Посетата на едне нестандарден градоначалник како Бутарис на МСУ е само доказ дека во мигот единствено клтурните установи умтниците се „цементот“ на новите, анационални врски на Балканот
Редакцијата Глобус уште во февруари лани пишуваше за иницијативата на скопскиот Музеј на современата уметност на соодветната индтитуција во Солун како дел од иницијативите да се забрзаат подобрите релации во областа на културата на Балканот. На тогашната средба помеѓу директорките Мира Гаќина на МСУ и Марија Цацаноглу на Државниот музеј на современа уметност во Солун, било истакнато дека музеите може да соработуваат и на планот на заеднички настап при конкурирање пред фондови во ЕУ и други меѓународни структури. Двата музеја се фокусирани кон современото уметничко визуелно творештво и имаат автентични и оригинални колекции кои покриваат важни периоди од светската уметност на 20 век.
Било утврдено и дека постои можност за директна соработка во научно-истражувачката област меѓу МСУ и Центарот за современи уметности кој, заедно со Музејот на фотографија, е во склоп на солунскиот Државен музеј. Договорено било конкретната соработка да биде предмет на идниот работен состанок во Скопје. Во Музејот на фотографија, пак, директорот Херкулес Папајоану навел конкретни предлози за размена, истражување и заедничко излагање, учество на млади уметници на Солунскиот фестивал, размена на информации за рецентната продукција во областа на уметничката фотографија.
Тимот на МСУ имал работна средба и во Македонскиот музеј на современа уметност во Солун, чие основање е инспирирано од музејот во Скопје – со солидарен пристап по земјотресот во Солун во 1976 година. Според директорката Тули Мисироглу, тоа е добра подлога за развивање вистинска и плодна соработка.
Директорката Гаѓина со своите соработници биле во посета кај заменикот-градоначалник на Солун, Ели Крисиду одговорна за културата и уметноста во градот. „Крисиду во исклучително пријатен амбиент најави секаква помош за идејата за соработка на уметничката сцена од двете средини. Нагласено беше дека и градоначалникот Бутарис во развојот на современата визуелна уметност препознава важен приоритет за солунската администрација и општествениот живот во овој град, како и дека таквата ориентација ќе биде поддржана“, стои во соопштението на Музејот на современата уметност.
Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис, кој има корени од Крушево, заедно со грчката делегација и директорката на МСУ Мира Гаќина неодамна ја разгледа изложбата на македонскиот уметник Глигор Стефанов „Грабење во просторот“. Бутарис бдше во градот за време на својата официјална посета за одбележувањето на 56-годишнината од земјотресот и средбите со македонскиот политички врв. Бутарис, кој важи за голем пријател на македонските политичари го тера вториот градоначалнички мандат а се изјасни дека нема да оди на трет мандат, иако статутарно таква можност има. Прв пат беше избран за градоначалник на Солун во ноември 2010, а реизбран е во 2014. Во 2013 тој прв пат дојде во официјална посета на Македонија, при што откри дека има влашки корени, од Крушево.
Директорката Гаќина потсети дека Бутарис својата особена симпатија за МСУ ја покажал и на отворањето на изложбата на скопскиот музеј со дела на 14 уметници од Југоисточна Европа „Сѐ што ни е заедничко“ во Музејот на модерна уметност во Солун (МоМУС).
„Тој на отворањето им се обрати на бројните заинтересирани посетители нагласувајќи дека историјата и профилот на МСУ му се познати од поодамна и дека и други институции во Солун го имале МСУ како инспирација при создавањето. Неговата силна поддршка за грчко-македонска соработка секако делува охрабрувачки и за нас и за партнерите од Грција, бидејќи најавените амбиции не се мали. Конкретни нови проекти кои се веќе препознаени и започнати се изложба на МСУ Солун во МСУ Скопје овој септември, како и првата заедничка летна школа и кураторските и уметничките резиденции.
Бутарис се залага соработката да се прошири и со партнери од Атина и да се збогати со директно учество на уметниците и кураторите на двете земји. Ретки се градоначалници кои со храброст влегуваат во пресметка со конзервативизмот и кои знаат дека зад успешен град стои жива уметничка сцена“, вели Гаќина.
Бутарис е роден во Солун, син на винарот Стелиос Бутарис и Фани Влахос, Влаинка од семејството Ничота од Крушево. Дипломирал хемија на Универзитетот Аристотел во Солун, а магистрирал енологија на Институтот за вино во Атина. Речиси 30 години работел во семејната винарија „Бутари“, а во 1998 ја формира сопственавената винарија „Кир-Јани“.