РУДИ ЛАЗАРЕВСКИ
Oд интервјуто највеќе ми се допадна изјавата за реформите во средното образование. Од многу одамна пишувам дека за високото образование е потребен Emergency Landing. Дали е возможно? Со пристапот да се почне прво со реформи во средното образование, мислам дека е можно. Проблемот на високото образование е одбојноста кон било какви реформи од страна на тие што одлучуваат,професорите, и акамедиците. А зошто би се реформирале? Тие се насекаде, освен на факултетите. Тие се во Владата и по сите државни и приватни надзорни и останати органи.
Тие се и во Кабинетот на Премиерот како советници на дело. Велат,затоа премиерот има 120 советници на дело во однос на 80 кај предходниот премиер. Претежно тоа се Уким-аши на дело или професораши на дело,како сакате. Тие се и дежурни дебатa-ши на дело на националните телевизии и колумбисти на познатите портали и печатени медиуми. Тие се доминантни НГО-они и НГО-ончиња во невладиниот сектор. Тие во реформите и реструктуирањето на државата сите овие 30 години се насекаде. Тие прават закони, програми за реструктуирање, бизнис планови, реформи во пензискиот, банкарскиот,монетарниот и службеничкиот сектор. Тие се во ист момент и професори,бизнисмени и политичари. Цели 30 години…….И по правило ништо не потпишуваат да не се остави трага врз нивните професорски, докторски и академски титули, без разлика што титулите претежно им важат меѓу Гевгелија и Табановце. Тоа им доаѓа како семинарска пракса за нивните титули за добро платени договори.
Тие се насекаде, како terminal cancer. И тоа за државичка од 1.5 милиони граѓани on the ground, во која веројатно само 300 илјади нешто произведуваат и ги хранат останатите.
Ќе се запрашате за што всушност се работи? Се работи за пари и ништо друго. Се работи за така наречените contractual easy money. With no any responsibilities. Без срам и перде за конфликт на интереси, кодексот на етиката или општествената одговорност.
Зошто тие би правеле реформи на високото образованието? Одговорот ви е погоре.
Затоа најавените реформи на средното образование треба храбро и без емотивно да се спроведат, за да се присилат Укимашите на реформи на високото образование, без разлика колку тоа ќе ги боли по џебот. И нормално да ја заработат буџетската плата.
————————-
Моја забелешка: Овој текст е пишуван од мојот близнак во хороскоп. Не превземам никаква одговорност за неговите погледи,и размислувања