Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ МЕЃУ ПОСТОЈНОТО И МОЖНОТО

July 22, 2025 Filed Under: Колумни

 ТЕМЕЛКО РИСТЕСКИ

Се отстрануават пречките кои постојат во моментот, а идните се отстрануваат ако до нив дојде. Можноста до нив да дојде не смее да биде изговор за неотстранување на постојните пречки.

Некои од политичарите на актуелната владеачка гарнитура се спротивставуваат на уставните измени за внесување во Преамбулата на Уставот на Република Северна Македонија на граѓаните кои живеат во Републикава и кои се дал од Бугарскиот народ и делови од други народи.  Своето спротивставување го правдаат со тврдењето дека Бугарија може да и  прави пречки на Републикава на нејзиниот пат за членство во ЕУ и по внесувањето на Бугарите во Уставот.

Невнесувањето на Бугарите во Уставот е постојна (актуелна пречка) за фактичко отпочнување на преговорите за членство на Републикава во ЕУ според утврдената преговарачка рамка. Идните пречки се можни. Можат да се случат, а и не мора да се случат.

Односот меѓу постојното и можното е длабоко разгледуван проблем во  онтологијата (науката за битието.), а се среќава, покрај другото, и во политичката филозофија.

Постојно (актуелно) е она битие што реално постои во моментот. Можно пак, е она што би можело да настане и постои во иднината. Но тоа не мора нужно да настане.

Според Аристотел, се што постои во светот има потенцијал да стане нешто друго. Невнесувањето на Бугарите во Уставот постои како пречка на патот на Републикава кон ЕУ.  Но има потенцијал таа да се трансформира во нејзина спротивност – внесување на Бугарите во Уставот со што ќе се отвори патот на Републикава кон ЕУ.

Според Хегел, постојното содржи во себе свои  противречности кои го туркаат кон нови можности во движењето на духот. Противречност на невнесувањето, е внесувањето на Бугарите во Уставот. Трето не постои. Така кажуваат логичкиот закон на исклучување на третото и законот за противречноста. Со внесувањето на Бугарите во Уставот ќе се отстрани пречката за фактичко започнување на преговорите за членство на Републикава во ЕУ.  Започнувањето на преговорите ќе отвори нови можности, нови хоризонти, нови полиња на активност.

Спротивставувањето на внесувањето на Бугарите во Уставот со тврдење дека нивното внесување не е гаранција дека Бугарија и понатаму нема да го попречува патот на Републикава кон ЕУ, со нови вета, се базира на можноста тоа да се случува и покрај ветувањата на највлијателните бугарски политичари дека нема да поставуваат други пречки. Тоа тврдење е апсурдно.  Прашање е дали можното во иднина ќе стане стварно – постојно. Во моментов единствена постојна пречка на патот на Републикава кон ЕУ е невнесувањето на Бугарите во Уставот. Други пречки не постојат  и не е извесно дали ќе  настанат од страна на Република Бугарија. Но, сосема е извесно дека поради невнесувањето на Бугарите во Уставот  Републикава се стопира на патот кон ЕУ, дека  поради тоа пред неа тој пат ќе го изодат и ќе станат членки на ЕУ Република Албанија и Република Црна Гора. Со тоа на политичката сцена ќе се појават два нови субјекта кои можат да и ставаат пречки на Републикава на патот кон ЕУ.

Да заклучиме во духот на теоријата на акцијата. Политичарите кои вербално се китат со својот патриотизам, во политичката акција треба да ги отстрануваат постојните пречки. Покрај тоа треба да го согледуваат настанувањето на можни пречки и да преземаат соодветни мерки до нив да не дојде. Ако пак, и покрај преземените мерки, до нив дојде, треба да се борат за нивно отстранување. Се отстрануават пречките кои постојат во моментот, а идните се отстрануваат ако до нив дојде. Можноста до нив да дојде не смее да биде изговор за неотстранување на постојните пречки.

Во моментов единствена  постојна пречка на нашиот пат кон ЕУ е невнесувањето во преамбулата  на Уставот на граѓаните кои се дел од Бугарскиот народ, се разбира, заедно со граѓаните кои се делови од други народи, Хрватскиот, Црногорскиот, Словенечкиот и други кои досега не се внесени во неа. Таа пречка треба да се отстрани.

Filed Under: Колумни

ДВА ИЛИ ЕДЕН ЕКСПРЕСЕН КОЛОСЕК ЗА СОЛУН
ВАДЕЊЕТО НА БУГАРСКИ ПАСОШ НЕКОМУ НОСИ ДОБИВКА А НЕКОМУ И РИЗИК
НЕВИДЛИОТ И НЕЗАПИРЛИВ УБИЕЦ: ЕКСТРЕМНАТА ТОПЛИНА ОДЗЕМНА СЕ ПОВЕЌЕ ЖРТВИ НИЗ ЕВРОПА
СРЕДЕ ЛЕТО НА ЛОВ НА ДИВИ СВИЊИ
УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ МЕЃУ ПОСТОЈНОТО И МОЖНОТО

Најново

  • ДВА ИЛИ ЕДЕН ЕКСПРЕСЕН КОЛОСЕК ЗА СОЛУН
  • ВАДЕЊЕТО НА БУГАРСКИ ПАСОШ НЕКОМУ НОСИ ДОБИВКА А НЕКОМУ И РИЗИК
  • НЕВИДЛИОТ И НЕЗАПИРЛИВ УБИЕЦ: ЕКСТРЕМНАТА ТОПЛИНА ОДЗЕМНА СЕ ПОВЕЌЕ ЖРТВИ НИЗ ЕВРОПА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet