Во истражување на овој Универзитет во Санта Клара, Калифорнија, се тврди дека многу бргу може да дојде до „заситеност“ на вирусот
ВРВ НА БРЕГОТ Американско испитување смета дека бројот на инфицирани е многу поголем од официелните податоци – болниците го имаат врвот на ледениот брегНашите јужни соседи во саботата вечер бележеа 2.235 случаи на заразени од корона вирус. Починати се 110 лица а оздравени 269 лица. Ова се оценува како добар резултат за локалното здравство и укажува на дисциплина на Грците.
– Грција повеќе не е „црна овца“ на Европа, покажа дисциплина и жилавост во борбата проив епидемијата со корона вирусот – изјави во саботата грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. Изјавата е дел од неговото интервју за „Катимерини“, каде тој додал дека неговото настојување за воведување на ригорозни мерки била исправна, наспроти последиците по економијата на земјата.
„Некогаш наутро се будам со мислата за тоа дали тоа беше неопходно. Очекувавме добра фискална 2020 година и мислевме дека кризата ја оставивме зад нас“ – рекол тој.. Мицотакис оценил дека падот во длабока рецесија ќе се надомести во следната 2021 година.
Грција има 10 милиони жители и има помал број на заразени од земјите со сличен број на население.
Распространетоста на корона вирусот можно е да поголема отколку што се мислело, укажува истражувањето што го спровеле научници од американскиот Универзитет Стенфорд. Према ова истражување, кое не го минало процесот на рецензија, инфицираноста со овој вирус може да е 50 до 85 пати поголема од она што го покажуваат официелните пдоатоци., пренесува Гардијан. Во ова истражување анализирани се антителата од примероци на крв земени од 3.330 здрави граѓани во округот Санта Клара во Калифорнија, како би се утвдило дали овие личности буиле заразени со корона вирус.
Во време кога истражувањето е спроведено, во окруот Санта Клара имало 1.004 случаи на зараза од коронавирус и 50 смртни слуачаи заради последици од заразите. Меѓутоа, судјеќи според стапката на зараза во анализираниот примерок, можно е на почетокот на април во околијата на Санта Клара можно е да имало меѓу 38.000 и 81.000 заразени.
Градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио ги повика своите сограѓани да ги фотографираат и пријават сите оние кои не ги почитуваат мерките за задолжително физичко дистанцирање. „Кога ќе видите гужва, кога ќе видите дека луѓето не ги почитуваат мерките, кога ќе видите преполн супермаркет, можете тоа веднаш да го пријавите за да побараме помош и да го решиме проблемот“ соопшти Де Блазио. По пат на новиот сервис њујорчаните можат да испратат фотографија, со текст и локација, по што ќе реагира полицијата.
Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени вкупно 2.287.831 лице. Од нив починати се 157.522, а оздравеле 585.838 луѓе
Руското Министерство за здравство смета дека не постојат пречки за користење на кинескиот лек хидроксиклорокин, кој не е регистриран за лекување на Ковид-19 во Руската Федерација. Во Шпанија во изминатите 24 часа починаа 565 лица, што е за 20 помалку во однос на претходниот ден. Сепак, со оваа бројка Шпанија, после САД и Италија стана трета земја во светот во која вкупниот број на починати надмина 20 илјади и бројката сега изнесува 20,043. Во последните 24 часа во Италија починаа 482 лица, а новозаразени со коронавирус се 3.491 граѓанин. – Вкупно 142 смртни случаи се регистрирани во последните 24 часа во Холандија, со што смртниот биланс од коронавирусот во земјата достигна 3.601..
Како стојат работите на Балканот? Во Босна и Херцеговина до аботата коронавирус е потврден кај 1.260 лица, од кои 47 починале, а 338 оздравеле, соопшти Министерството за цивилни работи. Во Хрватска за две седмици се продолжени рестриктивните мерки воведени поради сузбивање на епидемијата, соопшти денеска министерот за внатрешни работи и шеф на кризниот штаб Давор Божиновиќ. „Тоа пред се’ се однесува на мерките за собири, работата на продавниците, услужните дејности, спортски и култуни настани“ , појасни тој.
Иако е Бугарија четири пати поголема од Македонија таа има мали бројки во однос на епидемијата. До саботата државата бележеше 878 заболени, 41 смртни случаи и 153 оздравени пациенти.