Делото „Сестри“ се покажа како посебно репрезентативен за меѓународна сцена
Македонската режисерка Дина Дума ја освои наградата за најдобра режија за својот дебитантски филм „Сестри” на 50. филмски фестивал Фест во Белград. Во образложението се вели дека „Дума вешто ги води младите актери во филмот кој успеа да прераскаже приказна за многу важна тема од нашето време и да отвори дијалог. Во меѓународнотo жири беа Милош Биковиќ, Тамара Драгичевиќ, Ѓерѓи Радули, Аргирис Пападимитрополус и Тони Гојановиќ.
Да појасниме дека „Сестри” имаше светска премиера во август на филмскиот фестивал во Карлови Вари, каде што ја освои специјалната награда на жирито во програмата „Источно од западот“, додека македонската премиера беше на „Браќа Манаки“. Филмот досега е прикажан на повеќе од 30 фестивали, при што освои награди и во Висбаден и Атина. Главните улоги ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Миа Жиро, продуцентка е Марија Димитрова, а сценариото го потпишуваат Дума и Мартин Иванов. Продуцентка на филмот е Марија Димитрова, сценариото го потпишуваат Дина Дума и Мартин Иванов, кинематографер е Наум Доксевски, монтажер Мартин Иванов, сценографијата е на Кирил Спасевски и Симо Бранов, костимите се на Роза Трајческа Ристовска, шминката на Жанета Димитриевска, а музиката е на Игор Василев.
За приказната околу снимањето на „Сестри“, женското учество во филмската индустрија и што значи тоа да си тинејџерка, поразговаравме со режисерката Дина Дума.
– И покрај тоа што голем дел од авторската екипа беа дебитанти, за мене тоа не претставуваше стрес затоа што со нив соработувам уште од студентски денови и знаев дека нивниот талент одличнo ќе се вклопи во филмот. Филмот се снимаше шест недели на разни локации низ Скопје и за мене беше возбудливо искуство – вели авторката. – Уште додека го пишував сценариото знаев дека за да ја постигнам автентичноста на светот на адолесцентите ќе биде потребно да кастирам тинејџери кои нема да имаат претходно искуство со глума и снимање. Иако беше огромен ризик, бев свесна дека токму оваа одлука е клучна за да го постигнам натуралистичкиот пристап кој сметав дека му е потребен на филмот – изјави таа за потралот „Медуза“. – За мене ова беше целосно нов пристап, досега не сум работела на овој начин. За мене беше важно девојките и целата актерска екипа која учествуваше во филмот да допринесат до приказната со сопствени искуства. Главниот каст го прочита сценариото еднаш и потоа беа охрабрени да импровизираат на сет. Да се биде средношколка денес не е е многу различно од тоа кога јас сум растела, но дополнително на тоа сега има социјални медиуми со кои оваа млада генерација е опседната. Еден „клик“ може да уништи цел живот и токму тука сакав да го ставам акцентот. Slut-shaming и друштвено исклучување е честа појава во училиштата и тоа се случува само врз девојките. Имав ретка шанса да поразговарам со околу 100 девојки на кастингот кои беа отворени да ги споделат нивните приказни на оваа тема. Набргу кастингот зазема димензија на студии на случај. Приказните за мене беа фрапантни, сите имале слично искуство или познаваа некој кој имал слично искуство. Тоа што ги спојуваше нивните приказни беше стравот дека slut-shaming и друштвено исклучување може да им се случи на нив, или да им се повтори. Тој страв е длабоко врежан кај цела генерација и понатаму директно влијае врз нивниот развој. Јас како жена сметам дека е исклучително важно да се отвори оваа тема со надеж дека на овој начин нештата ќе се променат во нашето општество. Младите кај нас не се опремени со алатки и знаења за тоа како да се справат со врсничкото насилство и траумите кои остануваат. Но, дополнително ни образовниот систем не е подготвен да се справи со овој проблем. Не само што не е подготвен, туку системот комплетно ја игнорира оваа ситуација и најчесто допринесува до друштвеното исклучување на жртвите на врсничкото насилство и slut-shaming.
Дума збопрува и за улогата на жените во филмската индустрија. „Има тенденција да се прикаже дека жените се еднакво застапени во филмската индустрија на светско ниво, но апсолутно не е така. Лесно е да се направи илузија дека е различно, со прикажување на изолирани случаи, но треба да се погледне статистиката, а таа кажува дека нема родов баланс во филмската индустрија, соодносот е 20% со 80%. Во нашата земја жените не се присутни во јавната сфера на општеството, но не се присутни ни на авторските позиции во филмската индустрија. Промените во едно вакво младо општество како нашето не се случуваат брзо. Со самото тоа што агенцијата за филм финансира филмови од женски авторки се гледа дека работите почнуваат да се менуваат.
Дина Дума е родена 1991 година во Скопје. Дипломирала филмска и ТВ режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 2014 година, а во 2016 година учествувала на престижната работилница за млади Berlinale Talents. Дина има снимено неколку кратки филмови. Филмографија на Дина Дума е следна: „Сестри“ (2021) (прв долгометражен филм), „Без љубов“ (2018) (краткометражен филм)
„Доаѓаат од центарот на светот“ (2017) (краткометражен филм) и
„Елена“ (2016) (краткометражен филм).