Денес е сон за актуелните политичари да имаат зад себе половина милион гласачи. Таа ерупција на народна волја има свое минато и секогаш е врзана за некаков национален и дури националистички набој. Заев го има имиџот на национален „предавник“ и оттаму локалните избори ги имаат видениот резултат. Немаше таков набој и кај Мицковски – и неговите гласачи не се одзваа или се во големото мнози9нство на апстиненти
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Објективно во земјава никогаш немало нормални избори, како што прилегаат на епитетот – европски. Да не се сметаат оние гласања на кои имаше пеење и стрелање (не само во воздух), туку генерално според користената реторика и според никаквата контрола на медиумскиот фер-плеј, просто тие изборни денови, ако погледнеме наназад, како вкусување на супа без во неа да има сол, во најдобар случај.
Многумина ќе речат, како што стои во одделни извештаи за последните, локални избори дека немаше националистичка реторика и дека тоа е голем чекор напред за земјава. Добро, тоа беше точна констатација ако на настанот се гледа само низ една димензија. Постоењето на две спротивставени македонско-албански коалиции, со што етно-фолклорот стана отфрлен „дрес код“, просто би ги нарушил тие сојузи а со тѕоа би го проблематизирал и настапот пред гласачите. Така дојдовме до старата, посакувана цел: граѓански рамки на изборите.
ТРИ ГОДИНИ ПРОТЕСТИ Но, во заднината на тој судир, пред се во клинчот меѓу македонските партии – СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, сепак стоеше мизансценот на наметната слика на наводното „предавство“, преточено во она „името ни го предадоа“. Последната констатација се говореше три години по ред на многу собири на партијата што си го присвои црвено=- црната партија, заедно со други симболи на отпорот кон Османлиите, од крајот на 19.век. Просто оваа победа на локалните избори стоеше како ехо на тие повеќегодишни собири, после потпишувањето на Преспанскиот договор, што јавни, што затворени, по меани, зад чадот на цигарите, или пред маалски кооперации, со пиво во рацете. Вистина е дека масовноста кај вмрoовците беше силно попуштена, особено и заради фактот дека опoзицијата си ги задржа работните места, не беше предмет на мобинг (што таа сега, по локалните избори, одново си го дозволи од првиот ден на победата!), но и фактот дека настапи нова реалност: евро и нато интеграциска! Таа ситуација на нова реалност сепак одржа некаква целина на вмроoвското гласачко тело, во со мала минијатура кај комплетниот впечаток, но пак од друга страна зара присутмната претходна патриотска патетика одзема еден силен сегмент на „комуњарските гласачи“ од последните три децении.
Кои се тие? Па оние кои беа хранети од големата или мала лажица на национализам кој ја нудеше и СДСМ во својата изборна супа. Често не и низ пароли пред гласањето, но одново како видлива сценографија која стои зад говорниците или во изградените слики во јавноста.
ПРЕД И ПОСЛЕ ГОСТИВАРСКИТЕ НАСТАНИ Да се вратиме на клучните избори од 1998 година, кога дојде до големата пресвртница во лево-десните мнозинства во Собранието на РМ (тогашно). Лидерот на социјал-демократите Бранко Црвенковски го насети тоа, особено заради силните критики за транзицијата на општествениотѕ капитал во рацете на неколку идни могули, кои веќе му свртеа грб (!) па се креираа настаните од Гостивар и Тетово (9 јули 1997). Тие настани одново имаат врска со локалните избори, одржани за прв пат, што секако е значајно за потсетување, бидејќи, доведе до милитаризација на дел од албанските граѓани и создаде атмосфера на страв и загрозеност на двете страни на замислената етничка линија.
Да не должиме: таа атмосфера се претвори во пораз на СДСМ и пиобеда на ВМРО ДПМНЕ на изборите во 1998 година. Разџликата беше во корист на партијата на лидерот Љубчо Георгиевски (имаше малку над 313 илјади гласачи против скоро 280 илјади гласачи за социјал-демократите). Инаку, историјата се повторува одново – дел од коалиционите партнери на Црвенковски, како и сега кај Заев, заминаа „соло“ на овие избори. Социјалистите на Ѕинго, охрабрени со успехот на локалните избори (9 отсто од вкупниот број на гласачи, плус новооснованата ТВ Сител, замислен како ентртејмент тв куќа, која преку ноќ стана десно-политичка!) не освоија ниту еден мандат (имаше компликуван Донтов модел), ЛДП се одвои ама освои само 2 мандати, како и другите помали партии кои немаа успех, додека ДА на Васил Тупурковски имаше 5 мандати (термин кој се користеше тогаш) што создаде нова коалиција која го симна Бранко од власта. Неговата демонстрација на сила во спроведување на Законот знамиња не се покажа доволна во однос на воинствените тапани на „комитите“. Ама ќе биде кредит што подоцна ќе се искористи!
КОРИСТЕЊЕ НА КРЕДИТОТ Оваа ситуација имено се сврте непосредно после изборите, кога гласачите кои сметаат дека сега добиле силен национален штит кај ВМРО (ДА беше само т.н. граѓански шлаг на таа влада) кога албанскиот електорат доби некакви гаранции во идната коалициона влада. Тоа наиде на мрморење кај потв рдите националисти. Потоа тоас министерката за внатрешни, Доста Димовска, сега покојната „војвотка“ рече дека „отаде Групчин ништо не ме интересира“ а кога убиството на четири полицајци кај Арачиново во јануари 1999 г. предизвика млака реакции во самата полиција, кај комитската раја предизвика само – бес!
Впрочем, веќе таа зима, во стартот на 1999 година се создадоа силни тензии на улиците. Синдикалниот протест (29 февруари) имаше бројни придружници токму меѓу граѓаните кои извикуваат пароли, сега за предавството на Љубчо“, особено дојдени од подрачјето на Западна Македонија (или отаде Групчин, според картата на „војвотката“). Тоа беше веројатно најголем синдикален собир на сите времиња кај нас, но секако до израз дојде и симбиоза со една силна разочараност на отапената острина на изгласаните националисти!
На спортските настани во она време појавата на Црвенковски беше бурно дочекувана од навивачите, кои сметаа дека требало да биде избран оној кој на „противниците“ им „покажал заби“ при интервенциите во Гостивар и Тетово во претходното лето.
БРЗА ПРОМЕНА НА ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ На оваа историска променада треба да се додадат и другите настан и во таа 1999-та година. Најпрвин претседателскиот кандидат Тито Петковски во првиот круг убедливо водеше со над 343 илјади гласови над противкандидатот Борис Трајковски од ВМРО ДПМНЕ со 210 илјади гласови. Каква промена во гласачкиот став за една година! Ситуацијата радикално се преврте во вториот круг со силна поддршка на албанскиот електорат кој наседна на паролата „не мора да плаќате струја…“, ефект кој се чувствуваше и деценија потоа, со недисциплина на потрошувачите на киловати.
Ова само ја засили нетрпеливоста на македонското електоратско тело, она која посакува, нели, да вкуси малку националистичка сол во политичкиот ручек, кое го доживеа бомбардирањето на екс-Југославија (Србија и Црна Гора) од страна на дел од земјите на НАТО. Следуваше палење на американската амбасада (во која тогаш беше амбасадорот Хил), потоа низа чекори на солидарност со северниот сосед (посети и дарување на хуманитарна помош и крв), со цели колони граѓани помогнати од скопските таксисти. Ова сериозно ја промени јавната свест кај македонскиот гласач (во етнички смисол) а да не говориме за неофицијалната, но вистинска граѓанска војна, со влез на вооружени формации од Косово во земјата во март 2001 годихна. Овој конфликт (официјален термин) кој заврши со познатиот Охридски договор и востоличувањето на униформираната групација во цивилна партија – ДУИ.
Бранко Црвенковски практично на парламентарните избори во септември 2002 година само ги собра плодовите од набојот кој настана со фактот дека една коалиција која дојде на власт со закани кон албанските позиции дозволи да имаме војна со огромна, пред се политичка ерозија, бидејќи секако имаше основ таа да не се случи. Тука дојдоа, какко капак и идеите за поделба на Македонија (ах таа МАНУ) што било прочитано и како инкорпорација на бугарскиот реваншизам..
КАКО ПАДНА ГЕОРГИЕВСКИ Резултатите на парламентарните избори во 2002 г. (знаете она „на 15 септември…) беа соодветни на општата атмосфера – Георгиевски доби скоро 300 илјади а Црвенковски скоро половина милион гласачи! Ако ги погледнете тие бројки денес мора да се забележи дека за нив актуелните политичари можат само да сонуваат.
Ова гласање беше тежок чекан врз реномето на ВМРО ДПМНЕ која некоја година подоцна резултираше со партиски расцеп и дури и физичка пресметка во рамки на самите партијци. Но, фантомот на националистички чувства не остана мирен – прифаќањето на Охридскиот договор а особено прифаќањето на ДУИ како коалиционен партнер (не веднаш, ама сепак на крајот прифатен) одново беше масло на оган која и од Бранко направи „отстапувач од каузата“. И овозможи појава на следниот противкандидат од опозицијата – Груевски… Другото го знаете,.. Како и фениоменот на влијанието на албанскиот фактор, кој секако си имаше своја национална наркоза со која им приоѓаше на гласдачите и правеше секогаш изборите да бидат тензични. Барем до сега.
Факт е само дека слабиот излез на гласачи (под половина од гласачкото тело)
со што изборите се „легални а не и легитимни“ (Ѓулистана Марковска). Во основа, заради сите елементи кои исклучија директно користење на националистички вокабулар. Секако, како и многу пати до сега мизансценот не се промени (за македонските гласачи тоа беше веќе толку споменуваниот анимозитет кон Преспанскиот договор и она „името ни го предадоа“), само што тоа се изрази преку апстиненцијата од гласање или големиот број на неважечки ливчиња (60 илјади).