„Тоа беше грешка“, изјави неодамна Каталин Новак додека поднесе оставка од функцијата унгарски претседател поради помилување на човек осуден за засолниште на педофил.
Унгарската претседателка Каталин Новак неодамна поднесе оставка поради контроверзната одлука за помилување на маж кој беше осуден за прикривање злосторства извршени од сексуален предатор во дом за деца, објави Еуроњуз. Таа во телевизиско обраќање објави дека се повлекува од функцијата претседател на државата, која ја извршува од 2022 година. „Дадов помилување што вознемири многу луѓе и тоа беше грешка“, рече Новак.
Таа помилува 20 луѓе пред посетата на папата Франциско на Унгарија во април 2023 година, а неодамна беше откриено дека меѓу нив бил и заменик директорот на домот за деца кој бил осуден за прикривање на сексуален престапник кој малтретирал деца во таа институција.
Опозициските партии во Унгарија ја поминаа неделата барајќи смена на Новак, како и Џудит Варга, поранешната министерка за правда која го потпиша помилувањето и се очекува да ја предводи листата на владејачката партија Фидес за изборите за Европскиот парламент оваа година!
Повеќе од 1.000 луѓе се собраа во петокот во Будимпешта, барајќи оставка од Новак, близок соработник на премиерот Виктор Орбан, објави претходно бриселскиот портал Политико. Во обид да го смири народниот гнев во врска со случајот, партијата Фидес на премиерот Виктор Орбан во четвртокот поднесе уставен амандман со кој се забранува идните помилувања да имаат корист на кој било начин на лица осудени за злосторства против деца.
Новак оваа недела призна дека помилувањата предизвикуваат поделби, но инсистираше дека „никогаш нема да помилува педофил“.
Барем во Унгарија многу помалку прав подигна фактот дека Унгарија намерава ако Русија ја победи Украина , да влезе во оваа земја и да „отсече“ парче од „победничката торта. Според Дојче веле ова се случило на настан на кој учествувал и пратеникот на Алтернатива за Германија, Петр Бистрон, каде унгарскиот политичар ја претставил својата визија за иднината на Карпатите, тврди унгарскиот портал 444.hu.
Унгарската влада направи обид да ја смири ситуацијата, забележуваат германските јавни медиуми: Министерот за надворешни работи Петер Сијарто истакна дека Будимпешта го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.
Сепак, професорот Улф Брунбауер од Институтот за источна и југоисточна Европа Лајбниц смета дека владата на премиерот Виктор Орбан не е рамнодушна на жестоката дискусија. Во Унгарија од 1920-тите постои т.н „Трианонска траума“, според која политичарите и општеството сè уште тагуваат по старата Велика Унгарија.
Орбан со години се позиционираше како светец-заштитник на унгарските малцинства во Словачка, Романија и Украина. Како премиер, тој не може да има директни територијални претензии, но секако не е разочаран од покренувањето на темата по линијата на екстремната десница преку примерот на Украина, забележува АРД.
Брунбауер смета дека лидерот на „Нашата татковина“ Тороцкаи го кажува она што претставниците на унгарската влада не се осмелуваат. И владата во Киев најверојатно ќе биде загрижена – бидејќи сигналите испратени од унгарската влада во последните години не укажуваат на тоа дека границите се прифаќаат по внатрешно убедување.
Слични трендови се забележуваат и во соседна Романија, пишува АРД. Водечки политичар од екстремно десничарската партија „Алијанса за единство на Романците“ го повика Букурешт да земе дел од територијата на Украина. Клаудио Турзиу, кој е еден од претседателите на партијата и кандидат за европските избори, сака Романија да се обедини со нејзините поранешни територии, кои сега се дел од Украина, како и со Молдавија.
Заменичката Дијана Шошоака, лидер на друга екстремно десничарска партија – СОС Романија – дури поднесе предлог-закон до парламентот со кој бара анексија на украински територии кон Романија. Премиерот Марсел Чолаку остро го критикуваше ваквиот пристап и посочи дека таквата политика ќе биде само во интерес на Кремљ.
Украинскиот парламентарец и претседател на Комисијата за надворешни работи Олександр Мережко смета дека паралелните територијални претензии кон Украина се причина за загриженост: „Путин го сака токму тоа. Не исклучувам дека овие изјави се на некој начин координирани“. Тој не виде јасна разлика од страна на унгарските и романските власти од неприфатливите барања.