Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

УЧИМЕ МНОГУ ОД ТЕБЕ – ЕВРОПСКАТА ЈАВНОСТ ЗА ГАРВАНЛИЕВ

May 18, 2021 Filed Under: Ревија

Медиумите сметаат дека нашиот пејач на првиот прес во Холандија делувал сигурно и стабилно. Тој ќе настапи како шести во првата полуфинална вечер, на 18 мај

СИГУРЕН Оценката е дека нетовиот прв прес во Ротердам открил сигурен соговорник

По успехот на Тамара Тодевска во 2019-та, Гарванлиев чувствува огромна одговорност, но воедно и ужива во предизвикот. Како предност го смета тоа што впрочем тој и беше дел од тимот кој таа година постигна историски успех, како придружен вокал на Тамара.

Овогодинешниот евровизиски претставник Васил Гарванлиев минатата недела стигна во Ротердам, Холандија подготвувајќи се за настапот на престижниот музички фестивал. Сѐ уште под импресии од првата проба која се случи на 8-ми мај, а во пресрет на втората која е закажана за денес, 12-ти мај, издвојуваме дел од поентите со кои Гарванлиев ја освои европската јавност при првата официјална прес- конференција во склоп на Евровизија 2021.

Чувството по пробата го опиша како емотивно и особено силно затоа што по толку долго време е повторно на сцена. Песната, вели, е инспирирана од неговиот живот и ги слави успесите и достигнувањата. Песна која ги обединува сите и песна со која секој може да се поврзе затоа што сите минуваме низ многу низ животот, но доаѓа момент да си признаеме за постигнатите успеси и да се гордееме со себе.

По успехот на Тамара Тодевска во 2019-та, Гарванлиев чувствува голема одговорност, но воедно и ужива во предизвикот. Како предност го смета тоа што впрочем тој и беше дел од тимот кој таа година постигна историски успех, како придружен вокал на Тамара.

„Многу ми е драго што имав комплетно евровизиско искуство. Но, досега, со оној бран на емоција, љубов, поддршка, чувствувам нешто многу посебно овој пат“  – опишува тој.

НА ПУРПУРНИОТ ТЕПИХ Ротердам имаше своја алтернатива на холивудскиот црвен тепих – пурпурен

Домаќинот на прес- конференцијата истакна дека техничката комплексност на песната е очигледна, по што Гарванлиев ја нарече „ѕверка“.

„Во принцип, единствениот дел каде што не пејам се оние дванаесет секунди кога пејат придружните вокали. Тоа е песна која се надградува, почнува бавно, станува многу голема, па тивка и за крај – големиот финиш. Многу технички елементи. Самата изведба е многу сложена, заедно со ефектите кои ги видовте“ – дополни.

Нарекувајќи се перфекционист, Гарванлиев смета дека треба уште работа за клучните елементи на настапот да бидат усовршени.

„Сакаме да ја претвориме темнината во светлина“ – порачува Гарванлиев и објаснува дека токму тоа е функцијата на огледалата и златните светла во склоп на сценскиот настап. Инспирирани од кинтсукурој, јапонска техника со која скршениот порцелан се лепи со злато, Гарванлиев и сценската режисерка Тине Матулеси преку настапот се обидуваат да го доближат преносното значење до публиката.

ПО ВТОР ПАТ Ова е втор бнастап на Васил на Евросонг – прв пат беше само присружен вокал на Тамара Тодевска

„Како што реков, златото е инспирирано од кинтсукурој, јапонска техника со која скршениот порцелан залепен со злато станува уште поубав. Така започнува песната.  А, огледалата ги користиме за да ја претвориме темнината во светлина. Ќе се обидувате да не скршите и потиштите, но нема да ви дозволиме“ – заокружува.

За крај, Васил ја воодушеви европската јавност со својата сталоженост, фокусираност и темелна посветеност на работата и домаќинот на прес- конференцијата токму тоа и го посочи со зборовите „Учиме многу од тебе“.

Гарванлиев ќе настапи како шести во првата полуфинална вечер, денес, на 18 мај.

Filed Under: Ревија

ШТО СЕ’ СЕ КРИЕ ЗАД ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРНЕРСТВО СО БРИТАНЦИТЕ?
ПОЛИТИКА КОЈА НЕ Е ЗА ЕУ, ЗЕМА И АНТИЕВРОПСКИ КРЕДИТИ
СИ ЏИПИНГ: РУСИЈА Е НАШ ВАЗАЛ ОТСЕГА ПА НАТАМУ
КАНСКА КОНКЛАВА: БРАК ОД ЉУБОВ
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ (129): КРЕМЉ ЌЕ БИДЕ ОБЕСХРАБРЕН, САМО УКРАИНА Е ВООРУЖЕНА ДО ЗАБИ

Најново

  • ШТО СЕ’ СЕ КРИЕ ЗАД ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРНЕРСТВО СО БРИТАНЦИТЕ?
  • ПОЛИТИКА КОЈА НЕ Е ЗА ЕУ, ЗЕМА И АНТИЕВРОПСКИ КРЕДИТИ
  • СИ ЏИПИНГ: РУСИЈА Е НАШ ВАЗАЛ ОТСЕГА ПА НАТАМУ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet