МАЈКЛ КУПЕР
Грандиозата, позлатена Унгарската државна опера е местото каде што Брамс еднаш слушнал како Малер го изведува Моцарт. Тука е шокантниот „Мамецот на Симнобрадиот” на Барток, премиерно изведен пред еден век. И тука уметникот Метју Барни сними дел од неговиот циклус „Кремастер”.
Овие денови, операта е исто така сцена на културна војна. Кадарот е моментално среде најголемото проширување, благодарение на инвестиции од неколку стотици милиони долари, што ги даде се поавтократската влада на десничарот, премиерот Виктор Орбан. Тој го гради она што го нарекува „либерална демократија”, а театрите, оперите и концертните сали се опишуваат како „храмови на националната култура”.
Парите што се сега во исплата е за првата голема реконструкција на Државната опера после Студената војна, а со нив ќе се доградат уште три сцени кои се очекува да бидат завршени во 2019 година.
„Нашата музичко наследство отсекогаш било многу силно и ние треба да го претставиме”, рече Силвестер Оковач, извршен директор на операта од 2011 година.
Но, во средината на десничарските погледи на светот, опрата предизвика контроверзии. Откажан е настапот на мјузиклот „Били Елиот”, кога еден конзервативен весник го нарече „геј пропаганда” и го постави „Порги и Бес” со исклучиво бели пејачи и покрај желбите на креаторите на мјузиклот.
Многу водечки класично образовани музичари во Унгарија, особено оние со меѓународни кариери, ја критикуваа владата на Орбан. Еминентниот пијанист Андрас Шиф повеќе не настапува во Унгарија, каде што е роден. Адам Фишер поднесе оставка како музички директор на Државната опера во 2010 во знак на протест против владината политика. Неговиот брат Иван, музички директор на прославениот фестивал во Будимпешта, е жесток борец за човекови права. Браќа, сепак, настапуваат во Унгарија.
Орбан ја гледа културата како дел од националниот идентитет. Веб-страницата на владата вели дека, наводно, оперската ѕвезда Пласидо Доминго му го честитала реизборот на Орбан, фалејќи го како „голем пријател на уметноста и културата”.
Фридс партијата на Орбан ја презеде контролата врз назначувањето на уметнички режисери, што доведе до доведување на нови директори од таа партија, вклучувајќи го и Оковач.
„Ова секогаш беше државна опера, и тоа е сè. Никогаш не сум бил под притисок”- вели тој.
Унгарија повторно го отвори вториот оперски оперски театар Еркел кој ја води Државната опера како поевтина алтернатива. Главната зграда треба да биде завршена до септември. Третата сала за камерни работи се гради на местото на стара железничка зграда.
Во последниве години, Државната опера има повеќе перформанси од било која друга компанија, а некои се доста инвентивни. Фестивалот на Пучини беше погодок летово ( се играше и традиционалниот „Боеми“, но и една помодерна верзија) но и раритети како „Едгар“.
Одбележување на годишнината од „Мамецот на Синобрадиот” во мај, доби позитивна критика од Џон Алисон во списанието Опера, каде е наведено дека „ниту еден од оркестарот повеќе отколку сега не се соживеал со оваа музика.”
Но, Државната опера флертува со контроверзии. Во јануари, поставување на „Порги и Бес”, се пресели во еден хангар полн со бездомници, кои ја бараат ветената земја – тоа толку потсети на бегалската криза, а хангарот потсетуваше на железничката станица во Будимпешта во 2015 година, но исто така и на анти-имигрантската став Орбан.
Потоа управата го откажа мјузиклот „Били Елиот”, по 15-татаизведба откако Софија Хорват, колумнист во листа на провладиниот „Маџар ирок“ го нарече мјузиклот геј пропаганда.
„Само затоа што нешто што е неоспорен дел од животот се појавува на оперската сцена, не значи дека треба да се промовира”, заклучи таа.
Во текот на годината контроверзноста, Оковач најави дека програмата за следната година ќе биде насочена кон хриситјанските вредности. Ова нема да наиде на критики во десничарскиот печат.