Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

УПОРНОСТА НА НАВИВАЧИТЕ ГО СПАСИ „ВАРДАР“ ОД УДАВУВАЊЕ

August 4, 2021 Filed Under: Македонија

Фирмата „Blue sky investment“ го купува клубот, Горан Симев е новиот стратег. Долговите кон коминтентите се околу 2,4 милиони евра. Договорот со „Блу Скај Инвенстмент“ ќе биде од март 2022 година.

СКАП СИМБОЛ НА ГРАДОТ ФК Вардар со децении се дави во долгови

Она што медимите го најавија уште пред десет дена, деновиве се чини е во звршна фаза да се оствари. Вардар ќе има нов газда, и тоа во името на Слободан Крстевски и неговата фирма „Blue sky investments“. Преговорите за купување на Вардар со град Скопје и со актулниот сопственик на клубот, Сергеј Самсоненко се чини завршија, но со минимални детали за јавноста. Се разговараше и за превземање на долгот.

Оваа компанија, инаку, според спортските протали е „виновна“ за трансферот на Бесар Гуџуфи во Бешикташ и како што дознаваме има големи планови за формирање на вардаровата школа дкоја би прераснала во водечка на Балканот. Инаку нов шеф на стручниот штаб ќе биде Горан Симов, некогашниот голман на Вардар и довчерашен стратег на Силекс.

Освен првичната цел, која е враќање во Првата лига, новото раководство на клубот има намера да се засили со повеќе квалитетни имиња..

„Благодарност до сите кои се ангажираа Вардар да биде исправен на некакви здрави нозе и да функцонира. Благодарност до градоначалникот Шилегови и до старите сопственици. Имаме големи планови, можеби уште поголеми од минатите сопственици. Во преговори сме и со странски и со домашни инвеститори, за кога Вардар ќе се врати во Прва лига, да инвестираат во клубот. Планираме да ангажираме и некои лица во Вардар кои во минатото играле за тимот и од тука, но и од странство“, изјави Крстевски.

ДОГОВОР Градско собрание сепак се приклучи на опрацијата на спас на ФК Вардар

Долговите кон коминтентите се околу 2,4 милиони евра. Договорот со „Блу Скај Инвенстмент“ ќе биде од март 2022 година.

Драмата околу судбината на овој клуб беше силна. Навивачите самите собираа пари за клубот да функционира колку – толку. Впрочем, ФК Вардар е македонски фудбалски клуб од Скопје кој моментално ќе игра  во Втората македонска фудбалска лига. Клубот игра на Филип II Арената во Скопје со моментален капацитет од 33.460, но заради долгови не може таму и да тренира.

ФК Вардар е најтрофејниот и најпознатиот македонски фудбалски клуб, со освоени 11 национални првенства и 5 национални купови.

Фудбалски клуб со името Вардар во Скопје имало уште од 1911 година, тој клуб бил познат како Вардар Топаана. Според пишаните документи овој прв клуб со име Вардар со голема мака и напор се трудел да го рашири фудбалот како спорт. Со почетоците на Балканските и Првата светска војна овој клуб како и останатите згаснале. Второто појавување на клубот Вардар е во 1920 година. Денешниот фудбалски клуб Вардар е формиран во 1947 година кога тогашните скопски фудбалски клубови (и воопшто спортски друштва) „Македонија“ и „Победа“ што соедниниле во еден клуб кој го добил името Вардар и препознатливата црвено-црна боја. Првите квалификациони натпревари Вардар ги одиграл против Слога од Нови Сад, со резултати 1:1 во гости и победа од 1:0 во Скопје, Вардар станува член на Првата сојузна лига на Југославија.[ За времето на сојузната лига на СФРЈ Вардар беше единствениот клуб од Македонија, со што своевидно претставуваше фудбалска репрезенатција на Македонија. Во тие години речиси сите млади и талентирани фудбалери од Македонија играа во Вардар.

СТАРТ ОД ДОГОДИНА На крајот на јули договорот со новиот газда е постигнат

За Вардар, најуспешен период беше кога предводен од Дарко Панчев и Илија Најдоски што ја освои титулата првак југословенската Прва Лига. Со освојување на лигата, Вардар стана единствениот македонски фудбалски клуб кој го освоил југословенскиот шампионат. По распаѓањето на Југославија и составувањето на македонската Прва Лига, Вардар беше еден од најдобрите клубови. Но, следните шест години успехот на Вардар почна да опаѓа, а успесите се враќаат под водство на тренерот Ѓоко Хаџиевски, со освоени две титули во сезоните 2001/02 односно 2002/03. Во сезона 2010/2011 ФК. Вардар испаѓа од прва лига, но по направената фузија со ФК Миравци останува да се натпреварува во првата лига.

Вардар првпат во својата историја од следната сезона ќе игра во Втората македонска фудбалска лига. Првпат, само поради онаа фамозна фузија со ФК Миравци која и денеска го следи.

Filed Under: Македонија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet