Германските научници откриваат докази дека папата Пие XII знаел за убиствата на Евреите. Дали тоа ќе ја спечи неговата беатиикација засветец?
Германските научници кои ги проучувале новоотворените архиви на Ватикан откриле докази дека папата Пие XII знаел за масакрите на Евреите во Втората светска војна од свои извори, но ги криел тие факти од американската влада, пренесува израелскиот печат. Архивите се отворија на 2 март, но наскоро беа затворени како резултат на криза предизвикана од пандемијатa на кoрона вирусот.
Многу од 200-те научници кои бараат пристап до архивите ги одложија патувањата во Ватикан, но германски тим предводен од историчарот Хуберт Волф од Универзитетот во Минстер ја започна студијата и веќе откри значајни факти.
Волф изјави за католичкиот неделник „Кирхе + Лебен“ дека неговиот тим пронашол документи исклучени од единаесет тома од зборникот на језуитите асе однесуваат на холокаустот од пред четири децении, очигледно за да го заштити папата Пие и неговиот имиџ.
Некои еврејски организации и историчари рекоа дека Пие, кој бил поглавар на Римокатоличката црква од 1939 до 1958 година, молчел за време на холокаустот и не направил доволно за да спаси животи, потсетуваат израелските медиуми. Оние што го бранеа во Ватикан и пошироко, тврдеа дека тој водел тивка дипломатија и дека ги охрабрил манастирите и верските институции да ги сокриваат Евреите. Во септември 1942 година, еден американски дипломат му дал на Ватикан таен извештај подготвен од еврејска агенција во која се документирани масакрите на околу 100.000 Евреи од Варшавското гето. Исто така се наведува дека околу 50.000 Евреи биле убиени во Лавов, Украина под германска окупација. САД прашаа дали Ватикан може да го потврди извештајот од свои извори, но тие добија негативен одговор.
Сепак, неделава беа отворени архивите, Волф, експерт за односите на папата Пие XII со нацистите и неговиот тим, пронајде белешка со која се потврдува дека папата прочитал американски извештај, како и две дела докази дека Ватикан ги потврдил извештаите за убиствата. Во едно писмо од украинскиот католички архиепископ на Лавов, Андреј Шептицки, испратено еден месец пред американското барање, тој пишува за масакрот на 200.000 Евреи во Украина под „ѓаволската“ германска окупација. Во друг случај, еден италијански бизнисмен му кажал на монсињор Џовани Батиста Монтини, идниот папа Павле VI, за „неверојатното колење“ на Евреите што го видел при неговата посета на Варшава. Монтини го пријавил државниот секретар на Ватикан, кардиналот Луис Маглоне, се вели во извештајот.
Двата извештаи се детално прикажани во документот на Ангел Делаква од секретаријатот на државата, кој подоцна стана кардинал, изјави историчарот Волф за хамбрушкиот весник „Дие Цајт“. Делаква во писмото предупреди дека еврејскиот извештај не треба да се верува затоа што Евреите биле „лесни на претерувања“, а источните извори, алудирајќи на архиепископот Шептитски, „не се вистински пример за чесност“. „Тоа е клучен документ што е скриен од нас затоа што е јасно антисемитски и покажува дека папата Пие XII не зборувал против холокаустот“, рече Волф, додавајќи дека претходно објавените томови биле мешани хронолошки, па затоа е тешко да се разбере контекстот на преземените активности. Истражувачите откриле и три фотографии на кои се прикажани слаби притворени лица и трупови фрлени во масовна гробница.
Еден Евреин им дал документи на папскоио нункие во неутрална Швајцарија за да ги испрати во Ватикан, кој потоа, по две недели, потврдил дека ги примил.
Еврејските организации и историчари со години тврдат дека Ватикан не може да го прогласи папата Пие XII за светец сè додека архивите не се отворат целосно.
Тие исто така побараа да се одложи таа постапка додека не починат сите од генерација на преживеани од холокаустот. Во 2009 година, папата Бенедикт потврди дека Пие живеел живот во согласност со херојската христијанска доблест и останува да се потврди дека се случило чудо.
Папата Франциск во 2014 година рече дека тоа не е утврдено што укажува на тоа дека барем засега е стопиран процесот на прогласување на светец.