Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

УШТЕ ЕДНА ПРИЧИНА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА

July 30, 2025 Filed Under: Македонија

Власта сака да внесе хаос во одредувањето на минималната плата па затоа говори за сегментирани „кошници“ според структурата на семејствата! И професорот Узунов, коиј е експоерт по оваа тема смета се согласува со оние кои ценат дека Мицкоски сака да внесе хаос во елементите што ја одредуваат минималчната плата. Би додале и онака успеа да го рабир синдикалното двиѓење со тоа што секој сега може да ги претставува работниците, па и неговите „Синдикати“

МИЦКОСКИ ЈА МАТИ ВОДАТА Доаааѓаат локални изборти а социјалните теми иако не се главни ќе влијаат на атмоссферата а премиерот знае дека синдикалната кошница му е една од „ахиловите петици“

Вредноста на синдикалната минимална кошница која за месец јули 2025 година изнесува 65.328,00 денари, а споредена со вредноста на Синдикалната минималн кошница за месец јуни 2025 год. која изнесува 64.698,00 денари е зголемена за 630,00 денари.

Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец јули изнесува 80.703,00 денари.

Вредноста на Синдикалната минимална кошница за храната и пијалоци, за оние 63 производи кои ги следи Синдикалната минимална кошница за јули 2025 изнесува 23.682,00 денари споредена со јуни 2025 година (23.167,00 денари) е зголемена за 515,00 денари.

Од  податоците на Синдикалната минимална кошница  евидентно е дека откако завршија активните владините мерки, вредноста на синдикалната минимална кошница за три месеци е зголемена за 2.637,00 денари односно за 4,20%,  додека кај храната и пијалоците за два месеци има зголемување за 2.202,00 денари односно за 10,25%.

Животот во Македонија станува се поскап, а платите недоволни за овозможување на најосновните услови за достоинствен живот и затоа е потребно зголемување на минималната плата и на сите останати плати !

Премиерот Христијан Мицкоски во меѓувреме изјави дека интензивно работи со професори и со министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши за преземање мерки за намалување на цените на производите, како и на предлог за нови анализи за потрошувачката кошничка.

Мицкоски очекува наскоро да биде закажан Економско-социјалниот совет (ЕСС), а на состанокот ќе се разговара и на темата за потрошувачката кошничка.

„На тој Економско-социјален совет претставниците на синдикатите, на работодавачите и Владата ќе разговараат и за потрошувачката кошничка, којашто мислам дека треба да биде поделена во пет сегменти: потрошувачката кошничка за самец, потрошувачка кошничка за млад брачен пар, за трочлено семејство, за четири члено семејство и потрошувачка кошничка за пензионери. Мислам дека треба во иднина да опфатиме анализа на пет потрошувачки кошнички, затоа што потребите на луѓето се според возраста, се разбира. Но, исто така потребите на луѓето се во зависност од бројноста, како е сочината една заедница“, изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот додаде дека ова ќе биде неговиот предлог на Економско-социјалниот совет, а доаѓа по средбите и разговорите со академската фела.

„Мислам дека е добар за разгледување и за дебата на тој Економско-социјален совет, да имаме неколку потрошувачки кошнички, бидејќи потребите на еден пар пензионери не е ист како на еден млад брачен пар, или пак на трочлено и на четири члено семејство или пак на самец. Јас немам проблем да направиме една ваква темелна анализа, бидејќи само со повеќе анализи, со повеќе податоци можеме да дојдеме до подобри резултати“, вели Мицкоски.

Според опозицискиот СДСМ, зголемувањето на синдикалната минимална кошничка е нов удар за граѓаните. Животот станува уште поскап, инфлацијата притиска, а куповната моќ на граѓаните е срушена, оценуваат од партијата.

СЕ ПОТЕШКО СЕ ПОЛНИ Секој месец драстично опаѓа стандардот

„Овие поразителни бројки се резултатот од една година владеење на ВМРО ДПМНЕ – целосно промашена, аматерска економска политика. Ова е показател за целисниот дебакл на економските политики на Владата. Со ВМРО-ДПМНЕ граѓаните од ден во ден стануваат се посиромашни. Не само што немаат план како да се справат со растечката инфлација, туку упорно не прифаќаат ниту еден предлог што го понуди СДСМ за намалаување на цените и зголемување на платите“, се вели во партиското соопштение.

Инаку професорот Узунов од Правниот факултет, каде предава економски предмети,експерт по оваа тема јасно рече дека Мицковски сака да направиу хаос во материјата со цел полсано да ги отфрли реалните работницчки барања.

(Р.Г.)

Filed Under: Македонија

KАРАНФИЛОВА ПАНОВСКА: ВМРО-ДПМНЕ НЕ ИСПОРАЧА НИКАКВИ РЕЗУЛТАТИ, ЖИВОТНИОТ СТАНДАРДОТ ПАДНА ЗА 20 ОТСТО
КОЈ ЈА ПРИЗНАВА ДРЖАВАТА ПАЛЕСТИНА И ЗОШТО НИЕ НЕ ЈА ПРИЗНАВАМЕ
СВЕДОШТВА : КОЈ ЈА ИСПРАТИ ПРВАТА ВЕСТ ЗА ЗЕМЈОТРЕСОТ?
МАЛА РЕЧИЦА: ЛОКАЛЦИТЕ СЕ ПРЕТСОБЈЕ ЗА ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ НАПРОЛЕТ
ОСТАВЕНИ СМЕ НА СВОЈАТА СУДБИНА

Најново

  • KАРАНФИЛОВА ПАНОВСКА: ВМРО-ДПМНЕ НЕ ИСПОРАЧА НИКАКВИ РЕЗУЛТАТИ, ЖИВОТНИОТ СТАНДАРДОТ ПАДНА ЗА 20 ОТСТО
  • КОЈ ЈА ПРИЗНАВА ДРЖАВАТА ПАЛЕСТИНА И ЗОШТО НИЕ НЕ ЈА ПРИЗНАВАМЕ
  • СВЕДОШТВА : КОЈ ЈА ИСПРАТИ ПРВАТА ВЕСТ ЗА ЗЕМЈОТРЕСОТ?

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet