Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ФАЌА ЛИ НОВАТА ВЛАДА НА БРЗИНА?

June 12, 2024 Filed Under: Македонија

Новата владина коалиција, во екот на борбата за упправувачки позиции сака на брзина да донесе нешто за што е неопходна добра и темелна расправа. Тој темелен закон се чини е осуден да нема доволно мнозинство?

ОЛИВЕР СПАСОВСКИ Овов закон мора да оди со рдовна процедура

Системски закони не се носат по брза постапка, пратениците на СДСМ ќе гласаат за нивно симнување од дневен ред, соопштија од СДСМ по започнувањето на денешната седница на Собранието на која Левица исто така реагираше што првиот предлог на новата победничка коалиција – е ставен во брза место во редовна процедура!

„Системски закони не се носат по брза постапка, пратениците на СДСМ ќе гласаат за симнување од дневен ред на законите за реорганизација и зголемување на бројот на министерства“, рече Оливер Спасовски координатор на пратеничката група на СДСМ на денешната седница во Собранието.

– Сакам да го изразам ставот на пратеничката група на СДСМ, дека системски закон не се носи по скратена постапка, не е дозволено, посебно закон којшто уредува зголемување на бројот на министерствата и агенции и нема ниту проценка на влијание на регулативата. Не навлегувам во аргументите, предлогот, легитимноста, ама тука апсолутно станува збор за сложен и обемен закон кој е спротивен на деловникот на којшто се однесува и ние гласаме за симнување на оваа точка од дневниот ред – рече Спасовски.

Сепак, во текот на утврдување на дневниот ред не беа прифатени барањата на пратениците Сашко Јанчев од Левица и Оливер Спасовски од СДСМ да се повлечат предложените измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа.

Пратеникот од Левицата, Амар Мециновиќ, ги обвини претседателот на Собранието, Африм Гаши, и мандатарот Христијан Мицкоски дека го прекршиле Деловникот и покажале несериозност оти измените на законот ги испратиле доцна синоќа, во 23 часот.

„Претседателот и мандаторот за состав на новата влада, кој во ова својство се јавува како предлагач на овие измени, не го почитуваа Деловникот и спротивно на праксата за добро работење на Собранието, синоќа, во 23 часот, доставија измени во текстот на законот за организација и работа на државната управа. Покрај прекршувањето на Деловникот, ова покажува и несериозност за вака обемна материја, но е во директна корелација со она што ние го изнесовме како став кога текстот првично се достави до пратениците“, рече Мециновиќ.

 

Filed Under: Македонија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet