Закажаната средба на 17 мај меѓу Цишпрас и Заев носи на повидок крај за мачниот период низ кој минуваат и преговарачите ама и земјите кои треба дае факто да го отфрлат минатото во вимето на иднината. Ќе моижат ли тоа да им го објаснат на своите гласачи?
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Актуелната опозиција одбива да излезе на чист терен на изјаснувањето за преговорите и за конечното решение, чувајќи го штитот и копјето за добивање на некој битки во рамки на евентуалниот план Б, откако тркачот во преговорите ќе остане евентуално разочаран. И во полследните дебати што се водат на малите екрани покажуваат дека шефот на ДПМНЕ сака повеќе да разговара за важните прашања со редуцирано поканети новинари отколку да биде онаму каде бегањето од темата би одело тешко.
Но, на страната на Мицковски, освен таа естрадна боливудизација со името секако е една цела институција која се нарекува претседател на Републиката, бидејќи тој, наводно, лидерот на в мроовците, веќе обзнанил дека Иванов одново нема да да потпише се што ќе му биде речено, па така може да се случи, во една малку пооптимистичка варијанта за земјава, другхи одлуки на Парламентот да ги сопре. Демек, дури и опозицијата во Собраниеот да гласа за документот со кој му се дава виза на договореното меѓу Заев и Ципрас тука е ветото на Иванов, кое ќе биде повторено и ако за документот повторно се гласа со двотретинско мнозинство! Ете тоа е уиграна варијанта до која се дошло во водњанските сенки а која треба да им даде некаков енергетски пијалакк на исцрпените и проретчени „гласни чувари на името.“
Ништо значи не е едноставно кај нас и кога се чини дека претходниот систем е дефинитивно поразен. Ова дури и тогаш кога е јасно дека – според грчките извори, кои се евидентно ослободени од некои логични стеги на процесот на преговарање – на 17 мај во Софија ќе се одржи тет-а-тет средба меѓу Зоран Заев и Алексис Ципрас, на маргините на Самитот ЕУ -Западен Балкан. Ова го објави грчкиот информативен портал „Њуз 247“, го пренесе МИА. На средбата меѓу двајцата премиери се очекува да се побара постигнување конечен договор во прашањето за решавање на „македонскиот проблем“. Таквата цел на средбата може да биде единствено логична, бидејќи тие се само шлагот на еден процес кој треба да донесе дефинитивно подавање на рака меѓу актерите во процесот.
Грчките преговарачи се некако помолчаливи ама имаат долг јазик кога се работи за новинарите – во нивните меани ала „Манде“, таа скопска „Казабланка“ – полесно се доаѓа до детали. Тоа е донекаде пологично ако се знае дека грчките весници одамна, што би рекол министерот Поповски „живеат во пазарни услови“. Кај нас обично испровоциран со насловоите во медиумите од другата страна реагира Заев, за некои учени вкусови често и непотребно и избрзано, влетувајќи во тактиката на „противникот“. И тој најави помек став во однос на она „ерга омнес“ и во однос на менувањето на Уставвот, со некаква временска дискрапанца кај примената (скалеста).
Како што на една дебата во неделата рече нашата колешка Катерина Блажевска и Грција ја има минато својата емотивна црвена линија, после кшто нема враќање веќе назад! Да додадеме: каде би бил планот Б на Грција!
Најпрвин, соседите ги чека неодложувањето на пензиската реформа. Ова значи дека месечните исплати за пензиите и социјалните давачки мора да се смалат за повеќе од една третина, што, како се знае, ќе предизивка социјален бунт во земјата. А Грцијка веќе мора да излегува на избори кои Циприс, премиерот на ветувањата упатени кон најсиромашните слоеви дефинитивно ќе ги изгуби. Госпоѓа Меркел тоа нема едноставно да го истолерира, минималниот напредок на Балканот да ги загрозува другите на континентот… Да неговориме за разгорениот конфликт со Турција, која сега бара ревизија на Договорот од Лозана од1920 година, кој во себе не крие територијални ревандикации?!
Она за што говореше Коѕијас, „дека не би држел прес конференција, туку би славел“ ако е постигнат напредок во преговорите, односно ако договор веќе постои, секако си кажува и за некои „тамошни“ маки и истрошени менија.
Узо најдобро се пие со македонска салата, иако не е добро на наша страна го имаме Иванов како дел од амбиентот. Но и таму го имаат својот пандан,
оној Прокопис Павлопулос, исто така претседател на државата, од кого не сме чуле ниту една речица поддршка на процесот во кој е вклучена неговата влада во прековорите со РМ.
Засега очите се завртени кон 12 и 13 мај, кон местото Сунио, каде најпрвин Димитров и Коѕијас ќе оствата средба а потоа ќе им се шридружи и Нимиц. Како што напишавме во претходниот број – некои кроце-покроце тактики бргу си наоѓаат смисол.