НИКИЦА КОРУБИН
Но, која е намерата на постојаното одлагање? Тоа ли ќе биде цената на уште една Пирова победа, губење на она малку што останало од исклучителните универзални вредности? Овој чудесен спој на култура и цивилизација ставен на олтарот на „политичката воља” и политикантската потреба. И кого всушност лажеме ние? Самите себе, другите?
Одлуката за статусот на Охрид и охридскиот регион ќе се донесе, дали ќе биде политичка или стручна, ќе зависи од самиот комитет на УНЕСКО. Но, битна е намерата и што со неа се сака да се постигне. Официјално, Северна Македонија, ништо не побарала, бидејќи такво право и нема, но амандманот од БИХ е веќе видено сценарио и веќе помината „дипломатска битка”.
За образложенијата во амандманот одговор треба да даде официјална БИХ, на што ги темели своите сознанија дека дури две години, наместо претходните шест месеци, треба да им се дадат на Северна Македонија и Албанија? Белким не е само на лобирањето на македонските претставници, ако такво имало … не е само на лобирањето на македонските претставници, ако такво имало …
Но, која е намерата на постојаното одлагање? Уште една Пирова победа? Пир, ја добива битката, но ја губи и војската и државата. Тој маркантен историски лик, тука блиску од Епир. Тоа ли ќе биде цената на уште една Пирова победа, губење на она малку што останало од исклучителните универзални вредности? Овој чудесен спој на култура и цивилизација ставен на олтарот на “политичката воља” и политикантската потреба. И кого всушност лажеме ние? Самите себе, другите?
Ако БИХ не го даде одговорот, треба нашата држава да го даде. Ама не декларативно, туку суштински. Не на зборови, туку со дела. Не како наменски ад хок ангажман, туку како реален, видлив и применлив. Затоа што, изборите ќе поминат, и власта ќе помине, исто и позициите и хедонизмот, и оваа генерација, која ако вака продолжи, ќе биде генерација за заборав. Генерација која успеала значително да го влоши и да го загрози, ова бесценето културно и природно наследство, создадено од цивилизација која создавала, а не варвари кои рушеле. Ама, сведоштвата ќе останат. Како се руши со незнаење и алчност, како се уништува со површност и приученост. Како се остава пустош, во име на лични и партиски, во контекст на историјата, безначајни потреби.
Денес на Плаошник е тажно. Археолошките остатоци стојат запуштени и загубени, во монструозноста на новите градби, кои газат со силата на незнаењето на нашата духовност. Како потсетник, каква е всушност денес грижата за Охрид и охридскиот регион реално, а не декларативно за пред другите. А, и како потсетник до власта, дека пред да вети пред УНЕСКО што ќе направи во следните две години, треба да каже што не направи во изминатите. Како репер за исполнување на обврските. Кои очигледно „траат” само по потреба, но не онаа на државата, граѓаните и исклучителните универзални вредности, туку онаа на естаблишментот и партократијата.Овој чудесен спој на култура и цивилизација ставен на олтарот на „политичката воља” и политикантската потреба. И кого всушност лажеме ние? Самите себе, другите?