Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

УЈДУРМИТЕ НА КУМАНОВСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК

May 13, 2025 Filed Under: Македонија

Не се работи само за тоа што кумот на Максим Димитриевски, лидерот на ЗНАМ му продал имот на својот кум, па тој му продал истиот на „Лидл“, туку во игра е и менувањето на урбанистичкиот план од што крајниот купувач секако имаол полза. Промената на планот оди преку Советот на општината а таму освен Димитриевски свое влијание имаат Повеќе партии од владината коалиција ама и од ДУИ!

КУМОТ НЕ Е КОПЧЕ Градоначалникот Димитриевски рече дека не знае кој што прави од неговите многубројни роднини и пријатели ама измената на ДУП-от ја направи експресно

Советот на Општина Куманово веќе ја изгласал Нацрт-измената и дополна на Деталниот уурбанистички план (ДУП) каде што треба да се гради маркетот на „Лидл“. Станува збор за парцела на влезот на Куманово со површина од 42.000 метри квадратни на местото на поранешен ЧИК „Куманово“ – ја објаснува својата реакцијата на настанот што станува „жешка“ афера најголемата опозициона партија СДСМ. Инаку, иницијатори на измените во ДУП-от се Џино Реџина и Драган Митевски. Вториов е споменатиот кум на градоначалникот Максим Димитриевски, а финанисер е „Лидл Македонија“.

По неколкучасовната расправа, за измената на ДУП-от покрај советниците на мнозинството од ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и помалите коалициски партии од албанскиот блок, гласаше и ДУИ која е опозиција во Советот, додека против беа само СДСМ и Левица.

Коалицијата на СДСМ го обвини градоначалникот Димитриевски за незаконско носење на одлуката со елементи на корупција, поради што најавија судска разврска. Тие се сомневаат дека со влегувањето на „Лидл“ во Македонија и купувањето на земјиштето за дистрибутивен центар во индустриската зона во Речица, почнале да се прават сомнителни зделки со купопродажба на земјиште на семејството Димитриевски.

Советникот Миле Андоновски од Партијата на пензионерите, рече дека сите преземени чекори укажуваат и наведуваат на заклучок дека се подготвува или е во тек процес на корупција. „Во август 2023 година итно се закажа седница за да се регулира прашањето за тендерот за продажба на земјиште во индустриска зона Речица. Се знаеше дека купувачот ќе биде ‘Лидл’, и тоа се реализираше. Само два месеца потоа, направен е договор за купопродажба на парцела што била во сопственост на татко му и братучедот на градоначалникот, со површина од 1.240 м2, со одложено плаќање. Купувач е Драган Митевски за 250.000 евра, 200 евра по метар квадратен. Рок на исплата е 12 месеци, со обврска да се плаќа на месечни рати во сразмерен дел. Месец дена потоа, се прави преддоговор за купопродажба на истиот купувач со ‘Лидл’. А месец дена потоа, откако овој договор ќе стане извршен се прави хипотекарен договор, со право хипотекарниот должник да повлече една транша од 120.000 евра. Јас не знам дали ги има повлечено тие пари, бидејќи немам увид во плаќањето. Исплатата требала да заврши во ноември 2024 година. Од август 2023 до јануари 2024 година се преземаат активности за да се исклучи од право на сопственост член на семејството на градоначалникот, за да се избегне можноста да се поврзува со тргување со влијание“, кажа Андоновски.

Координаторот на СДСМ, Александар Јовановски, смета дека реалната цена на спорната парцела е далеку под онаа што е купена, и земјиштето од трета категорија е со пазарна вредност од околу 6.000 денари по метар квадратен.

МИЛЕ АНДОНОВСКИ Од стартот беше јасно дека оваа работа се турка кон голем степен на корупција – вели овој советник на Општина Куманово

„Оваа парцела не може да биде урбанизирана и не може да послужи за инвестиција, така како што е поставена може само да биде тампон-зона помеѓу автопатот и населеното место. Земјиштето кога би ја откупувала државата, на пример за да го прошири автопатот, не може пазарната вредност да биде повеќе од 60.000 евра. Меѓутоа, кумот ја купува за 250.000 евра, и за неполн месец ја препродава со преддоговор на инвеститорот ‘Лидл’ во износ околу 600.000 евра. Само по себе ова е сомнително, коруптивно и треба да се испита“, кажа Јовановски и ги повика советниците од мнозинството да не ја гласаат измената на ДУП-от.

Таквото инсистирање да се донесе ДУП-от со прескокнување на процедурата, да се заврши што побрзо, бидејќи, не се знае, изборна година сме, може нема да останете на власт“, кажа Мургашанска, која додаде дека со оваа продажба трајно се уништуваат индустриските капацитети на чевларството по што беше познато Куманово.

Градоначалникот на Куманово деновиве рече дека атакот врз него всушност е насочен кон  неговата апртија која е брзорастечка по влијанието.

Filed Under: Македонија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet