Оттаму социјал-демократите барает кривична одговорност за сите што не постапиле во согласност со своите обврски. И Клубот на жени-пратенички се јави со поддршка на протестот на невладините и се бара тргање на Миленко Неделковски од спортот

Се случи уште еден фемицид во Велес поради непостапување на институциите. Kако партија која ги донесе законските измени со кои фемицидот за првпат е препознаен како посебно кривично дело, СДСМ остро реагира на фактот дека и покрај јасните законски одредби, власта не успеа да ја исполни својата најважна задача, да заштити човечки живот.
Законот не е украс на хартија – повторуваат од оваа партија. Тој е правна и институционална обврска. Ако институциите на власта дозволила жена да биде убиена, иако со месеци пријавувала, тоа значи кривична и политичка одговорност.
СДСМ бара оставка од Панче Тошковски и кривична одговорност за секој службеник кој со своето непостапување придонел за да се случи ова злосторство. Се бара итна и независна истрага за институционалните пропусти. Не смее да има полициски службеници или кој било друг вклучен во системот на заштита кој ќе се скрие зад бирократски оправдувања. Секој кој не постапил, а имал должност и обврска, мора да сноси последици согласно законот.
Целосна и доследна примена на Националната стратегија за превенција, со обврзувачки протоколи и механизми на одговорност мора да има.
Зголемување на случаите со фемицид во изминатите 15 месеци е особено загрижувачки.

Особено тешко затоа што се случува во време кога владејачкото мнозинство предводено од ДПМНЕ не само што не гради институционални механизми за заштита, туку напротив ги брише. Со последните законски измени, тие ја избришаа категоријата „родово базирано насилство“ од формуларите за пријави на булинг, со што испраќаат порака дека ваквото насилство не постои.
Тоа е директно охрабрување на насилниците уште од најрана возраст.
Животот на секоја жена мора да биде заштитен од страна на државата и институциите. Држава што не ги штити жените, е држава што ги остава на милост и немилост на насилниците.
Тоа мора да престане веднаш – заклучуваат од оваа партија.
И во еден ваков контекст, уште потешко е да се гледа како луѓе блиски до власта си дозволуваат да навредуваат и понижуваат жени. Еден од нив е споменарт – Миленко Неделковски, повеќедецениски мегафон на ДПМНЕ и актуелен извршен директор на ФК Вардар, изрази вербално насилство и изрече навреди кон жена, со што покажа длабоко непочитување кон достоинството на сите жени.
За такви личности немаат место во спортот, треба веднаш да биде разрешен од функцијата директор на најтрофејниот македонски клуб и соодветни санкции.
Се вели дека ДПМНЕ не смее да молчи и да го брани Неделковски. Молкот значи соучество, премолчувањето е охрабрување на насилството.
СДСМ ги поддржува четврточните протести на невладините организации и повикува на гласност. Нашата порака е јасна: нулта толеранција кон институционално непостапување и кон говор на омраза – вечи Тренчевска.
Ова го потврди и пратеничката од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Јована Тренчевска, на денешната прес- конференција во Собранието,. Во име на Клубот на жени пратенички, повика на доследно почитување на законите, навремена и ефикасна реакција од сите надлежни институции за заштита, спречување и превенција од насилство врз жените.
Тренчевска посочи дека Клубот на пратенички едногласно ги поддржа измените на Кривичниот законик, со кои фемицидот за првпат се препознава и третира како кривично дело.
„Бараме од надлежните институции да ги преземат сите мерки за заштита на жртвите и превенција на фемицидот. Бараме од судските органи да ја имаат во предвид ратификуваната Истанбулска конвенција и одредбите од Кривичниот законик којшто се усогласени со истата“, изјави Тренчевска.
Оваа реакција доаѓа по двојното убиство во Велес, како и зачестените насилства врз жените што се случија во државата.
„Фемицидот е најтежок облик на насилство врз жените само затоа што се жени. Жените мора да се чувствуваат безбедно и сигурно а тоа треба да го обезбедат сите институции во државата“, рече Тренчевска.

Во своето обраќање, таа посочи дека насилството врз жените мора да биде јавно осудено и институционално санкционирано.
„Ние, жените од парламентот, едногласно, остро и силно ги осудуваме зачестените случаи не само на свирепо насилство, туку и на фемицид. Ова реакција на Клубот на жени пратеничкисакаме да допре до сите граѓани и до сите институции во државата со цел ефикасна превенција, заштита и спречување на насилството врз жените“, изјави Тренчевска.
Во денови кога Македонија е потресена од грозоморни случаи на фемицид, кога растат насилствата и убиствата врз жени поради неспособноста на институциите, Миленко Неделковски, пуленот на ВМРО-ДПМНЕ, јавно изнесува навреди и омаловажувања кон жените.
Ваквото однесување мора веднаш и најстрого да биде санкционирано.
Бараме Миленко Неделковски веднаш да биде разрешен од функцијата извршен директор на ФК Вардар. Најтрофејниот македонски фудбалски клуб не смее да си дозволи да има вакви личности во своите редови.
Ниту македонскиот спорт, ниту спортските работници, ниту навивачите, ниту граѓаните не заслужуваат човек кој шири омраза и навреди да биде претставник на клубот.
Очекуваме реакција и санкционирање од сите надлежни институции, јасна осуда од сите граѓански здруженија, организации, јавни личности, спортски клубови.
Повикуваме говорот на омраза и навредите кон жените веднаш да бидат осудени од Фудбалската федерација на Македонија и Масар Омерагиќ, Министерството за спорт и Борко Ристески, MOK како и од сите клубови кои се натпреваруваат во првата македонска фудбалска лига.
Спортот е вредност која поврзува, која промовира фер-плеј, почит и еднаквост. Во спортот нема место за ликови како Миленко Неделковски.
ВМРО-ДПМНЕ не смее да молчи туку веднаш треба да се огради и да го осуди говорот на Неделковски бидејќи молкот е соучесништво, а премолчувањето значи охрабрување на насилството.
Ова не прашање на политика, ова е прашање на лична безбедност, достоинство и почит кон жените во ова општество.
Време е да се заземе јасен став – нулта толеранција за навреди во спортот, особено кон жените.