Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ФАЈНЕНШЕЛ ТАЈМС: ВУЧИЌ НЕ Е КОЦКАР И СЕ СТРЕМИ КОН „СЦЕНАРИОТО НА ПУТИН“

July 7, 2026 Filed Under: Свет

Александар Вучиќ можеби ги користи оставката и најавите за избори за да ја тестира политичката клима и може да се откаже од своето ветување да се повлече доколку смета дека времето не е поволно, пишува Фајненшл тајмс

СОЈУЗНИК Вучиќ е верен сојузник и на Трамп и на Путин

Сојузникот на Трамп, Александар Вучиќ, планира да се повлече од функцијата претседател на Србија и да се врати на власт како премиер по вонредните избори оваа есен, следејќи го моделот инспириран од рускиот лидер Владимир Путин, пишува Фајненшл тајмс (FT).

Весникот наведува дека Вучиќ, „56-годишниот моќник кој владееше со Србија во последните 13 години, во различни капацитети, се соочува со растечки протести и незадоволство поради наводните авторитарни тенденции, корупцијата и бавниот економски развој“.

„Фајненшл тајмс“ проценува дека српскиот лидер е еден од ретките преостанати сојузници на американскиот претседател Доналд Трамп во Централна и Источна Европа.

Вучиќ усвои дел од реториката на движењето MAGA, критикувајќи го Брисел, независните медиуми и елитите кои, како што тврди тој, имаат поддршка од странство, а во исто време промовираат конзервативни вредности како што се семејството, христијанството и спротивставувањето на родовата политика.

Исто така, се додава, Србија го отвори патот за луксузен проект поддржан од зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер, на местото на Министерството за одбрана на поранешна Југославија во Белград, кое беше бомбардирано од НАТО во 1999 година и се смета за национален споменик.

Проектот подоцна беше повлечен по јавната резонанца и истрагите за наводни неправилности, вклучително и тврдењата дека документите биле фалсификувани за отстранување на заштитата на културните споменици.

Ова не е отстапка на Вучиќ кон барањата на студентите!

Повикувајќи се на проценките на аналитичарите, FT пишува дека Вучиќ можеби ги користи оставката и најавите за избори за да ја тестира политичката клима и дека би можел да се откаже од ветувањето да се повлече доколку смета дека времето е неповолно.

„Ова не е прв пат да фрла мамка“, рече Хелена Иванов, истражувач во Друштвото Хенри Џексон во Лондон.

Потсетувајќи дека пред неколку месеци Вучиќ изјави дека вонредни избори би можеле да се одржат во јули и дека би можел да се кандидира за премиер, аналитичарот заклучува дека Вучиќ се чини дека се стреми кон „сценариото на Путин“, со аргументот дека веќе го прекршил српскиот устав, во кој претседателската функција е претежно церемонијална, со тоа што продолжува да доминира во јавниот живот преку владејачката партија СНС.

„Клучно е што тој ја држи власта… Во партијата и во земјата… така што ова не е негово попуштање на барањата на студентите. Ова е само држење на неговата база во предизборен режим“, додаде таа.

ФТ додава дека студентското движење ветило дека ќе номинира кандидати на парламентарните избори, со што ќе стане единствениот кредибилен предизвикувач на СНС.

„Стратегија со висок ризик и голема добивка би била истовремено одржување на претседателски и парламентарни избори“, рече еден соговорник запознаен со политичката ситуација во Белград. Но, додаде тој, „Вучиќ не е коцкар“.

„Опција со низок ризик би била одржување на претседателски избори само кога ќе се обезбеди парламентарното мнозинство на СНС, а претседателската функција да се задржи барем до 2027 година“, додаде соговорникот на ФТ.

Извор: Бета

Filed Under: Свет

ДРЖВАТА ИМ „ЖНЕЕ“ КОМИНТЕНТИ НА СОПСТВЕНИЦИТЕ НА „АЛТА БАНКА“
КАКО СЕ ШМИНКА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ
ФАЈНЕНШЕЛ ТАЈМС: ВУЧИЌ НЕ Е КОЦКАР И СЕ СТРЕМИ КОН „СЦЕНАРИОТО НА ПУТИН“
ДА ПОЈДЕМЕ ВО ПЕХЧЕВО ВО ЈУЛИ
КОН СРЕБРЕНИЦА

Најново

  • ДРЖВАТА ИМ „ЖНЕЕ“ КОМИНТЕНТИ НА СОПСТВЕНИЦИТЕ НА „АЛТА БАНКА“
  • КАКО СЕ ШМИНКА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ
  • ФАЈНЕНШЕЛ ТАЈМС: ВУЧИЌ НЕ Е КОЦКАР И СЕ СТРЕМИ КОН „СЦЕНАРИОТО НА ПУТИН“

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet