Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

УПОРНО И НЕКАЗНИВО СЕ УНИШТУВААТ МАКЕДОНСКИТЕ ШУМИ

June 2, 2026 Filed Under: Македонија

Сечењето на практично небанетото шумско богатство одмна е значаен ревир за незакоито богатење а тоа потоа се пелева како „инвестиции“ во други подрачја. Кога се чуло за некакво суудење на некаква банда од оваа област?

МАСАКР: Во перидот 2010 – 2021 година илгалното сечење на шумите е зголемено за 2,5 пати

Шумите во Македонија со децении се под силен притисок, а многу шумарски експерти и екологисти сметаат дека денес постои сериозен негативен тренд особено ако се спореди со периодот пред осамостојувањето на државата. Не станува збор само за една причина, туку за комбинација од повеќе: бесправна сеча, шумска мафија, пожари, сиромаштија, корупција, лошо управување и климатски промени.

Според официјалните податоци, шумите и шумското земјиште зафаќаат околу една третина од територијата на Македонија. Но, денеска голем дел од тие шуми не се квалитетни високи шуми, туку деградирани нискостеблени шуми, грмушки и шикари.

Министерството за животна средина наведува дека бесправната сеча во периодот 2010–2021 во земјата се зголемила за околу 2,5 пати.

Дополнително, пожарите стануваат катастрофални. Според податоци за периодот 2000–2022 година, во Македонија изгореле повеќе од 200.000 хектари земјиште и шуми. А во последните години Балканот, особено источна Македонија, доживува рекордни сезони на пожари.

Најтажно е што шумата кај нас, а посебно во периоди на суша, расте многу бавно. Дабот, буката, црниот бор, за да станат вистинска шума потребни се децении. А понекогаш се уништуваат за неколку дена.

Постои една стара мисла:

„Шумата не исчезнува одеднаш. Таа тивко се повлекува“ – стои во еден текст „Моја Струмица“ објавен во петокот.

На сајтот https://refordcentre.org/wp-content/uploads/ Прирачник-Борба-против-нелегални-активности-во-шумите.pdf шумите покриваат 31% од вкупната површина на Земјата, со нешто повеќе од 4 милијарди хектари . Во Република Северна Македонија, шумите зафаќаат околу 40% од вкупната површина. Според податоците на Државниот завод за статистика, 88,88% од вкупната површина под шуми е во државна сопственост, а 11,12% во приватна сопственост, А нашата земја е една од земјите со најбогата биолошка разновидност во Европа. Многу растителни и животински видови се реликти и ендеми. Дендрофлората на Северна Македонија се состои од 319 видови дрвја и грмушки со повеќе од 80 подвидови и сорти во 119 родови и 54 фамилии, а 16% од вкупниот број видови се балкански ендеми или суб-ендемити .

Површината под шума и шумско земјиште во Република Северна Македонија, според МАКСтат базата на податоци на Државниот Завод за статистика6 , во 2021 година изнесувала 1.049.300 хектари, што значи дека над 41 % од површината на државата е обрасната со шума. Овој показател е повисок од просекот на Европската Унија, чија покриеност под шума е околу 38 %. Освен ова, под шумска површина се смета и површината под друго шумско земјиште од 95.008 ха и неплодното земјиште 15.618 ха. Најголемиот дел од нашите шуми се листопадни, 620.874 ha (59,17%), каде доминираат насадите од бука и даб. На чисти иглолисни насади отпаѓаат само 69.327 ha или 6,61 %, додека 315.758 ha или 30,09% се мешани шуми. Деградирани шуми се 43.341 ha или 4,13 %. Под шуми во државна сопственост се 907.255 ha, што претставува 86,46% од вкупната површина под шуми, а во приватна сопственост се 142.045 ha или 13,54 %, во кои спаѓаат и шумите во сопственост на верските заедници.

Според податоците од ЈП „Национални Шуми“, кое стопанисува со преку 93% од шумите во државна сопственост, од вкупната површина од 847.256 ha под шуми со која стопанисува ова Претпријатие, само 238.411 ha или 28 % се високостеблени, а останатите 608,845 ha или 72 % се нискостеблени, деградирани шуми и шибјаци. Заради ваквиот квалитетен состав на шумите вкупното годишно производство на техничко дрво се движи околу 15 %, а остатокот отпаѓа на огрев и отпад после сеча.

Filed Under: Македонија

ШТО НЕ ОЧЕКУВА: БОГАТИ НА ХАРТИЈА, СИРОМАШНИ ДОМА
МАКЕДОНСКА ЛЕВИЦА: СЕ ФОРМИРА ФРОНТ ЗА СЛОБОДА И ПРАВДА
ЕВРОПСКИ НЕТО И БРУТО ПЛАТИ
ДЕЈАН ПРОЈКОВСКИ: МЕЃУ МНТ, НОВИ САД И СЦЕНСКИТЕ МЕТАФОРИ НА СОНЦЕТО
МАКЕДОНИЈА И НОВИTE ГЕОПОЛИТИЧКИ ХОРИЗОНТИ

Најново

  • ШТО НЕ ОЧЕКУВА: БОГАТИ НА ХАРТИЈА, СИРОМАШНИ ДОМА
  • МАКЕДОНСКА ЛЕВИЦА: СЕ ФОРМИРА ФРОНТ ЗА СЛОБОДА И ПРАВДА
  • ЕВРОПСКИ НЕТО И БРУТО ПЛАТИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet