Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ФАЦ: ВЛЕЗОТ НА МАКДОНИЈА ВО НАТО Е НАЈВАЖНИОТ БЕЗБЕДНОСНО –ПОЛИТИЧКИ ПРОЕКТ НА ЗАПАДОТ

October 23, 2018 Filed Under: Македонија

Оставката на шефот на грчката дипломатија Коѕијас и случувањата во Скопје остануваат тема на интерес на германскиот печат

ПРОЕКТ Германскиот печат го смета влзот на Македонија во НАТО е клучен западен проект

„Оставката на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас и политичко-правните кавги во Скопје би можеле да го урнат, во моментов, најважниот безбедносно-политички проект на Западот во Југоисточна Европа- влезот на Македонија во НАТО“, предупредува во денешното издание германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг и додава:

„Во најмала рака, последните случувања во Скопје и Атина го прават помалку веројатно решавањето на спорот за името и интеграцијата на Македонија кон Западот.“

ФАЦ го нарекува Коѕијас „архитект на грчко-македонскиот договор“. „Обидот да се најде решение во спорот за името беше главното надворешно-политичко дело на Коѕијас. Но, начинот на кој тоа го спроведуваше, наидуваше на критики. Така, Коѕијас дозволи објавување на тајни документи на Министерството за надворешни работи. Со нив се откри хипокризијата во аргументите на опозициската Неа Демократија, која се противеше на решение во спорот за името. Документите од преговорите од претходните години покажаа дека Неа Демократија како владејачка партија преговарала за истите работи кои сега ги критикува како предавство на грчките интереси. Но, објавувањето на класифицираните информации пред истекувањето на забраната за тоа, беше невидено нарушување на довербата што ќе предизвикува последици уште долго време“.

Понатаму, ФАЦ се задржува на состојбата во Македонија, каде премиерот Зоран Заев не успева да обезбеди двотретинско мнозинство за гласање на уставните измени кои произлегуваат од Преспанскиот договор.

„Од Скопје доаѓаат вести кои, во најмала рака, отвораат прашања за независноста на правосудството, откако Специјалното јавно обвинителство покани на разговор десетина пратеници на конзервативно-националистичката опозициска во својство на осомничени или обвинети. Тајмингот е во најмала рака сомнителен, затоа што Македонија овие денови треба да го смени Уставот и да се преминува во Северна Македонија.
(…) Тоа што правосудството токму во овој момент се интересира за опозициските пратеници ‘со сигурност не е случајност’, вели поранешниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски, кој е меѓу осомничените. Тој тврди дека СЈО се обидува да ги предомисли пратениците кои се против договорот со закани за судски процеси“.

ГРЦИЈА Германците знаат дека Атина е под силен притисок по многу основи

ФАЦ во продолжение ги пренесува и тврдењата на опозицијата дека премиерот Заев сака преку понуда за амнестија да ги купи гласовите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сепак не е баш така, затоа што Заев пред неколку дена во парламентот не зборуваше за ‘амнестија’ (која и онака не може да ја понуди) туку за можно ‘помирување и простување’. Но политички, овие зборови, не само од опозицијата, беа сфатени како понуда на Заев да им помогне кај Јавното обвинителство на оние пратеници кои ќе ги поддржат уставните измени.

„(…) Се чини дека последните случувања уште повеќе ја обединија опозицијата: ‘Нашата фракција нема да ги поддржи уставните измени во парламентот’. Доколку тоа навистина се случи, наместо пробив во спорот за името, Македонија ја очекуваа нови избори. И доколку тие не донесат јасни придобивки за Социјалдемократите на Заев и неговите партнери, најбесмислениот конфликт на континентот ќе им остане на Европејците“, заклучува ФАЦ

И во другите изданија на германскиот печат актуелна тема останува оставката на Коѕијас и можните последици од неа по владата на премиерот Ципрас. Во текст под наслов „Поклон пред десните популисти“, Тагесцајтунг пишува:

„Во политиката во Атина нема нешто што нема: пријателите од вчера се често утрешните непријатели, десните радикали се припитомуваат за изборни цели, десните популисти се во коалиција со левичарите, фудбалските ѕвезди мутираат во народни претставници. По Договорот за надминување на спорот со Македонија, кој левичарскиот премиер Алексис Ципрас го претстави како историски и како негов најголем успех, Грците доживуваат една вистинска сензација: токму левичарскиот министер за надворешни работи кој се бореше за договорот како никој друг, мораше да замине од функцијата, додека деснопопулистичкиот министер за одбрана, кој постојано настапува фронтално против Ципрас, добива поголем простор на владината маса.“

ЧЕТИРИ МИНУС ЕДЕН Се предупредува дека уривањето на Преспанскиот договор можеше да има сериозни последици – четворката која го потпиша Договорот

Весникот потсетува дека Ципрас двапати победи на избори во 2015 година со ветување дека ќе понуди алтернатива за плановите за штедење на неговите претходници.
„Овие ветувања Ципрас досега не можеше да ги исполни. Кавгата меѓу тешкашите во неговата влада не му ја олеснува работата. А длабокиот поклон пред десно-популистичкиот коалициски партнер сето тоа го прави уште полошо“, коментира Тагесцајтунг.

Filed Under: Македонија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet