Покрај спортските трофеи кавадарчанката Пешиќ која живее во Њу Џерси доби значајно признае за своето сликарство!

Кавадарчанка го освои првото место на „АМЕРИКАН АРТ 2026“.
Ликовната уметничка и шампионка во стрелање, Дивна Пешиќ, има совоено и низа други награди во категоријата на апстрактни уметнички дела. Овој пат таа се натпреваруваше во конкуренција со уметници од 35 земји од светот, а нејзиното дело масло на платно беше избрано за најдобро според 25 американски уметнички галерии. Нејзините уметнички слики висат дури и на ѕидовите на Бакингамската палата, а годинава имаше изложба и во македонската амбасада во Вашингтон.
Пешиќ, веќе единаесет години живее со семејството во Вудланд Парк во Њу Џерси. Со сопругот Блаже, во присуство на двата сина, Стефан и Виктор, во август 2024 година ја оствари најголемата желба и специјално допатува во Кавадарци, за да склучат црковен брак.
Пешиќ-Грозданов како најдобар стрелец на сите времиња со малокалибарска и воздушна пушка во Македонија, има 37 државни рекорди во женска и машка конкуренција. Беше балкански шампион и двапати учествуваше на Олимписките игри, Сиднеј, Австралија (2000) и Атина, Грција (2004) и има постигнато врвни резултати на европските и светските натпреварувања.

Со сликарство, техника масло на платно, започнала да се занимава на 13-годишна возраст и има реализирано повеќе изложби во земјава и во странство и на тоа поле ниже успеси. Неодамна освои светски признаени награди во оваа област. Најновата интернационална награда е прво место во светот на World Art Awards 2024, со делото „Еволуција”, масло на платно, 40х30 инчи, во категорија апстрактен експресионизам.
„Многу се гордеам што 20 најдобри светски галерии го наградија мојот труд со прво место во светот, вели Дивна, која летата ги минува во родното Кавадарци.




