Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

УДАРИ ВРЗ НАИВНОТО САМОЉУБИЕ

September 3, 2024 Filed Under: Колумни

БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Ако дпмне продолжи да се повикува на изворните принципи на вмро (Мицкоски/Михајлов) тоа значи дека се повикува на вмро како бугарски проект

Во текот на историјата човештвото морало да истрпи три големи удари што науката му ги нанела на неговото наивно самољубие: откритието дека нашиот свет не е средиште на небеските сфери, туку само ронка во големата вселена, откритието дека не сме посебно создадени туку дека потекнуваме од животните и, конечно, откритието дека нашиот свесен ум често не ги контролира нашите постапки туку само ни раскажува прикаски за нив.

Напредокот на науката му го урнала светот на човекот, неговиот статус, централната позиција и важноста тука и во целата вселена.

Некои од денешните ултрадесничарски движења кои во науката гледаат ѓавол, се хранат, меѓу другото, од овие удари.

Тоа е така глупаво!

Македонците се дополнително шокирани од неколку други научни и други откритија.

Прво, не ја прифаќаат реалноста и на светот кој се труди да ги адаптира и втемели во универзалните принципи на интеграциите и во реалноста на светската геополитика, гледаат како што црквата гледала на Џордано Бруно и Галилеј.

Тоа ги трибализира и исфрла од мапата на народите на Европа.

Второ, поразот на авнојска Македонија и на илинденска Македонија, меѓу другото и порди инаетењето со светот.

Трето, одбиваат да разберат дека Македонија од три дела никогаш нема да биде цела. А и ако биде дека тие нема да бидат носители на таа целината. Како што нема да бидат и на оваа парче ако продолжат да одат по умот на глупаците од вмро. Северна, другари, бидете благодарни.

Темата за Гоце и за Илинденското востание ќе ја прескокнеме макар што е многу важна за новото самосознание на Македонецот.

Можеме на тие теми да се натегаме уште некое време, но мислам дека е попаметно да ги отвориме процесите на самоосвестување.

Особено ако дпмне продолжи да се повикува на изворните принципи на вмро (Мицкоски/Михајлов) затоа што тоа значи дека се повикува на вмро како бугарски проект.

 

Најавите дека ќе ја менуваат историската комисија и ќе чекаат нова бугарска влада за да водат нови преговори за наводно подобри услови е грандиозен проект за убиство на Македонија.

Најголем непребол им причинува откритието дека тие со Александар Македонски имаат помалку врска отколку што успението на Пресвета Богородица на небото има со успението на Сиљановска на Водно.

И, конечно, биолошката и еманципаторска моќ на Албанците им ги кине нервите.

Ако ме се смират, некој тромб ќе се откачи и ќе им го уништи мозокот.

Погодете зошто?

Има и други причини за лошите прогнози за здравјето односно за болеста на македонскиот пациент, но нека да го решиме овие па за другите ќе видиме.

 

Filed Under: Колумни

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet