитувањето кој дели пасоши од земјава по балканското подземје не смее да исчезне од јавниот интерес! (Р.Г.)