Познатиот режисер смета дека иако прашањето на името е контраверзно, ние сепак сме опстојале
Остана контроверзно името, но ние успеавме Македнија да остане. Тоа е најважно, без разлика што некои не сакаат да чујат за Северна. Сепак тоа ни помогна да излеземе од жива кал, смета режисерот Слободан Унковски во гостувањето на емисијата „24 анализа“.
Режисерот потенцира дека заслугата на премиерот Зоран Заев е немерлива.
– Европа што побара од него, тој испорача со големи жртви и крв. Направи се што можеше да се направи и мислам и повеќе од тоа. Сметам дека неговата оставка е поради тоа што тој чувствува дека беше напуштен од народот и на тоа се должат изборите. Ова е максимумот на на македонските политичари. Таа негова храброст е фасцинантна. Можеме да го нарекуваме ваков или таков, но тој чекорите што ги направи не може никој друг да го направи. Сега може да си оди, за да видиме дали другиве интелектуалци што ќе направат или само ќе седат некаде и ќе коментираат. Да видиме дали ќе излезат и ќе соберат храброст, рече Унковски.
Режисерот Слободан Унковски во емисијата 24 анализа рече дека мораме да преминеме од пасивна во активна позиција. Од чекање и млост од други никаде нема да стасаме.
– Треба да ги испитаме сите варијанти и да не бидеме заложници на комплексноста на речавање во Европската унија на целата ситуација со Бугарија, која е ирационална. Не треба да се напушти идејата за ЕУ, но мора да смислуваме други патишта. Не се знае дали и по шест месеци ќе се реши нешто. Секое избрзано решение за нас ќе бара преголеми компромиси. Има точки за кои нема компромис. – рече Унковски.