Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ФАТМИР БИТИЌИ: ДОБИВМЕ ФАКТУРА ЗА ОДНАПРЕД ПОТРОШЕН БУЏЕТ

July 14, 2026 Filed Under: Македонија

„Бездната во која што пропаѓате е многу длабока, имате уште да идете надолу. Во тоа ве смести сметководителката и професорот“ – изјави пратеникот пред пратениците во Парлаентот

БИТИЌИ Владата бараше доверба за дефицит од 3,5% од БДП, а сега предлага 4,1%

Фискалниот бројач ја заврши расправата за ребалансот за Буџетот за 2026 уште пред таа и формално да започне: за половина година Владата потроши 115,9% од првично планираниот годишен дефицит, а веќе реализираше 98,3% од новиот дефицит што сега го предлага со ребалансот – оцени пратеникот Фатмир Битиќи во една од дискусиите еновиве во Парламентот.

Ова не е инструмент на одговорно планирање, рече тој, туку фактура за промашениот буџет од декември. Владата бараше доверба за дефицит од 3,5% од БДП, а сега предлага 4,1%, со зголемување од 7,025 милијарди денари. Најопасно е што се влошува и (кај) примарниот дефицит, што значи дека ова не може да се сокрие зад камати, стар долг или наследени обврски – ова се тековни одлуки на оваа Влада.

Владата зборува за развој, но крати таму каде што треба да се создава продуктивност. Ребалансот не носи посилна економија, туку буџетска шминка: даночните приходи се намалуваат, акцизите паѓаат, а растот на приходите се потпира на неданочни приходи, донации и задолжување. Истовремено, се кратат клучните развојни ставки: програмата „Економски развој“ се намалува за 661 милион денари,

Унапредување на деловните активности“ паѓа за 1,2 милијарди денари, а финансиската поддршка на инвестициите се намалува за 200 милиони денари. Поддршката за малите и средни претпријатија останува симболична, околу 15 милиони денари за цела држава.

Ова е ребаланс што не произведува одржлив раст, туку зависност од долг, трансфери, тековни интервенции и политичка распределба.

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осуди, како што наведува, навредите што пратеникот Фатмир Битиќи ги упатил кон министерката Гордана Димитриеска-Кочоска за време на собраниската расправа.

Од владејачката партија истакнуваат дека Димитриеска-Кочоска, покрај тоа што извршува јавна функција, е „жена, мајка, ќерка и активен граѓанин на Република Македонија, човек со интегритет и докажана професионалност“.

Во соопштението се наведува дека „нападите и омаловажувањата искажани од Фатмир Битиќи се одраз на слаб и исплашен човек“.

ВМРО-ДПМНЕ упати и остри критики кон Битиќи, оценувајќи дека тој „ја гради својата политичка кариера врз етничката припадност“ и дека, како поранешен министер за економија, бил дел од „неспособниот и криминален мозаик на тандемот ДУИ-СДС“.

Реакцијата, да се потсетије, следува по вчерашната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет, на која се расправаше за ребалансот на Буџетот. Според видеото од седницата, Битиќи, обраќајќи им се на министерката за финансии и на заменик-министерот за финансии, изјавил:

„Бездната во која што пропаѓате е многу длабока, имате уште да идете надолу. Во тоа ве смести сметководителката и професорот.“

(Р.Г.)

Filed Under: Македонија

МИЦКОВСКИ ВЕЛИ: А СЕГА АДИО!
КРИМИНАЛ: НЕМА ТАКВИ ЗЛОСТОРСТВА ШТО ЌЕ НЕ ОДМИНАТ
ИНФУЗИЈА НАМЕСТО ЗДРАВСТВЕН СИСТЕМ
ПЕЧАТЕЊЕТО НА ПРВИТЕ МАКЕДОНСКИ УЧЕБНИЦИ
УНГАРСКИ МЕДИУМСКИ ЗЕМЈОТРЕС: ИЗВИНЕТЕ ШТО ВЕ ЛАЖЕВМЕ

Најново

  • МИЦКОВСКИ ВЕЛИ: А СЕГА АДИО!
  • КРИМИНАЛ: НЕМА ТАКВИ ЗЛОСТОРСТВА ШТО ЌЕ НЕ ОДМИНАТ
  • ИНФУЗИЈА НАМЕСТО ЗДРАВСТВЕН СИСТЕМ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet