Не е јасно како планинарите така лесно го кршат Статутот и по трет пат бираат за претседател човек кој на тоа нема право. Се чини само планинарката Југослава Дуковска имаше доблест да се спритивстави на таквите постапки а добила навреди!
Јовица Угриновски доби трет мандат на чело на Федерацијата на планинарски спортови. На неделното собрание 24 претставници на планинарски здруженија гласале тој да остане претседател на федерацијата, двајца биле против а шестмина биле воздржани. Тој бил и единствениот кандидат. Другите двајца кандидати кои биле предложени од планинарските друштва сами се повлекле (!).
Планинарката Југослава Дуковска која гласаше против, вели дека третиот мандат на Угриновски е спротивен на статутот на федерацијата, според кој еден ист претседател не може да биде избран повеќе од два последователни мандата. Но зошто таа не се согласувала со негвиот реизбор е и моралната одговорност поради смртта на младите планинари Калина и Александар на Кајмакчалан во февруари годинава, објави телевизија Телма.
Членот на претседатлеството Љубомир Котевски пак уште пред почетокот на собранаието рекол дека Угриновски ја држи федерацијата на прав пат и ги има заслугите за добрите резултати. За лошите, како трагедијата кај Кајмакчалан не гледа вина ниту кај претседателот ниту кај Федераицијата. Тврди дека бројните органзиациски пропусти не влијаеле на трагедијата.
За Дуковска тезата за индивидуална одговорност е неприфатлива. Водичот не смеел да дозволи на тоа невреме да ја води групата кон врвот вели таа.
„И самата му припаѓам на истиот круг во кој се движеле покојните планинари и ги познавам сите актери во приказнава. Ја знам и турата, бидејќи и јас сум ја одела во зимски услови. Знам и која им била програмата на целиот престој. Знам и што очекувавме сите од времето овој викенд, кој не беше за на планина, особено не саботата. Калина ми беше пријателка и никогаш нема да прежалам што не беше со мене викендот на Љуботен, како што се договаравме, туку се одлучи да оди да му се придружи на својот клуб, иако зборувавме дека нема да биде убаво времето. Ми реце: ‘Абе, во бања ќе си седам ако не чини…’ И отиде. Јас барам јавно одговор зошто не се направени сите напори да се спасат тие луѓе, кои биле оддалечени од цивилизацијата колку до врв на Водно. Групата им заминала во селото и ги оставила. Мора да имало начин да се побара помош, макар од Македонија ако Грците не сакале да помогнат, запраша неодамна револтирано планинарката Југослава Дуковска во изјава за Макфакс.
Таа рече тогаш дека е речиси сигурна дека грчката спасителна служба не потфрлила. „Ги имам видено на дело како спасуваат наш планинар и воодушевена сум. Нека ми одговори некој за ратракот, зошто не побарале да биде пуштен! Санки моторни, што било! Ќе ги нашле на тој начин. Ако побарале, нека кажат. Во консултации со други планинари слушам дека, со добра опрема, таму сепак и на такво време можеле да заминат спасители и пеш. Има начин, има опрема, требало да се постапи така, а не постапиле. Зошто -, додаде таа.
На почетокот на собранието Угриновски го претставил и извештајот од работата на Федерациата, каде на крајот ја споменал и смртта на младите планинари, со порака дека планината не простува грешки и клубовите треба да ги едуцираат своите членови.
Промени во Федерацијата периодов во јавнста се бараше и од планинари и пријатели на Калина и Александар. Угриновски понудил оставка од морални причини во неделата, но дури откако делегатите му изгласале трет мандат, но делегатите не му ја прифатиле. Ова секако се смета за фингирање на давање на отставка (по одмерување на силите во салата)
Иако за дел од раководството на Федерацијата од правен аспект смртта на младите планинари е затворен случај, три месеци по трагедијата обвинителството се уште истражува и не го кажало последниот збор за кривичната одговорност.