Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

УСПЕШНО ИЗВЕДЕНА ВТОРА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА СРЦЕ НА КАРДИОЛОГИЈА

April 20, 2021 Filed Under: Македонија

Ова е огромен успех на македонското здравство, кој немаше да биде возможен без согласноста за донирање органи од семејството на младата пациентка која прерано го загуби животот. Горд сум на моите колеги! – објави министерот за здравство Венко Филипче на фејсбук.

Во саботата рано наутро, 17 април,  успешно е завршена втората транспантација на срце во Македонија, објавија лекарите од Универзитетската клиника за кардиохирургија на социјалните мрежи. Срцето го доби  младо момче во дваесеттите години, а донор е 20-годишна девојка, Верица од Берово, која починала во сообраќајна несреќа, а нејзиното семејство се согласи да ги донира нејзините органи.

– Во 3 часот и 33 минути утринава кај 27-годишно момче зачука ново, донирано срце! Ова е втора извршена трансплантација на срце во историјата на државата, на Клиниката за кардиохирургија.

Честитки до сите колеги и благодарност до целиот тим кој во текот на целата вечер неуморно работеше! Ова е огромен успех на македонското здравство, кој немаше да биде возможен без согласноста за донирање органи од семејството на младата пациентка која прерано го загуби животот. Горд сум на моите колеги! – објави министерот за здравство Венко Филипче на фејсбук.

Тој трансплантацијата ја најави вчера претпладне.
– Денеска, за жал, кај нас има млада почината пациентка, има согласност за донација на органи од семејството и сега се прават проверки и во однос ХЛА типизацијата за тоа дали може да се
направи трансплантација и на срцето и на бубрезите. Ако се најдат соодветни реципиенти во текот на денешниот ден се ќе се заврши – рече  Филипче.
Откако вчера денот помина во барање на соодветен примател на срцето, трансплантацијата почна по полноќ и завршила во раните утрински часови.
Два бубрега се чека да бидат трансплантирани кај пациенти кои долги години биле на дијализа.
Според „А1.он“ во понеделник  се очекува постар човек, чичко Коле, да добие шанса да живее нормално, откако коската со метастази ќе биде заменета со здрава коска.

ПОКЛОН УПАТЕН КОН МРТВАТА ДЕВОЈКА Лекарите со поклон се заблагодаруваат на донорството на младата беровчанка

„Ноќеска згасна еден 20-годишен живот и во исто време најмалку десетина нови добија шанса за нов и подобар живот. Ноќеска едно семејство го изгуби најмилото и во исто време го даде
најскапоценото. Ноќеска еден голем тим на лекари покрај грижата за ковид центрите направија трансплантација на неколку ограни и покажаа дека надеж постои и хуманост во сите нас“, – коментирал еден од докторите кој беше вклучен во трансплантацијата, за „А1он“.
Првата трансплантација на срце беше извршена во мај минатата година. Стануваше збор за почината 43- годишна пациентка, Емилија Динева, чие семејство се согласи да го донира срцето и пациент на 53 годишна возраст, Иван Огненовски, кој долго време чекаше донор.
Трансплантацијата беше извршена од тим на тројца кардиохирурзи под водство на проф. д-р. Сашко Јовев од државната кардиохирургија, акад. д-р. Жан Митрев од „Жан Митрев Клиника“, проф. д-р. Александар Николиќ од болницата „Аиџибадем Систина“ и анестезиологот д-р. Маја Мојсова од
Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, која воедно е и Национален координатор за трансплантација.

Filed Under: Македонија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet