Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

УКРАИНЦИТЕ ИСПЛАШЕНИ ДЕКА „ЦИРКУЗОТ“ СО ТЕЛЕФОНСКИТЕ ЈАВУВАЊА НА ТРАМП ЌЕ ИМ НАШТЕТАТ НИМ

October 21, 2019 Filed Under: Свет

Во Вашингтон има псотојани сослушувања во врска со политиката која претседателот Трамп ја води со Украина

МАЈА ЈОВАНОВИЧ Трамп ја обвини дека ги потценувала неговите политики

Поранешната советничка на Трамп за Русија – Фиона Хил деновиве сведочеше дека се противела на повлекувањето на амбасадорката од Украина. Таа сведочеше зад затворени врати, а детали од распитот беа објавени во Асошиетед прес, Њујорк тајмс и Вашингтон пост

Фиона Хил, истакнала дека силно се противела на повлекувањето на поранешната амбасадорка во Укрина Мари Јованович, и оти поранешниот советник за национална безбедност Џон Болтон и` кажал на Хил да покрене прашање за загриженост во врска со напорите да се притисне Украина со адвокатите на Белата куќа.

До јули, кога таа ја напушти Белата куќа, Хил беше директорка за Европа и Русија во Советот за национална безбедност на Трамп, со длабоко познавање на надворешната американска политика. Минатата недела, Јованович, дипломатка на Стејт департментот, им кажа на законодавците дека Трамп ја тргнал од функцијата амбасадорка во Украина, врз база на неосновани и неточни тврдења, откако личниот адвокат на Трамп Руди Џулијани ја нападна нејзината работа во Киев.

ВОЛОИМИР КОСТИК Украинците знаат дека овој циркус не е нивен

Да се потсетиме дека Трамп во телефонски разговор со украинскиот претседател Володомир Зеленски во јули годинава, побара Украина да отвори истрага за поранешниот потпретседател Џо Бајден и неговиот син Хантер.

Многу Украинци сега стравуваат дека нивната држава може да настрада од жестоката политичка битка во Вашингтон

Украина е во центарот на процесот за импичмент против претседателот Доналд Трамп, во време кога демократите тврдат дека извршил притисок врз Киев да спроведе истрага за синот на неговиот политички ривал Џо Бајден. Мрежата од обвинувањата, но и контра-обвинувањата ги поткопуваат напорите на Украина да се справи со корупцијата по смената на претседателот Виктор Јанукович во 2014-та.

Многу Украинци сега стравуваат дека нивната држава може да настрада од жестоката политичка битка во Вашингтон.

„Искрено, мислам дека проблемот е меѓу републиканците и демократите. Ова не е наш проблем“, изјави жителката на Киев, Ирина, за Гласот на Америка.

„Украинците знаат дека се работи за американски циркус, театар, дека не треба да обрнуваме внимание“, вели Володимир Костик, кој е роден во Украина, но бил во посета на Киев, а живее во Флорида.

ФИОНА ХИЛ Се противела на повлекувањето н амбасадорката Јованович

Претседателот Трамп го обвини Џон Бајден дека изнудил оставка на тогашниот главен обвинител на Украина Виктор Шокин за да го заштити неговото семејство. Поранешниот потпретседател негира.

Шокин претходно бил под истрага за наводна корупција во енергетската фирма Бурисма, каде со синот на Бајден, Хантер, бил дел од Бордот на директори. Неговиот заменик во тоа време, Давид Сакварелидѕе, за Гласот на Америка, рече дека неговиот шеф бил сменет зашто бил неефикасен.

Инаку, поранешната амбасадорка на САД во Украина Мари Јованович пред Претставничкиот дом, изјави дека претседателот на САД Доналд Трамп извршил притисок врз Стејт департментот таа да биде отстранета од функцијата, објави Вашингтон пост.

ПОЛИТИЧАР Руди Џулијани и како адвокат си останува – политичар

Трамп ја отповика Јованович од амбасадорското место во Украина минатиот мај, по тврдењата дека таа сакала да ги потцени неговите политики.

Во нејзиното подготвено сведочење, поранешната амбасадорка рече дека одлуката на нејзините претпоставени за повлекувањето била базирана на „неосновани и погрешни тврдења од луѓе со дискутабилни мотиви“.

Таа денес сведочеше зад затворени врати пред комитетите на Претставничкиот дом, кои ја водат истрагата за импичмент на Трамп.

 

Filed Under: Свет

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet